САРА ЏЕСИКА ПАРКЕР
Се разведува ѕвездата на „Сексот и градот“
Ѕвездата на серијата „Сексот и градот“ Сара Џесика Паркер одлучила дека нема повеќе да го толерира однесувањето на сопругот Метју Бродерик и ставила крај на нивниот брак, заминувајќи си од заедничкиот дом.
По завршувањето на празниците, низ Холивуд на големо се зборувало дека 43-годишната Паркер ставила крај на својот 11-годишен брак, бидејќи Бродерик ја изневерувал со 25-годишна девојка.
Извор близок на актерката потврдил дека Паркер одлучила да се исели и да побара нов стан само за себе. „Едноставно сфати дека повеќе не вреди да се бори за нешто што е осудено на крај. Сара е одлучна да започне нов живот и е подготвена за нови предизвици“, изјавил изворот.
На крајот изворот додал дека и покрај тоа што не живеат заедно, Метју и Сара ги поминале заедно празниците поради нивниот шестгодишен син Џемс Вилки.
„Ги поминаа празниците како да се најсреќното семејство во Холивуд. Сара е голема актерка кога тоа се бара од неа“, заклучил нејзиниот пријател. |