Број 3089  петок, 18 септември 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Site Meter
Спорт

Рено чекор до повлекување од Формула 1

Чашата ја прели местенката во Сингапур од Бријаторе и од Сајмондс, но и заминувањето на ИНГ

Гласиштата дека Рено размислува за истапување од Формула 1 добија на интензитет со објавата од тимот дека нема да се брани од обвинувањата за лажирање трка. Рено е обвинет за наредбата од првите луѓе на тимот до својот ексвозач Нелсон Пике намерно да се удри во трката во Сингапур минатата година, со што му помогна на тимскиот колега Фернандо Алонсо да победи. Екипата ја очекува сослушување пред Светскиот совет за мотоспорт при ФИА в понеделник и се соочува со тешка казна, која може да биде и целосно исфрлање од Ф1. Документите до кои дојдоа медиумите, посебно сведочењето на Пике, како виновници го посочуваат тукушто заминатиот двоец од Рено, тимскиот шеф Флавио Бријаторе и шефот на инженерите Пет Сајмондс. Во транскриптите од распитот на Бразилецот пред истражителите, тој тврди дека Бријаторе и Сајмондс не само што побарале од него да се удри, туку отишле дотаму што извадиле карта и покажале точно на кое место од патеката да го стори тоа.

Скандалот ги зголеми сомнежите за иднината на екипата, па се шпекулира дека, дури и да не бидат дисквалификувани од ФИА, тие самите би можеле да се повлечат на крајот од сезонава.

„Високи раководители од ’Рено груп‘ изјавија дека нема да брзаат со каква и да е далекусежна одлука за иднината на тимот, но неговото учество во шампионатот следната година веќе е под знак прашање поради заминувањето на главниот спонзор ИНГ и од веројатното заминување и на нивниот прв возач Алонсо во Ферари“, пишува „Гардијан“. „Формула 1 е поделена околу веројатните намери на Рено. Некои аргументираат дека одлуката за разделба со Бријаторе и со Сајмондс сугерира оти тимот се подготвува да побара милост од ФИА, повикувајќи се и на својата претходна потврда дека ќе се натпреварува најмалку до 2012 година. Други, пак, се убедени дека скандалот само ја зацврстил намерата на Рено да се повлече, но Бријаторе и Сајмондс претходно ќе мора да ја ограничат штетата врз угледот на тимот“.

Некогашниот Ф1-возач Џон Вотсон смета дека интегритетот на Рено веќе е урнисан, и покрај заминувањето на Бријаторе и на Сајмондс.

„Нивното заминување беше единствената ��олуција за Рено. Прашањето не е ’дали тие самите истапија‘? Јасно е дека тие беа исфрлени“, изјави тој за „Дејли мејл“. „Но, ако не го отпуштеа Пике, немаше да дознаеме за оваа приказна. Интегритетот на тоа ’семејство‘ е доведен во прашање“.

Флавио Бријаторе и Пет Сајмондс не само што си ги упропастија своите Ф1-кариери, туку би можеле да се соочат и со обвиненија за криминал во Сингапур, како и со барање за отштета од Ферари, но и од Рено. „Телеграф“ пишува дека Сингапур би можел да побара екстрадиција на двајцата поради „намерно доведување во опасност на возила“ и поради „злонамерно и свесно оштетување имот“. Ферари може да бара финансиски надомест за претрпената штета од тоа што неговиот возач Фелипе Маса не стана шампион минатата сезона за само еден поен, а во Сингапур беше во водство до инцидентот што го предизвика Пике, за на крајот да заврши дури на 13. место. Мотивот на Рено за тужба, пак, би бил нанесување штета на угледот на тимот и на компанијата.

Бријаторе се соочува и со исфрлање од англискиот фудбал како косопственик на второлигашот Квинс Парк Ренџерс заедно со првиот човек на Формула 1, Берни Еклстоун. Според правилата, „акционер или директор суспендиран од призната спортска федерација мора да биде отстранет“. Италијанецот и Еклстоун го презедоа клубот во 2007 година.

Досегашниот тимски шеф на шампионот од 2005 и од 2006 година вчера изјави дека со заминувањето се жртвувал себеси во полза на екипата.

„Само се обидувам да го спасам тимот. Тоа ми е должност. Токму тоа е причината што завршив“, изјави Бријаторе.

 


#
Статијата е прочитана 235 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Спорт
Грабулоски со Хрбати на стартот во Братислава
Илјашова и' става рампа и на Грција
Интер и Барса без голови, голем пресврт на Арсенал
Македонија и Катар ќе играат на 11 октомври
Во осминафиналето на Купот, најлесно за Работнички
ПВК Работнички се подготвуваат за настапот во Евролигата