И покрај санкциите, Русија ќе му даде „С-300“ на Иран
МОСКВА - Висок руски сенатор вчера изјави дека санкциите за кои размислуваат светските сили против Иран нема да влијаат врз сегашните договори на Русија со Техеран, јавува новинската агенција Интерфакс.
Изјавата на Михаил Маргелов, претседател на Комитетот за надворешни работи на Советот на Федерацијата, следуваше откако некои дипломати изјавија дека санкциите за кои се размислува би ја спречиле Русија да му испорача ракети земја-воздух „С-300“ на Иран, во согласност со постојниот договор.
Израел и САД побараа од Русија да не го исполнува договорот за испорачување ракетни системи „С-300“ на Иран, иако дипломатите истакнуваат дека Москва би сакала да ја задржи нарачката како адут во преговорите со Техеран. (Ројтерс) |