Број 2883  сабота, 10 јануари 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Забава

ЕЈМИ ВАЈНХАУС

Луда по Џош Боман

Контроверзната пејачка Ејми Вајнхаус, по разводот од сопругот Блејк, одлучила новогодишните и божикните празници да ги помине на Карибите, заедно со актерот во подем Џош Боман. Иако постојано се заедно, Боман ја негирал потенцијалната врска помеѓу него и пејачката.

Пред гостите во хотелот, во кој била сместена со Џош, Ејми кратко запеала, а потоа се упатила во прегратките на новото неофицијално момче.

„Кога заврши со пеење, веднаш замина кај Џош, а потоа тие двајцата пред сите се бакнуваа, покажувајќи дека навистина уживаат во заедничката среќа. Џош изгледаше навистина импресиониран од новата девојка“, изјавил еден од гостите.

Но, и покрај бројните фотографии што се појавиле во медиумите, каде што се гледа дека Ејми и Џош ги поврзува нешто повеќе од пријателство, тие се' уште негираат дека се во врска и дека меѓу нив постои само вистинско и блиско пријателство.

Со оглед на брзината со која се дознаваат информациите во шоу-бизнисот, наскоро ќе се знае за што, всушност, станува збор. Она што е сигурно е дека новата година за Ејми започна и повеќе од добро, со оглед на подобрената здравствена состојба и желбата за менување на начинот на живеење.


Статијата е прочитана 477 пати.

Испрати коментар


Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Забава
Стил
Се разведува ѕвездата на „Сексот и градот“