Поетите Ристо Лазаров и Садик Бејко ги примија книжевните жезла
Поетите Ристо Лазаров и Садик Бејко од Албанија, годинашни добитници на наградата „Книжевно жезло“, која вчера им беше доделена во Друштвото на писателите на Македонија, во рамки на манифестацијата „Празник на липите“, присуствуваа и на претставувањето на своето поетско творештво. Рачно изработените книжевни жезла им ги врачи претседателот на ДПМ, Раде Силјан. За поезијата на академик Али Алиу говореше Садик Бејко, а за поезијата на Ристо Лазаров, д-р Соња Стојменска-Елзесер. Градоначалникот Коце Трајановски го прогласи Садик Бејко за почесен поет на Скопје (К.Б.) |