Број 3288  сабота, 22 мај 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил

Site Meter
Свет

Камерoн и Саркози ќе работат заедно

Нивната првата официјална средба ветува дека ќе има разбирање од двете страни на Ла Манш

Од нашиот дописник
Тони Гламчевски

Париз – Новиот британски премиер, Дејвид Камерoн, своето прво патување во странство го резервираше за Париз, каде што прексиноќа имаше работна вечера со претседателот Никола Саркози. Јасен сигнал упатен како за европската политичка сцена, така и за неговите партнери од Либералната партија дека за новата влада Европа нема да биде ставена во втор план особено за време на криза.

Првата официјална средба на двајцата помина во пријатна атмосфера, што ветува дека од двете страни на каналот Ла Манш ќе има разбирање. Ова може да го осигури и самиот Никола Саркози, кој се' досега одржуваше одлични врски со досегашниот британски премиер Гордон Браун, но Камерун е од истото политичко семејство како Саркози. Двајцата одлучија заеднички да се борат против економската криза, посебно во рамките на Г-20 и Г-8, чие претседателство го презема Франција на крајот на 2010 година. Шефот на британската влада посебно инсистираше на определбата на Лондон да соработува со Париз во рамките на Г-8 и Г-20 со кои Франција ќе претседава од ноември оваа година. Саркози и Камерун, исто така, се согласуваат со идејата на американскиот претседател Барак Обама дека комерцијалните банки не треба да бидат вмешани во ризичните активности. Никола Саркози истакна дека ќе биде среќен да работи со Камерун во Европа, но, исто така, во рамките на Г-8 и Г-20, додавајќи дека заедно со Камерун се подготвени заеднички да размислуваат за патиштата и средствата за да се зацврсти европскиот економски развој.

Во Франција познат како евроскептик, британскиот премиер на конференцијата за печатот особено инсистираше на определбата да работи заеднички со земјите од еврозоната за да се гарантира стабилноста и напредокот на оваа зона.

„Ние одлучивме дека е потребно да се координираме во областа на економијата за да се раководи со буџетските дефицитот. Сакаме да гаранираме дека во рамките на Европа напредуваме кон идната економија, зелената економија“, изјави Камерун во Елисејската палата. Тој истакна дека Велика Британија има причини поради кои не сака да се приклучи во еврозоната и дека таа не е изложена на истите притисоци, сепак, има интерес еврото да биде силна валута. „Имаме право да не се приклучиме кон еврозната и во право сме што остануваме подалеку од еврото“, изјави Камерон по разговорите во Елисејската палата на заедничка прес-конференција со Саркози.

Саркози признавајќи дека ниту тој не бил толку многу проверопски ориентиран на почетокот на неговата кариера, но со времето се променило тоа, мисли дека истото може да се случи и со Камерун.

Дејвид Камерон по посетата во Париз, замина за Берлин каде што се сретна со германската канцеларка, Ангела Меркел, со која претходно телефонски разговарал Никола Саркози. Францускиот претседател и германската канцеларка, Ангела Меркел, во таа пригода разговарале за актуелните економски и финансиски досиеја. Според коминикето на Елисејската палата, како што јавува дописникот на МИА од Париз, Саркози и Меркел постигнале согласност француските и германските позиции да бидат потесно координирани, посебно во рамките на работната група на Ван Ромпуј, посветена на зацврстувањето на стабилноста на еврозоната, која ќе започне со работа на 21 мај.

Францускиот претседател и германската канцеларка се договорија заеднички да го подготвуваат европскиот самит закажан за 17 јуни, посебно делот околу усвојувањето на европската стратегија за економски пораст исто како и самитите на Г-8 и Г-20 што ќе се одржат во почетокот на јуни во Канада.

Саркози ја прифати поканата на Ангела Меркел да ја посети во Берлин на 7 јуни. Покрај координирањето на француско-германската политика во перидот на криза, телефонскиот разговор меѓу Саркози и Меркел имаше цел, пред се', да му стави крај на гласиштата за недоразбирањата и разидувањата меѓу двете престолнини околу излезот од актуелната криза во која се наоѓа еврозоната, што се појавија во средствата за информирање.


#
Статијата е прочитана 401 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Свет
Најмалку 160 лица загинаа при уривање на авион при слетување на писта на аеродром во Јужна Индија
Психијатрите ги прогонуваат полицајците
Премиерот најави помирување
Се бара укинув��ње на трговското ембарго
И покрај санкциите, Русија ќе му даде „С-300“ на Иран