Број 3089  петок, 18 септември 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Site Meter
Спорт

Илјашова и' става рампа и на Грција

Најдобриот играч на Турција и нов член на Милвоки верува дека неговиот тим може да му се спротивстави на нашиот јужен сосед

Србија во последното коло од групата Ф во Лоѓ очекувано ја совлада Литванија со 89:79, што значи дека македонската кошаркарска репрезентација и официјално го заврши својот настап на ЕП во Полска како десетта. Македонските кошаркари вчера на полноќ задоволни слетаа на аеродромот „Александар Велики“, а селекторот Јовица Арсиќ, заедно со директорот на репрезентацијата Илија Мерџановски, продолжи за Катовице, каде ќе ги следи четврт-финалните дуели во кои ќе се судрат Русија - Србија и Франција - Шпанија (играа вчера), како и Турција - Грција и Хрватска - Словенија, кои играат денеска.

На Грците им успеа да загубат од Франција и да ја избегнат Шпанија, но Турците се закануваат дека идејата не им била добра. Кога сме кај Грците тие вчера беа дел од најголемиот скандал на ЕП. Имено, членот на Портланд, Николас Батум, потврди дека нашиот јужен сосед намерно им ја препуштил победата во групата Ф за да ја избегнат „црвената фурија“: „Се види од стартот дека Грција не е во мечот. Не беше тоа убава слика ниту за нас на теренот, ниту за гледачите. Тоа беше најбизарниот меч кој некогаш сум го играл“, кажа Батум, кој заедно со своите соиграчи не го ни прослави победничкиот шут на Де Коло во последните стотинки од таа средба.

Како и да е, попладнево во уште еден меч на ова ЕП со политички набој ќе видиме дали домашниот есап на Грција ќе успее и на пазарот. Турција игра одлично на ова ЕП. По ред неочекувано лесно ги уриваше Литванија, Бугарија, Полска, Шпанија и Србија за да загуби само еднаш - завчера во мечот со Словенија и тоа минимално 67:69.

Иако, се сметаше дека главен играч кај Турците ќе биде НБА кошаркарот Хидо Туркоглу, сепак, таа улога ја презеде Ерсан Илјашова, кој летово од Барселона замина во Милвоки. Тој е најефикасниот стрелец кај Турците со 104 коша.

„Оваа година станавме вистински тим. Секој кошаркар дава свој придонес за тоа. Тоа е многу важно. Сите 12 кошаркари се круцијални за нашиот успех. Грција ќе биде жесток противник. Стартуваа фантастично, а потоа се опуштија и загубија во натпревари кои не им беа важни. Мора да веруваме дека може да ги победиме“, порача Илјашова.

Во второто четврт-финале вечерва ќе се судрат соседите Хрватска и Словенија. Според, она што досега го покажаа двете репрезентации, Словенците се апсолутни фаворити. И тие како и Турција имаат само еден пораз досега - оној од Шпанија во првичната група 84:90. Станува збор за одлично уигран тим од Јури Здовц. Предводник е Јака Лаковиќ, кој досега реализираше 92 коша, но на високо ниво играат и Еразем Лорбек и Начбар.

Од друга страна Хрватска, иако се пласираше во четвртфиналето, е под константна рафална критика од тамошните новинари и јавност. Никој не е задоволен од тоа како играат кошаркарите на Јасмин Репеша. Но тој и покрај таквиот третман не се предава и верува дека Хрватска може да одигра најдобро кога е најпотребно.

„Словенија игра одлично и тука нема што многу да се коментира. Спој се на младост и искуство, играат добра одбрана, играта им е потечна од нашата, и до сега играа подобро од нас. Но, мора да се каже дека имаа полесен пат до четвртфиналето. Против Франција и Германија ние покажавме дека формата оди по нагорна линија. Ова е голема шанса за оваа генерација“, посочи Репеша. (Н.К)

Резултати од 3.коло во групата Ф



Србија - Литванија 89:79, Полска - Шпанија 68:90, Турција - Словенија 67:69.

Конечна табела: Словенија 4/1, Турција 4/1, Србија 3/2, Шпанија 3/2, Полска 1/4, Литванија 0/5


#
Статијата е прочитана 625 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Спорт
Грабулоски со Хрбати на стартот во Братислава
Рено чекор до повлекување од Формула 1
Интер и Барса без голови, голем пресврт на Арсенал
Македонија и Катар ќе играат на 11 октомври
Во осминафиналето на Купот, најлесно за Работнички
ПВК Работнички се подготвуваат за настапот во Евролигата