Број 3416  среда, 27 октомври 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Вести








Site Meter

Пушењето се враќа на мала врата

Група пратеници повторно бараат со закон да се дозволат посебни простории за пушачите внатре во локалите

Александрија Стевковска



Поголемите кафеани со над 100 квадратни метри да одвојат посебна просторија за пушачите, во која вентилацијата на воздухот во просторот ќе овозможи доток на свеж воздух, а помалите до 100 квадратни метри да си се изјаснат дали сакаат да бидат пушачки или непушачки локали. Ова се бара со Предлог-законот за измени и дополнување на Законот за заштита од пушењето, изготвен од група опозициски пратеници кои кон средината на овој месец го поднесоа до Собранието, а за десетина дена се очекува да се најде на првично разгледување на собраниска седница, по што ќе се пресуди дали тој ќе оди во второ читање или „аут“.

Станува збор за Предлог-закон кој како барање беше најавен уште пролетоска, кога се' уште беше ладно, па секој бараше некој агол да се засолни и намира да си пуши, но дојдоа топли денови и проблемот со забрането пушење некако се подзаборави.

Сега кога фати ладно, кога седењето на терасите е само убаво сеќавање, на пушачите им текна повторно да го потегнат прашањето за измени во целосната забрана за пушење.

Во меѓувреме, низ кафеаните се пуши наголемо. Некаде скришум и нелегално, некаде легално, надвор пред локалите. Диво пушење се забележува и на терасите, кои првично требаше да бидат тргнати по 15 октомври, а сега нивниот опстанок е продолжен, но под услов да не се оградени. А на терен се прави се' и сешто. Па така, можат да се забележат убаво заштитени и затворени тераси со различни материјали, а најчесто најлон. И таму се пуши ли се пуши, па минувачите имаат впечаток дека во нивното маало се отворила мала фабрика која само чади.

Пратениците пушачи, пак, ќе чекаат собраниска разврска на својот предлог за видоизменување на забраната за пушење, сметајќи дека со целосната забрана за пушење тие се третираат како граѓани од втор ред.

„Тоа што се забранува пушењето и во кафетериите, дискоклубовите, ноќните барови, не значи дека граѓаните се заштитени од штетните влијанија. Имено, во домовите на граѓаните не е забрането пушење, а таму поголемиот дел од денот го поминуваат старите и снемоштени лица и малите деца. Како таму ќе се спречат штетните влијанија? Се разбира дека ова е оставено на свеста на пушачите и на нивниот однос спрема околината, па затоа со овој закон се предлага и сопствениците по свое сопствено убедување да одлучат дали нивниот објект ќе биде наменет за пушачи или непушачи. Сопственикот на објектот во кој ќе биде дозволено пушењето тоа ќе го означи на видно место, а непушачите нема да бидат принудени да го посетуваат тој објект и да бидат изложени на влијанија за кои тие сметаат дека се штетни“, стои во предлогот на групата пратеници Владо Бучковски, Горан Сугарески, Весна Бендевска, Томе Чинговски, Ѓорѓи Оровчанец и Менде Диневски.

Според нив, актуелните законски решенија за целосна забрана на пушењето ја влошија економската состојба во Македонија, со тоа што, поради драстично намалената посетеност на кафеаните, кафетериите, ноќните барови, дискоклубовите, пивниците и коцкарниците, сопствениците биле принудени да отпуштат дел од персоналот.

„Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за заштита од пушењето има цел да го коригира нееднаквиот третман на државните институции кон своите граѓани, доведувајќи го во прашање основното начело на почитување на правото на слободен избор“, стои во Предлогот.

Основата цел што треба да се постигне е да се променат одредбите од постојниот закон со чија примена се предизвикаа економски и социјални проблеми. „Правото на слободен избор, без притисок и наметнување туѓа волја е основно човеково право кое е загарантирано со Европската повелба за човекови права и Уставот на Македонија“, сметаат дел од пратениците.

Приспособувањето на објектите за пушачи се предлага да се изврши во рок од три месеци од денот на влегувањето во сила на овој закон.


#
Статијата е прочитана 4442 пати.

Испрати коментар

Од: Свилени Ракавици
Датум: 27.10.2010 12:13:23
Да биде жив и з��рав законот поради него целосно се откажав од пушење.
Од: marjan.pp
Датум: 27.10.2010 12:15:57
dosta bese,mk. e zemja na tutunot i vinoto.Kolku steta i se nanese so ovie glupi zakoni
Од: dani
Датум: 27.10.2010 13:30:01
a sto ke bide ako e skroz zabraneto pusejne vo zatvoreni prostorii ako ne drugo barem ke vi ostani nekoj denar poveke mesecno za leb
Од: JANDRE,PRILEP
Датум: 27.10.2010 14:08:32
Сакам како прилепчанец да му порачам на тој пратеникот од Прилеп СУГАРЕСКИ ГОРАН да не ги заморува луѓето со надри закони за пушењето,ако сака да пуши тој нека си пуши дома кај неговите најблиски и нив нека ги труе.НЕГОВИТЕ заложби се да се пуши во неговите два локали ВО ПРИЛЕП,во кои си го тера бизнисот и око не му трепнува ни за партијата ни за народот.
Од: Marko
Датум: 27.10.2010 14:41:15
Зарем ние непушачите немаме право да одиме во кафеана? Со децении ја трпевме тортурата на пушачите по кафаните и ни смрдеше и душата (за долната облека да не спомнувам). Сега пушачите трпеле тортура. Замислете, Ве молам. Зарем СДСМ ќе ги бојкотира малуте добри закони на оваа власт (или само зошто се на Грујо, па ај да ги плукаме).
Од: Бојана
Датум: 27.10.2010 15:45:42
Предлогот има цел да го "коригира нееднаквиот третман на државните институции кон своите граѓани, доведувајќи го во прашање основното начело на почитување на правото на слободен избор“ па тогаш цела ЕУ и САД треба ова да го сторат бидејки тами не се пуши во затворени јавни простории!
Од: RND
Датум: 27.10.2010 15:56:42
A sto e so diskotekite ??? Ako i tamu se pusi.... jaka im dusa na mladite.....
Од: sanja
Датум: 27.10.2010 16:22:52
sakam samo da kazam deka zakonot nikogas ne vazese vo tetov,gostivar,kicevo,kumanovo tamu i vo leto si se pusese vnatre a kamo li sega koga e ladno
Од: Alek
Датум: 27.10.2010 16:43:31
Абе дај не замарјте,таман се научи народов да не пуши по кафана,пак го подбуцнувате,не мора секаде да ја мешате таа политика,ако била донесена од другите морало контра. Поздрав до сите што размислуваат здраво.
Од: Сергеј
Датум: 27.10.2010 17:04:50
Без занесување! Кон пушачите власта се однесува исто како и со работното време за кафеаните или со тајмингот за купување алкохол! Штом на овие три полиња власта ги попушта уздите, значи се спрема за предвремени избори. После изборите пак ќе ги затекне, и то асолно од порано. Додека не не’ удави. ( http://otpor.log.ph/ )
Од: Дискриминиран
Датум: 27.10.2010 17:24:23
Како што со децении беа дискриминирани непушачите, така сега нека бидат дискриминирани неколку децении пушачите и ќе имаме поздрава нација. Ако на локалот е означено дека е за пушачи, младите масовно ќе влегуваат таму и пак ништо не сме направиле. Не смеете да бидете себични, мислете и на иднината.
Од: Chainsaw
Датум: 27.10.2010 17:36:29
A namesto da se zanimavaat so menuvanje na postoechki zakon koj e generalno dobronameren i funkcionira tie pratenici da se fatat za popametna rabota? Mrzi na majka!
Од: citatel
Датум: 27.10.2010 19:19:18
Se gleda od komentarite kolku sme nazad od Evropskite drzavi i zatoa ne, ne primaat.Dali imate bideno vo Italija,Avstrija ... A izgleda nemate bideno ,no prasajte gi na tie sto bile dal se pusi vo barovite-kaficite.Kaj nas samo se nosat na hartija zakoni i nisto ne se primenuva.Za zalenje e ovoj narod.
Од: pusac
Датум: 27.10.2010 19:21:46
Mnogu dobro znaeme deka ovoj zakon se pocituva samo vo centarot na Skopje. Imav prilika vikendov da otidam vo Gostivar a tamu vo sekoj lokal se pusi i na masa ima pepelnici a ne tacni za kafe, pa se prasuvam sto se tie poveke od nas pa im e dozvoleno pusenje vo zatvoreno mesto ?
Од: baltazar
Датум: 27.10.2010 20:17:59
Ste bile li vo Tetovo i Gostivar? Za koj zakon i za koja drzava zboruvame? kaj ziveeme? Vo Afrika e podobro i poveke se pocituvaat zakonite.
Од: Menka Stevanovik
Датум: 27.10.2010 22:02:47
Od Mira Zarem ne vi e jasno deka ke se najde nacin da se pusi sekade kade sto ima pusaci(a gi ima mnogu,mnogu vo MK),Se pusi i na rabotno mesto,Edinstven lek ei vo kabinetite na profeoirite-lekarite.Edinstven lek da se namali pusenjeto e da se zgolemicenat na cigarite i toa enormno,pa tie sto imaatneka se trujat, i budzetot ke go polnat.
Од: m&m
Датум: 27.10.2010 23:00:19
нека престанат да се глупираат никаде во светот не е спорна штетноста на Пасивното пушење и затоа нека не поштедат од глупави дебати . Само како податок: Пред неколку години (во 2006), од страна на американската агенција за заштита на животната средина изложеноста на пасивно пушење е прогласена за А класа канцерогена - највисок ризикот од рак категорија. Изложеност на него, го зголемува ризикот од срцеви заболувања, мозочен удар и рак на белите дробови. Врската помеѓу пасивно пушење и срцев удар е особено загрижувачка. Американската асоцијација за срце проценува дека 35.000 непушачи умираат секоја година од последиците на изложеност на пасивно пушење врз срцето. Додека во исто време економскиот импакт бил во намален раст на прометот на рестораните и баровите од 8.2 пред забраната на 7.9 по воведуванје на забраната.
Од: pero
Датум: 28.10.2010 00:45:00
ti MARKO ako si pravel striptiz vo kafeana (pa da ti smrdele dolnite alista) togas e opravdano. Za da ne ti mirisaat (dolnite alista mozes da odis vo kafeani za ne pusaci)))))))))Ili da se iskapis
Од: карпош 2
Датум: 28.10.2010 00:53:00
Нека си постојат кафеани, кафетерии и др. каде ке може да се пуши и обратно . . . па сега секој нека си повели кај сака . . . избор ќе си биде за секого, зар не ? Скоро бев во Белгија и верувајте, постојат налепници однадвор, на вратите, каде смее и каде не . . . и не да се пушиии, ехехееее . . . Буџетот ќе си се полни уште повеќе . .
Од: НЕПУШАЧ
Датум: 28.10.2010 00:53:04
Според уставот на РМ, „Во Република Македонија е дозволено се' што со закон не е забрането“. Според тоа, бидејќи пушењето не е илегално, третманот на забрана за пушење е дискриминација на група луѓе кои уживаат во тоа што не е забрането. Бидејќи исто според уставот на РМ - сите граѓани во РМ се еднакви, извршната власт мора да најде механизам кој нема да дискриминира икого. Од тој аспект предлогот е коректен.
Од: kiroUSA
Датум: 28.10.2010 02:37:59
Pa vie sto se plasite za vaseto zdravje tolku sto majka ke barate vo kafanite ? ZA DA GNETITE pa posle pak vladata vi e kriva bidejki so dijabetis i srcevi problemi od mnogu jadenje . za da ne se ostetuvate mnogu odete setajte po parkovi da si go socuvate zdrajeto ostavete gi kaficite i kafanite na pijanicite i pusacite. Ana toj pa alistata mu smrdele SETAJ NIZ PARK i beri smog od zagadeniot vozduh.....
Од: Nikolce Kocovski
Датум: 28.10.2010 06:31:50
Do m&m Site znaeme deka pushenjeto e shtetno. Nemoj da veruvash na amerikanska agencija za bilo shto. Zhiveam vo SAD 25 godini i koga gi slusham nivnite vesti mi se povrakha. Se' e laga i se' e po narachka, koj povekhe khe plati. Dedomi pochina od pushenje kachak na 99 godini, gi ostavi na 95 ama kasno beshe za nego. Khe pozhiveeshe ushte nekoja godina.

Најди! во Утрински
Насловна
Тиквешански
Македонско-бугарски историски контроверзии (15)
Викиликс ја тресе Македонија
Многу плати со многу нули - држи ли уште рамниот данок
Новинарка добила отказ, па го убила шефот
Не виде ни долар од богатството на Мајкл?
Почина октоподот Пол
Чувај ме од Клинички!
Груевски лице в лице со Папандреу
Породувањето се очекува во март
На болните на клиниките ќе им пее оџа
Министерот Неџат Аголи рамо до рамо со Гоце Делчев
Новиот чекор на преродбата
Ноемвриските избори ќе му пресудат на Папандреу
Експерти ќе ги вештачат кодошките досиеја
Кога ќе ги видам бродовите, ми се враќа сликата од трагедијата!
Косор се спаси, останува премиер
Карикатура
Ракометна Македонија ја среди Естонија






Nato to halve troops in Kosovo to just 5,000
Hungarian sludge catastrophe victims may not get compensation, say Greens
Belgian court awards €15,000 to asylum seeker