Број 3601  четврток, 09 јуни 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Онлајн вести

Насловна








Site Meter
На прво место

Јанкулоска не помислува на оставка

Додека расте револтот кај граѓаните што бараат одговорност, МВР порачува дека случајот нема врска со политиката и затоа нема политичка одговорност

Даниела Трпчевска

Специјалецот Игор Спасов од Штип ќе одговара за убиство на 22-годишниот Мартин Нешковски, кој во неделата по полноќ беше претепан до смрт. По цело деноноќие поминато на распит и препознавање во полициска станица, тој вчера пред 14 часот, со големо полициско обезбедување, беше спроведен пред истражен судија во Основниот суд Скопје 1.

Полицијата најавува дека ќе продолжи истрагата и ќе се утврдува евентуална одговорност и на други полицајци кои ноќта во неделата биле на плоштадот „Македонија“, но не го пријавиле бруталното претепување до смрт.

Министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, три дена по настанот изрази сочувство до семејството на убиеното момче. Додека на социјалните мрежи врие од револт и од реакции на граѓаните, со барање за одговорност од врвот на МВР и распуштање на специјалните полициски единици, Јанкулоска вчера порача дека случајот нема врска со политика, па оттаму нема ни основа за политичка одговорност. Според неа, истрагата била завршена во најкус можен рок, иако полицијата не добила никаква помош - ниту од сведоците што се појавиле во медиумите, ниту, пак, од медиумите кои со денови известуваа за бруталниот инцидент.

Како што дознаваме, четворица очевидци и неколкумина припадници на полицијата, во изминатото деноноќие вршеле препознавање на припадникот на полициските „Тигри“, кој вечерта бил задолжен за обезбедување на изборниот процес во Куманово до полноќ. По чија наредба „тигарот“ дошол на плоштадот во Скопје и дали бил задолжен за обезбедување на високите функционери на ВМРО-ДПМНЕ за време на прославата на изборната победа, ќе утврдува Внатрешната контрола.

Она што засега го утврдила истрагата, а целосно се идентификува со сведоците на очевидците, кои проговорија веднаш по немилиот настан, е дека на убиството му претходела расправија, по што „тигарот“ го нападнал момчето и тоа почнало да бега. Во еден момент, кога стигнало до бините на „Баскер-фест“, Мартин се сопнал на еден од каблите.

Тогаш специјалецот почнал силно да го удира, нанесувајќи му фатални повреди. Откако видел дека момчето добило крвавење и се онесвестило од ударите, го ставил на клупа и, наводно, се обидел да го освести прскајќи го со вода. Потоа повикал двајца полицајци што случајно поминувале во близина. Додека тие проверувале дали момчето е живо, Спасов се изгубил во толпата и го оставил починатото момче. Првично, во полиција тврдел дека воопшто не знаел дека Нешковски е мртов. Потоа одлучил да се брани со молчење.

„Иако сме свесни дека ова нема да го врати изгубениот живот, наша должност  и обврска спрема семејството и јавноста беше да го расчистиме случајот во најкус можен рок“, изјави вчера министерката Јанкулоска, упатувајќи порака дека насилството не смее да се толерира без разлика од каде доаѓа, вклучително и кога доаѓа од вработен во МВР.

„Основната политика на МВР и единствената инструкција што ја има добиено секој вработен е да им служат на граѓаните и да ги заштитуваат“, објаснува министерката, апелирајќи да не се генерализира и индивидуалната одговорност да не се поистоветува со целата институција. 

Игор Спасов, кој го претепа до смрт младиот Мартин Нешковски, е роден во Штип. Тој повеќе години бил ангажиран во полицијата за обезбедување на државниот врв. Според одредени информации, од 2000 година бил ангажиран како најблиско обезбедување на ВИП-личностите, што била негова задача и за време на прославата на изборната победа во неделата.

„Бруталниот полицаец Игор Спасов е поранешен член на обезбедувањето на премиерот Никола Груевски и еден од кадрите на агенцијата за обезбедување ’Лупус‘“, информираше на вчерашната прес-конференција опозициската СДСМ, осудувајќи го бруталното убиство на момчето.

Според нив, „режимот се обидува да го забошоти убиството и е недозволиво за овој грозоморен чин, најповиканите, премиерот и министерката за внатрешни работи, да молчат и да се кријат зад контрадикторните изјави на полицискиот портпарол“.

Според нив, најстрашно е тоа што претепувањето на момчето се случило на неколку метри од местото каде што Груевски славеше и побараа одговорност од министерката за внатрешни работи.

„Груевски треба веднаш јавно да го осуди убиството и да прогласи ден на жалост во знак на почит на трагично изгубениот живот“, апелираат од СДСМ.

Убиството на момчето го осуди и народниот правобранител, кој бара целосно расветлување на случајот и изведување на сторителот пред органите на правдата, преку една транспарентна постапка. Омбудсманот смета дека настанот е последица на непрофесионалното и неодговорно полициско постапување и однесување.

Во меѓувреме продолжуваат протестите што веќе трет ден се одржуваат во главниот град. Организаторите најавуваат протести и низ другите градови со цел да се крене гласот против бруталноста на полицијата и да се побара распуштање на специјалните единици, кои изминативе години беа спомнувани како учесници во бројни инциденти. (Д.Т.)


#
Статијата е прочитана 9121 пати.

Испрати коментар

Од: srebre
Датум: 09.06.2011 00:02:27
prokleta da si jankulovska haos e vo mak otkako ti si ministerka vakvo nesto ni na son nemozese da se sluci za vreme 90etite na "ednoumieto"....
Од: Debarmaalo
Датум: 09.06.2011 00:20:21
Dodeka cel svet ide napred, u MK se uste se vodi barbarski zivot Snagata se meri so mozok a ne so sila Bog da go prostio pocinatoto moce, a za ubiecot treba BESENJE i toa da bide direktno prenesuvano na TV
Од: vasco beleski
Датум: 09.06.2011 00:29:05
STOP DOsta veke, zalno e za desckoto megutoa zivotot tece ponatamu iako e toa tesko za site onie koi se potreseni od slucajot ne smeme da bideme zaloznici na eden ili dva mediumi ili edna partija koi po sekoj cena pritiskaat i baraat politicka odgovornost..pocituvani zivoto tece ponatamu ubiecot ke bide kaznet i tocka gotovo dosta ceke krevanje na tenzii,.,,,,,ako sakate primer koga crvenkovski gi zatvori fabrikite ili pridonese i toj infiretkno ubi mnogu luge ama eve go top ne go bie....
Од: Dragica Lapajkoska-belchevska
Датум: 09.06.2011 00:35:46
Samiot start pokazuva deka so doagjanjeto povtorno na vlast na Gruevski rabotite pocnaa ne daj Boze na loso,a do kade ce odi vaka tesko na vas narode. Megjutoa moram da iskazam socustvo na roditelite na Martin. No imam i druga poraka,bidejci razbrav deka Igor Spasov bil vo obezbeduvanjeto na Gruevski,a sto e uste pointeresno bil od Stip,dali "molchenjeto" na Vladata vi kazuva nesto,potocno se prasuvam dali ima nekakvo srodstvo Spasov so Mijalkovi?
Од: mene
Датум: 09.06.2011 01:19:25
Da mu e lesna zemja. Da se rodel vo normalna zemja so normalni politicari i normalni luge mozebi ke bese uste ziv. Najloso e toa sto deteto pogina za dzabe - nisto nema da se smeni. A Jankuloska znaete koj moze da je smeni? Nikola... a toa treba dobro da go nanervira...
Од: trpe original
Датум: 09.06.2011 01:21:55
Ova ne e prv slucaj.Ima uste mnogu.Ama bezmilosnata gospogja Ministerka nema nikakva odgovornost. Nitu komandna, nitu covecka. Videte gi site spektakularni apsenja. So kolkav broj policajci, specijalci, antiteroristi.. Pa nitu celnicite na Koza Nostra ne se apsat taka spektakularno! Kako li ke bide po D-dejot na osvestuvanje koga nejze i nejzinata tajfa ke gi apsat? Samo da narodot ne pocne i da gi pluka?
Од: Goran
Датум: 09.06.2011 01:37:19
Znaci ne mi e jasno sto sakaat od SDSM.... Ubiecot priznal za toa sto go napravil. Koga go izvrsil ubistvoto bil vo civilno oblecen i nikoj neznae zosto se stepale... a SDSM i partijcite baraat vladata da odgovara za nesto sto vo opsto ne bile povrzani... Citajte samo sto pisuvaat na A1... ne se normalni... Mozda treba site novinari da gi izvadat na ulica i da vidam dali ke se tepat so vladata... Lesno im e od pozadi kompjuter da povikuvaat na krvo prolevanje, palenje i buntuvanje.... Ne e nermalno kolku se ludi od SDSM. Ne smeea da se bunat posle izborite, zatoa sto Riker im naredi da sedat mirno, pa sega baraat pricini za bunt....
Од: toni
Датум: 09.06.2011 02:02:39
da dade Gospod da skape u zatvor ovoj zver.neka mu e lesna zemja na Martin.socustvuvam so bolkata na roditelite.
Од: captain101
Датум: 09.06.2011 03:04:55
За жал со ваквите настани се продуцира матрејал за "Мајки 2". нашиот Милчо точно знаел што прави кога го направи филмот од македонија а не за Македонија. дај боже никогаш да не се повтори ваков настан. Инаку некој од актерите од овој настан во голем дел играат и во првиот дел од Мајки. Само самосвесни и со граѓанска иницијатива а не со партиска поданичка директива се најде вистината. Ако за секоја работа вака се постапува Македоноија има надеж, без разлика кој е на власт. MOTHERS begins with fiction, indeed with the fabrication of a lie, moves on to an attempt at the fabrication of a myth and ends in the shattering imagery of the real, where no fabrication is possible.
Од: Do vasco i goran
Датум: 09.06.2011 03:08:44
A be vie dvajca nekako ne gi razbirate rabotite zasto pocinatiov ne vie ni sin ni brat. Ili mislite deka site treba da molcat koga telohranitelot na kaligula ubiva na 5 metri od binata na koja se slavi. Nesto ne vie red so inteligencijata ama ova ne bese tesko da se razbere. Onaa grdata e kriva po komanfna dolznost i treba da snosi odgovornost. Ama toa e vo civilizirani zemji ne kaj nas. A momcevo bese od vmro . Neka vie na dusata na site braniteli na ovie sto se odgovorni za seto ova.
Од: posirok pogled
Датум: 09.06.2011 03:14:24
Ova e samo eden slucaj na institucionaliziranata tortura vo Makedonija. Zatoa treba da si podnese ostavka Jankulovska i uste golem del vraboteni vo MVR. Vo normalna zemja site ovie bi odele v zatvor, a ne samo doticniot ubiec.
Од: mene
Датум: 09.06.2011 04:42:07
Klasicen FASHIZAM, a toj KONJOT neka skapi vo zatvor,trkalo Stipsko>>>>
Од: Виктор
Датум: 09.06.2011 05:09:14
Таа не само што има командна одговорност како министер, во случајов може да стане збор и за друга одговорност, затоа што на очиглед на сите МВР се обиде да го заташка и забошоти случајот, односно да го заштити убиецот. Тоа е веќе соучество во убиството.
Од: vlatko
Датум: 09.06.2011 05:18:09
se slucuva ova sekade vo svetot, Eve denes vo Montreal, policijata pukajki po kriminalec, so kursum vo glava ubila slucaen minuvac. Pa nikoj ne vika "ova e samo kaj nas"
Од: VALTER CHICAGO
Датум: 09.06.2011 07:45:55
Neznam sto uste treba da se sluci za da na nekoi usieni glavi im se objasni kolku e bilno i zalno da zgasne eden zivot od licnosti sto im e dadeno vlast i oruzje za da gi stitaat kriminalnite bandi vo vladata. Pa zarem nemozete da poglednete vo minatoto na toj Igor neobrazovan i nasilnik skoro bokser kako negoviot pretpostaven. Narode drzava vodaat pismeni i obrazovani luge a ne bokseri i kriminalci .Zalno za narodot I neka im e na ces na site sto glasaa za ovaa nepismena i neuka BAGRA.Nemozam da se iznacudam kade ja baraat vinata i vo kogo.I ministerkata se pofali deka go obezbedila krivecot.Pa toj sm se prijavi a site vie od vladata se mislevte kako da se izvlece ubiecot od odgovornost i vi trebase 2 dena da smislite prikaska no ne vi uspea zatoa sto imase svedoci za ovoj slucaj. I posle seto toa pravite vilm deka SDSM eve pak go politizira slucajot.Pa zarem ovde ima nesto nejasno.Martin zagina za cest na vasata proslava. NEKA VI E NA DUSA NA SITE VAS STO SE NAREKUVATA VMRO.
Од: Petar
Датум: 09.06.2011 07:47:58
Vasko, pa ne gi glasav VMRO za da bidat isti kako Branko! Ne e vo prasanje politicka odgovornost tuku profesionalna i moralna kako sto sekoj shef vo privatna firma snosi posledici od nadredeniot za greskite na negovite vraboteni taka i vo ovoj slucaj treba da se postapuva. Pocivaj vo mir Martin, CPB zasekogas so tebe!
Од: petko
Датум: 09.06.2011 08:21:19
Iskreno socustvo do roditelite i familijata na pocinatoto momce, Traba da se zaprasame site nie kade odi ovaa drzava, Da ne ispadne deka go branam IGOR od tigrite tie ludze se premnogu dolgo izlozeni na stres i treba posle 10 godini da bidat povleceni od edinicata na rehabilitacija, edno vreme edinicata bese za pocit se do 2001 godina koga vo nea se dovedeni ludze bez prethodni proverki, zalno e sto taa edinica kolku mi e poznato ja vodi covek koj ima krivicni prijavi od porano, zalno e sto kvalitetnite kadri od taa edinica se isfrleni na ulica da reguliraat sobracaj zatoa sto se "nepodobni", uzte ednas povik do instituciite da ne se zanimavaat so politikanstvo i dokraj da go resat slucajot, komadna odgovornost ima i tek kako, a za izjavite na latas ne sakm da komentiram covekot e uzguben vo vreme i prostor a i ntreba da ne cudi od dobro obucen Udbaski kadar da se cue nesto drugo.
Од: Перо
Датум: 09.06.2011 08:41:06
А што е со телохранителот на Мијалков? Ален Зекиров уби човек со мотор на партизанска и случајот се заташка како ништо да не се десило.
Од: jimmy1
Датум: 09.06.2011 08:43:17
Kakov "specijalec" kakov bakrac. Ako ni se site specijalci kako ovaj tesko si nas od policijata, ke cekame koj ke bide sledniot. Ovie tigri i volci se za vo Zooloska a ne niz ulicite na Makedonija i de ne pretepuvaat do smtr. Sve se sluci odma posle izborite, ubistvoto na Martin i pritvorot na Lube. So toa ovaa vlada pokazuva deka prodolzuva so torturata na svojot narod, prodolzuva fasizmot i diktaturata na ovaa fasisticko teroristicka vlada na koja im dadovme uste eden mandat da zavrsi so odrodbata. Neznam kako mozeme da gledame i mirno posmatrame sto ni pravat, deka ni gi ubivaat nasite deca, nasite vnuci i dali i ponataka treba da molcimo i da trpime. Vo nekoi drzavi vo vakvi slucai narodot pravi presvrt vo drzavata vo rok od 24 casa. Kako sto se gleda gosp. ministerka nema namera da podnese ostavka, nitu pak nekoj od policijata (donekade mozebi podobro e taka) zosto nema da bidat iskluceni od vladata tuku ke dobijat uste podobri rakovodni mesta za da raboti singirot na kriminalot.
Од: ftoni
Датум: 09.06.2011 08:49:09
zatoa mora mediumite maksimalno da gi zastitime od vlijanie na politikata, a ne da mu bidat servis na vlasta, inaku ako smelo i nepristrasno ne objavese a1 nikomu nisto, ke odese jabana momceto, a zlostornikot ke bese proglasen za heroj.
Од: navI
Датум: 09.06.2011 08:54:44
Site onie sto go prikrivaa ubistvoto, a gi ima mnogu, se soucesnici. Edna od niv e i Jankulovska.
Од: USA
Датум: 09.06.2011 09:29:01
Makedonija ima zagubeno Predsedateli (2) pa ne se digna vakva buka. Koja e pozadinata na sevo ova??
Од: do Vasko i Goran
Датум: 09.06.2011 09:34:02
Ne se obiduvajte da ja relativizirate rabotata i da opravduvate nesto sto ne normalen covek ne moze da go opravda. Jankulovska i Gruevski se vinovni poradi primanjeto na sekakvi bitangi vo MVR. Vtorata nivna odgovornost e obidot da se zabosoti celiot slucaj. Aleksej Duma kazuva deka MVR bilo prisutno celo vreme na obdukcijata a utredenta Ivo Kotevski se pravi lud i bezobrazno kazuva deka ne postoi prijaven slucaj i bezobrazno im poracuva na novinarite ako znaat za takvo nesto da go prijavat. Toa ne toa sto sozdava ogromen revolt. Arongacijata i bezobrazieto na site involvirani. Po vakov nastan vo sekoja normalna drzava ministerot podnesuva ostavka. Vo Grcija duri padna i vladata. I slucajot ne moze da se oddeli od politikata zatoa sto so obidot za zabosotuvanje VMRO prv ja zamesa. In prestanete da go mesate B.C. vo se i sesto, gledajte gi cudovistata za koi ste glasale kako nasmeano frlaat lopati za virtuelni sela dodeka vo isto vreme se frlaat lopati za eden realen grob.
Од: toni
Датум: 09.06.2011 10:16:13
dosta ni e od ova policiska drzava predvodena od gujo mijalkov i jankulovska...sakame da ziveeme vo sloboda a ne vo strav!!!
Од: Sanja
Датум: 09.06.2011 10:52:09
Ne stanuva zbor za nesreken slucaj kako sto bilo vo Montreal.Krvniciki e ubien covek so umisla, a policijata sakase da go zabosti slucajot i da fabrikuva evidenten slucaj. Toa e pricina za revoltot, za gnevot i povod za baranje nekoj od vrvot da prevzeme odgovornost
Од: zagrizen
Датум: 09.06.2011 10:56:07
koj dozvoluva ovakvi svirepi ubijci da rabotat vo MVR. zarem nie graganite zatoa plakame arach na drzavata. plakame za da ne ubivaat sramota. a shto e najtragichno takvi ubijci se ushte shetaat po ulicite i samo prashanje e na denot koga povtorno ke zemat nekoja mlada zrtva.i sekogash istoto opravdanie deka im begale a tie sakale da gi fatat i samo malku da razgovaraat i da gi pogalat. ne taka odamna brkaa momche pokraj Vardar i zamislete i toa pochina a samo sakale da razgovaraat. sramota.neka mu e lesna zemja na momcheto ,a zivite neka mu ja mislat , koj se im odi pozadi grb.
Од: marjan.pp
Датум: 09.06.2011 10:58:23
kako prvo:pod itno rekonstrukcija vo mvr,da se otstrani siot ne soodveten kadar,da rabotat samo profesionalci so zavrseni soodvetni naobrazbi,a ne ,,lepaci na plakati i ukaci po izbori''i sl.,deka so ovie debili nema vlez vo e.u.,so ovie samo ke bideme na naslovnite stranici po ,,demokratija'' vo cel svet,i koga ke go vidat ova koj kaj nas ke investira ili ke ne poseti kako zemja,za site mk.ke bide zemja so neresen status
Од: Do vanco beleski
Датум: 09.06.2011 11:13:20
Dali se citas voopsto sto pisuvas covece, mozda I gresam sto ti repliciram bidejki ti avtomatski ja odbivas vistinata? Zamisli ispran mozoku tvoeto dete da bide krvnicki ubieno? Policijata I Vlasta go krie slucajot od javnosta kako I za site ubistva sto gi naporavi za ovie 9 godini od svoeto vladeenje Gruevski? Kolku lugje umrea od tranzicijata na Gruevski, kolku lugje se osiromasija, kolku lugje se iselija od grev si kako I site dpmneovci.
Од: Mark
Датум: 09.06.2011 11:39:42
Gi citam komentarive-NARODOV SE OSVESTUVA! FALA TI GOSPODE!
Од: ibe palikukja
Датум: 09.06.2011 11:49:10
Stvarno e zal za momcet ali mislam deka specijalecot (tigar) ne za gjabe tepal na deteto, so sto i preteral za zal. ali koj se SDSM da sudat za vakvi raboti ili pak VMRO da objasnuvaat nebare Gruevski go ubil deteto, ima sud, sudii i zatvoti pa pravdata ke izleze na videlina. tigarot sam si go priznal zlocinot. a zalno e za narodot makedonski sto partiite go vodat napred, za zal tolku e nasiot intelektualen kapacitet so procitani 2 knigi vo osnovno : zoki poki i siljan strkot. ps.prosta nacija
Од: Реалист
Датум: 09.06.2011 11:50:08
Читам како некои коментатори прават такви идиотски компарации што коса ти се дига на глава! Демек како тоа кога во Македонија "претседателот ни го убиле" (се прашувам кој е тој што ни го УБИЛЕ) па не се дигнал народ. Како прво, против кого требало да се дигне народ? Против сеуште непознат сторител од 1995? Во овој случај имаме конкретно убиство со милион сведоци и со конкретен извршител, а сеуште непознати потпомагачи. За тој што кажува за Ванкувер нема помош: случајно погоден минувач многу се разликува од ѕверски претепан минувач. А некои уште намерно извртуваат дека демонстрантите во Скопје ќе палеле и беселе?! НЕ, ова се МИРНИ протести, по 100 пат вртете ја вистината, џабе!
Од: Македон
Датум: 09.06.2011 12:01:28
Драг ВАСКО БЕЛЕСКИ, сакам само едно многу просто прашање да ти поставам кое би требало да си го одговориш пред самиот себе си; Дали твојот коментар ќе беше ист доколку ова се случеше на твојот син?? Да излезе од дома и еден генетски отпадок како Игор Спасов брутално и животински да го здроби твоето чедо?? Сепак, коментарите се тука, и секогаш можеме да пишеме што сакаме кога не се работи за нашето дете. п.с. Сакам да те потсетам на еден сличен случај пред извесно време од алфите кога по грешка младо дете на возраст од околу 21-22 години, поради погрепно толкување на ситуацијата од страна на алфите беше на интензивна нега. ПОвторно тоа не беше твоето дете :)
Од: realen
Датум: 09.06.2011 12:20:18
Da, ova bese pirova pobeda. Dobar start na nedopirlivite. Se nadevam deka eden den ke frlaat lopati (nad niv).
Од: s
Датум: 09.06.2011 12:28:14
ostavka od jankulovska vednas
Од: Игор
Датум: 09.06.2011 12:30:55
Факт е дека постоеше обид да се забошоти целата работа. Тоа е она што најмногу иритира драги ВМР-Овци. Не глумете дека не сваќате во што е работата. Се додека мислеа дека има шанса да се забошоти работата играа така. Кога се побунија луѓето ја сменија играта. Го пуштија убиецот низ вода и сега ќе го осудат доживотно за "да се смират страстите". Но не заборавајте дека тој што се обидувал за да го забошоти убиството е соучесник во истото и треба да одговара за тоа.
Од: Sara
Датум: 09.06.2011 12:44:29
Se cudam na nekoi komentari; dali site sto go poddrzuvaat VMRO imaat dvocifren koeficient na inteligencija? Kako e mozno da ne im e jasno zosto vo ovoj slucaj osobeno, se bara odgovornost od vlasta. - Od prosta pricina sto vlasta i instituciite sto treba da rabotat za narodot (MVR) se obidoa da go prikrijat ubistvoto, da gi zaplasat roditelite na ubieniot, da lazat deka A1 izmisluva i da se odnesuvaat kako nebare vo red e da ubivas deca po ulica ako se nemirni..Ne e ni cudo koga ziveeme vo zemja kade 50% od naselenieto ima samo osnovno obrazovanie. Kakov prostakluk i beskrupuloznost.
Од: Коки
Датум: 09.06.2011 13:09:41
Готово! граѓаните ЈА ИЗГУБИЈА ДОВЕРБАТА во полицијата! Што и да направат, што и да кажат, интимно веќе никој не им верува.
Од: od mene
Датум: 09.06.2011 13:11:09
Ostavkata e moralen cin sto znaci samo za moralni luge a ne za ovaa bedotija od lugje
Од: Do Vlatko od Montreal
Датум: 09.06.2011 14:18:58
Vo Montreal nesrekniot slucaj sigurno ne bil prikrivan od policijata, a i policaecot sigurno vednas bil priveden, a ne posle "39 casa" potocno, otkako samiot se prijavil kaj staresinata. Znaci ovde imame klasicen primer na drzaven teror, kade sto policijata se obiduva da go zastiti ubiecot i da go prikrie deloto. Razlikata e ogromna, mora da se slozis.
Од: Demokrat
Датум: 09.06.2011 15:08:27
PRIKRIVANJE NA UBISTVO E CIN NA SOUCESTVO GOSPODINE KOTESKI
Од: go-ga
Датум: 09.06.2011 15:27:43
Nastanot ima vrska tokmu so politikata a uste poveke so moralot.Ostavkata e pred se moralen cin,se podrazbira deka prviot covek vo resornoto ministerstvo TREBA I MORA DA PODNESE NEOTPOVIKLIVA OSTAVKA!!
Од: Читател
Датум: 09.06.2011 17:03:12
Абе каква оставка. Нек си ја задржи функцијата и нека работи на изготвување на информацијата за тоа: Колку вработени во МВР имаат криминални досиеја? Колку од вработените иле гонети за физичко насилство (пред да станат вработени во МВР). Кој има ставено потпис за истите да бидат примени на работа? Детален извештај за психолошките прегледи кои наводно се вршат врз вработените во МВР. Да се достави документ за последниот психолошки преглед извршен врз убиецот? Што пишува во тој извештај и кој има ставено потпис на истиот? (секако доколку воопшто постои). Народот бара отчет, ама различен од оној кој ни го понуди партијата на министерката за време на изборите! Верувам дека доколку Јанкуловска добро си за ја заврши работата во изготвувањето на ваков извештај, самата ќе свати дека треба да си даде оставка, без никој тоа да го бара од неа.
Од: balkan
Датум: 09.06.2011 19:39:02
http://balkanforum.balkansmarket.com/user/categories.aspx Nasive partii pocnaa da fukncioniraat kako mafii. Tepacki grupi od dvata bloka ima vo sekoj grad i go maltretiraat naselenieto. Za zal policijata nisto ne moze da napravi zasto site se pod zakrila na politikata. Samo na narodot mu e veke preku glava ne e veke bezbeden vo sopstvenata drzava. www.balkansmarket.com
Од: darko
Датум: 09.06.2011 20:07:19
kako nema vrska so politikata ministerke?pa na politicki sobir zagina partiski aktivist od rakata na policiski sluzbenik zlostornik.pogolema politika zdravje.ostavka od mijalkov,todorovski,urko i lupus aut of mvr
Од: Goko Mileski
Датум: 09.06.2011 22:45:36
Ve zamoluvam gospogo ministerke Gordana Jankulovska cas poskoro da si podnesete ostavka. Ne cekajte sostavuvanje na novata vlada. Dovolno bea glupostite koi do sega se slucija od strana na MVR za vreme na vaseto ministeruvanje. Sto i da napravite od denes, ne ke moze da se zaboravi ovaa glupost. Ste mu dale usmena naredba!!! Se selusate li sto zboruvate? Pa vie ste intelektualka. MVR e najcuvstvitelniot resor vo Vldata na RM. MVR treba da e stolbot na mirot, drzavnosta i stabilnosta na Republika Makeodnija. Jas licno ne sakam vakov minister koj usmeno izdava naredbi za rabotni zadaci. Ve zamoluvam odete si poskoro.
Од: петар велики
Датум: 09.06.2011 22:58:59
а зошто не се бараше одговорност кога загина Алберто Стојчев 21г во 2002 или Бекиров, 17г , 2006 ?????? немало тогаш Фацебок ?? Јас се гнасам од секакво насилие, но не сум загрозен од Алфи или било каква полиција, повеке ме плашат локалните насилници, заштитени со правосудниот систем. Нам ни треба најпрвин 50г страв од полиција , закон и затвор, после демократија. Па воз неможе да вози, го каменуваат од кеиф, мува не ги лазе. А по вчерашниот случај во Хрватска, каде сообраќајни полицајци пукале во возач кој не застанал, во форумите има голема подршка ама за полицајците !!; иако се на вратите на ЕУ, сакаат хрватите полиција и правосудство по американски терк, не по европски, бараат и воведуванје на ел.стол.
Од: aleks
Датум: 09.06.2011 23:17:45
Nemojte da davate depresivni komentari kako da sme najnesigurnata drzava za ziveenje vakvi slucai ima vo cel svet za zal i nemojte da ja diskreditirate i omalovazuvate celata policija zaradi poedinecni slucai sepak tigrite bea glavnite so srceto na konfliktot vo 2001 dodeka nie sedevme doma pred televizor i fakavme seir tie ginea a nekoi od niv go zagubija i zivotot blagodarenie na niv ne zagubivme voeno vo 2001 taka da ne e vo red da se narekuva celata policija ubijci i neznam sto samo zaradi poedini slucai imat pravo da protestirat mladite i ke gi zamolam da go koristat mozokot i da ne gi zloupotrebuvaat vo politicki celi bagrava kako frckovski i SDSM koja sto kade ima protest tamu se i oni im e gajle za protestot vazno im e da se diskreditira gruevski uste eden apel do mladite protestirajte no bez sramni paroli od tipot alfi ubijci ili policija ubijci i da ne im veruvaat na bagrava od SDSM zatoa sto tie ne se tam da protestiraat.
Од: Slavica
Датум: 10.06.2011 00:35:18
Neka mu e lesna zemja na pokojniot sto trebal uzte da stvori svoe semejstvo i da ostare so vnucinja,toj toa sto go napravi zasluzil kazna i treba da odgovara pred zakonot. Vakvi raboti ima sekade vo svetot toa e demokratijata ja baravme ja imame sekoj se moze i sto saka moze da pravi i nemojte da obvinuvate nekoj sto nekoj ne isvalkal race, po vasite komentari sto gi pisuvate treba da imame 1 milion politicari i sekoj da si cuva po eden graganin.Jas misle deka sme intelegente narod no ova dokaza deka mnogu si kupile diploma i mislat samo 2metra ponatamu nikoj na nikogo ne mu posakuva ova da se sluci pa makar i narodnoto na dusmanot. Se nadevam deka ovaa vlada treba da napravi strogi strogi kazni pa duri i smrtni.Socustvo do semestvoto .
Од: GORGE
Датум: 10.06.2011 04:37:07
Ova detete MARTIN da bese moj SIN jas licno bi mu ODSUDIL na ovoj bugarski TERORIST nikade na zemninava kugla ne bi imalo mesto da se sokrija i mojata pravda bi go nasla i jas licno bi mu ODSUDIL. OKO ZA OKO ZUB ZA ZUB.Kakov tigar kakvi bakraci obicna ZIVOTINA nesmee da se dozvoli da ovoj ZVER poveke da vidi BEL DEN .
Од: Meredith Hunter
Датум: 10.06.2011 06:24:14
Mnogu slicno so hapeningot na Rolling Stones vo Altmont -Call. USA, ubien gore navedeniot od potencialnite redari H. Angelles ( redai za edno shishe pivo) na srede na pesnata Sympatyfor the D....., koncertot prekinat , nachive ne go storija toa , imaginacijata i sporedbata vi ja ostamam na vas . Pazdrav od daleku.
Од: Goran KU
Датум: 10.06.2011 06:33:18
Dali e Gruevski svesen deka poveke od polovina zemja go mrazi vo momentov. Napravete matematika, site SDSM simpatizeri a bogami i od drugite partii pa i od negovata VMRO, bidejki ova e gnasen chin koj go osuduva sekoj bez razlika na koja partija pripagja. E pa Premiere, ja da sum dva dena na nova Vlast i poveke od pola zemja da me mrazi jas bi si dal ostavka bidejki vakvo nesto se nema sluceno vo istrorijata.
Од: Gorge
Датум: 10.06.2011 08:26:46
Znaci premierot e opkruzen so banditi? Alal da mu e , a i na tie sto go galsale.
Од: Митре од долнодупени
Датум: 10.06.2011 08:44:26
Гледам коментари и не можам да се начудам...партиските војници како и нивните вождови праќаат пораки во стилот фатен е убицата и готово е...А знаат ли тие дека и Ален Зекиров шета и мува не го лази а уби човек на пешачки...Ниту еден ден нема да лежи...но во пари ќе се бања...СРАМОТА...властите заташкуваат убиства...убиства...колку ли ги имало досега???Кој ми гарантира мир, кога ете некои лудаци ми претат поради написите за осуда на бруталноста на полицијата.
Од: Gajur
Датум: 10.06.2011 09:43:53
...soocustvo za najbliskite i BOG da im ja porasne terpenieto vo ova tragedija,dushata na pokojniot da go isprati vo RAJ...izgleda ne moze da pomine glasanje bez zrtva-kurban...vo protestite gledam i albanski paroli verovatno vo racete na nealbanska mladina shto e za pocit bidejki pokojniot primarno e COVEK a kolku do sega od secundarnoto-albanskiot na slicen ili na pomizoren nacin se likvidirani i nikoj ne mozel ne glas bukva da rece protiv VLASTA...ostavka na ministerot nema da ja leci bolkata na najbliskite megutoa kako cin toa ke go vrednuva od tie shto zavisime a i za idnite ministri dobra lekcija...ushte poloshoto,odgovornosta ja izbegnuvaat direktorite koga ucenik ili rabotnik im poginuva...vlegovme na 20-te godini na demokratijata shto znaci ushte sme vo fazata na nezreli i agresivni pa ke cekame narednite 10...
Од: peco
Датум: 10.06.2011 10:01:28
do goran zosto goran treskas gluposti sds pa sdes vidi na slikite ce vidis deka ovaj tigar e obezbeduvac na pemielo ili i ti imas tolku mozok ako voopsyo i imas nekoj gram zkrzlaven za vakvi raboti na zapad podnesuvaat ostavki za pemielot se bi napravile i ubistvata se dozvoleni kako ne ti e sram na edan zgasnat mlad zivot da treskas gluposti sds sds a1 a1
Од: Prilepcanec
Датум: 10.06.2011 11:00:56
Narodot na Makedonija izbra neodgovorna,no samobendisana vlast-pa zosto se bara odgovornost od ministerkata ?Taa ,navistina e marioneta vodena od nejziniot lider,no vidi cudo,negovite madiumi se nasrcija-kako msto so godini pravat na g.Crvenkovski.Zarem to e vinoven za ovoj grozomor vo koj e vturnat narodott?Ne?Za toa sto SDSM ne dobi poveke glasovi od VMRO-DPMNE,no dobi dvapati i poveke od prethodnite izbori-zarem zatoa onie sto izlegoa od SDSM,kako povredeni primadoni,povikani od Sitel mu preporacuvaat ostvka.Eden od niv imase dva mandati -vo dve zemji za ambasador,sega stanuva ozloben na SDSM?Gospodi,cuvaj go narodot od onie sto mnogu dobile i sto mislat deka go zasluzile.Ne pomislile li nekogas deka premnogu im e dadeno,a potoa se staveni na ona sto im pripagja?Ne,tie sekogas za nesto,na nekogo se luti.Eden politicar graden i izgraden so decenii go sporeduvaat so onie sto vcera formirale partija i -izgubile.E,taa matematika im e pogresna.Konecno za toa resava partijata.
Од: -------
Датум: 10.06.2011 11:35:27
site se svestuvaat dodeka ne se sluci nesto a vo mk od ko ke se sluci nesto sega dodeka momceto go nema krif ni e ovoj ili onoj epa za do dusa da zatoa pred da se izlezi na izbori treba da podrazmislite sto se slucuva okolu vas dali ste go izbrale vistinskiot covek koj treba da ja vodi drzavata makedoncite nemaat edinstvo drzavata treba da mu se vrati za vreme na turcizmot zatoa sto tie znaat kako treba so makedonija tie bea navistina red i redosled a NIKOLA BRANKO I RED OSTANATI site se za vo gnoj skapuvajne
Од: planinar
Датум: 10.06.2011 12:49:25
Poentata na A1 i sds na celo so B.C. i bakalnicata e sto povece nemiri tolku podobro .Tie sakaat da ne stavat vo filmot na[ danaicite[ .Za da se zabosotat aferite nadez i pajazina.Za vreme na nivnoto vladeene kriminalna privatizacija atentati ubistva gi nemase nikade .Sakaa go sokrijat kriminalot.
Од: tetka viki
Датум: 10.06.2011 13:36:02
abe ministerke, kako ne ti e sram da se pojavis vo javnosta, a uste poveke pred mazot ti i pred negovata familija. sto si mislat lugeto, sto snaa zedovme sto zver, tolku mala, sitna neugledna, a poooooolna so gadotija . uffff

Најди! во Утрински
На прво место
Семејството и пријателите се простија од младиот Мартин
Загубени во бесчувствителноста
Нов случај на бруталноста на „тигрите“
Груевски изрази жалење

"""