Трајановски на форум во Софија
Делегација на Град Скопје, предводена од градоначалникот Коце Трајановски, учествува на Регионалниот форум „Иднината на кохезионата политика на Европа: Придонесот на главните градови од Балканот“, која деновиве се одржува во Софија. Скопската делегација е дел од форумот на кој ќе учествува и градоначалникот на општината Синкан од Анкара, Мустафа Синан, како и официјални членови на Европскиот парламент. (Б.Ш.) |