Број 3601  четврток, 09 јуни 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Онлајн вести

Насловна








Site Meter
На прво место

Нов случај на бруталноста на „тигрите“

Син на вработен во Општина Карпош пред 15 дена бил претепан од припадник на „тигрите”, по што со потрес на мозокот завршил во болница на инфузија. Ова го тврди градоначалникот на општината Карпош, Стевчо Јакимовски, кој вчера одржи прес-конференцијата по повод суровото убиство на едно момче, жител на оваа општина.

„Сакам да ги замолам претставниците на МВР и на власта да престанат да ни ги тепаат и да ги убиваат н��шите сограѓани. Го замолуваме премиерот, господинот Груевски, да престане да ни гради тениски игралишта и да најавува акваленди во Карпош, сами можеме да си го изградиме тоа, а она што го бараме ние од него и што е исклучиво негова надлежност, е да ни обезбеди мир, безбедност и сигурен живот“, вели Јакимовски.

Тој запраша како е можно, во случај на насилна смрт, какво што беше убиството на Мартин Нешковски, да не се вклучат истражен судија и обвинител, како е можно присутни колеги на полицаецот „тигар“ да не го пријават случајот во МВР, туку да го забошотуваат, за потоа МВР да речат дека во рок од 48 часа го откриле сторителот, во услови кога сами кажаа дека сам се пријавил. Вакво однесување на полицијата, истакна градоначалникот на Карпош, е можно само кога имаме партиска полиција, а не професионална, и праша дали тоа значи дека во иднина ќе градиме и партиско судство, партиски обвинители. „Припадниците на „тигрите”, вработените во МВР и во владата воопшто, сите се финансирани од парите на граѓаните, пред се', да не' чуваат, а не да не' убиваат по улица“, изјави Јакимовски. (Д.Т.)


#
Статијата е прочитана 2695 пати.

Испрати коментар

Од: Perec Kifla
Датум: 09.06.2011 09:00:01
Molbite veke ne znacat nisto. Dzabe molite. Doprva ke se presmetuvaat so sekoj koj gi poglednal nakrivo.
Од: Goran
Датум: 09.06.2011 09:13:38
Što ne se javi Stevčo kaj novinarot pred 15 dena (ovoj što go pišuval ova denes) pa togaš da zborel a ne sega.Se se slučuva na ulicite vo državava.No treba da se vratime na početocite na formiranje na razno razni agencii za obezbeduvanje od onie na SDSM do onie na VMRO i razni eks policajci pa da dojdeme do bezvlastieto i gledanje niz prsti za celo vreme.Lesna mu zemja na momčeto,teško na semejstvoto,no policijata treba da gi stavi site policajci na novi ispiti na poznavanje pravila i zakoniama isto taka i agenciite za obezbeduvanje,a ne licenci se davaat kako alva.Partiskite vrabotuvanja ne donesoa do ova deređe,a policija mora da imaoti kriminalot sekoj den ni e vo porast,pljački,ubistva,tepački itn.red,red i red vo sistemot treba da ima i ništo drugo,kako do 90-te g, od minatiot vek
Од: jimmy1
Датум: 09.06.2011 09:16:53
Stevco brate, ako mu aplaudiras na Grujceta za kopanjeto duki sostojbata ke bide poinakva. Se dodeka glavni na instituciite se postavuvaat luge po partiska osnova a ne po strucnost i sposobnost ova sekogas ke ni se slucuva. Ne sum od Karpos nitu pak od okolinata na Skopje ali Karpos za mene e edna od najdobrite opstini vo Makedonija, i pokraj na nekolku pati VMRO pravese neredi sepak ostanavte dostojni. Samo prodolzeta taka, gledam deka naselenieto vo Karpos e so vas, a sekoj od ovie diktatori i lopovi ke si go dobie zasluzenoto koga ke dojde momentot. Samo ne treba da mu se dozvoli na Grujo da prebega vo Ceska, tuku da se prenasoci vo Sutka.
Од: Боби
Датум: 09.06.2011 10:02:16
На ѓивотните местото им е во Зоолошка градина
Од: tihi
Датум: 09.06.2011 12:45:14
Koga sme vekje kaj zivotnite ,ne e losho da go zashtitime Stevghe kako bela mechka za da ni bide vechen.A sto se odnesuva do zashtitata od ostanatite zivotni ,go zamoluvam da ne me shtiti ,dovolna mi e zashtitata kako bela mechka.Da ne se zaboravi.
Од: ftoni
Датум: 09.06.2011 14:08:48
Vlasta se majtapi so graganskite asocijacii kasko sto se Helsinski komitet i drugite, pa so insitucionalni zakonski servisi kako sto e Ombudsman i drugite, a na EU mu prodava magla deka RM e raj za nea i deka. Tesko nas so ovaa vlast. navistina so ovie komentari vo mediumite istite gi doveduvame vo opasnost od taa surova vlast koja zapnala da bide na vlast po sekoja cena. Jas licno bi rekol: edinstveno mediumite se tie koi mozat da ne spasat od zloto na ovie zlostornici a koi plus i pobedija na 5 juni.
Од: do Tihi
Датум: 09.06.2011 16:52:55
Разликата меѓу твојот лидер и Стевче е што Стевче ќе се бори за вистината и во случај ТИ да бидеш следна жртва како Мартин! Да, тоа ќе го стори Стевче кој ти го нарекуваш бела мечка. Но што ќе направи твојата хиена?

Најди! во Утрински
На прво место
Јанкулоска не помислува на оставка
Семејството и пријателите се простија од младиот Мартин
Загубени во бесчувствителноста
Груевски изрази жалење

"""