Број 3329  сабота, 10 јули 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил

Site Meter
Култура

Плетњов пристигна во Охрид

Во Москва светски познатиот пијанист изјави дека секому може да му се случи скандал, но во Охрид не сакаше да зборува за ситници

Вчера, околу 11 часот, светски познатиот пијанист и диригент Михаил Плетњов, заедно со Рускиот национален оркестар, пристигна на Охридскиот аеродром. Во изјавата, Плетњов не сакаше да коментира детали околу неговото апсење за педофилија во Тајланд, скандалот што е топ-тема неколку дена во светските и во македонските медиуми.

„Сега немаме време да зборуваме за скандалот, затоа што тоа се ситници. Концертот е тоа што е божествено. Скандалот ќе се реши порано или подоцна и тоа прашање повеќе не е интересно за коментари“, изјави Михаил Плетњов во Охрид.

Додека завчера во Москва, на прес-конференцијата која се одржа во попладневните часови во агенцијата РИА новости, Плетњов изјави: „Никој не е сигурен дека нема да му се случи скандал, па ни јас. Се' може да се исфабрикува. За среќа, се најдоа луѓе кои ме разбраа и кои ми помогнаа во Тајланд. Ќе се борам докрај да докажам дека сум невин и поради тоа и ќе се вратам во Тајланд“. Тој додаде и дека никогаш порано немал проблеми со правосудните органи во Тајланд, ниту, пак, во другите земји каде што престојувал.

„Јас сум музичар и за мене најголемо задоволство е да вежбам и да настапувам со оркестар. И понатаму ќе се трудам да им донесам задоволство на луѓето кои ја сакаат музиката, без оглед колку некои се обидуваат да ми подметнат нога. Веројатно има луѓе кои ми завидуваат, а на некои можеби им се допаѓа мојата работа“, додаде Плетњов пред руските новинари.

А во Охрид, Плетњов вети одличен концерт, каде што заедно со Рускиот национален оркестар и нашиот и светски пијанист Симон Трпчески свечено ќе се отвори јубилејното 50. „Охридско лето“. Пошироки информации за неговото апсење во Тајланд се очекува да даде на утрешната прес-конференција. (С.И.-Б.В.)


#
Статијата е прочитана 537 пати.

Испрати коментар

Од: Јована
Датум: 10.07.2010 11:09:35
Плетњов лаже кога вели дека никогаш немал проблеми со правосудните органи. Има досие на педофил од 1989 година. Него од извесни причини го штити Путин и тоа секогаш ќе го спасува од затвор. За неговото досие на педофил полни се руските весници: /www.murmansk.kp.ru/daily/24520.4/668329/
Од: Предраг, Даблин
Датум: 10.07.2010 16:06:19
Изјавата му е одлична од линкот горе; „Одам на отварање на музички фестивал во Југославија„. Нити знае каде оди, нити знае да признае дека е педофил.
Од: Petar Pan
Датум: 10.07.2010 16:32:25
pletnjEv (ne pletnjOv!) isto taka beshe 'nevino' deportiran od japonija kade shto e seushte PERSONA NON GRATA! kaj nas ama nema problem izlgeda...leleeeeeeeeee od tailand da te izbrkaat poradi prenastrani seksualni uslugi...mora neshto navistina NASTY da napravish... inaku super pijanist i ok dirigent. SAMO ok dirigent. nitu rusite ne go smetaat za vrven. tehnichki na mesto ama muzichki pretradicionalno, zdodevno i veche chueno. nema veza, nasha publika ne bara mnogu. sakaat samo da znaat deka nekoj drug istotaka go smeta gostinot za specijalna lichnost...ova Oh.L. e zhalno ama vo sushtina skoro sekoe e...piano i violina solisti, klasici i zaboraveni-na-zapad-ama-seushte-slavni-kaj-nas solisti... i aman veche so simon...do koga edni isti klavirski koncerti che gi sviri? aman...mrtva scena vo makedonija. za greota umetnicite...ne nauchile nishto novo od na baba im vremeto. ajde ushte ednash beethoven 5-ta, daj ushte eden tchaikovsky koncert...zaboraveni od gospod ste site tamu...

Најди! во Утрински
Култура
Легендата Мишелин Пресл во Карлови Вари
Крум Томовски остави фрапантен опус
Уметничката група ОПА изложува во Њујорк
Поетите Ристо Лазаров и Садик Бејко ги примија книжевните жезла