Медијатори на ОБСЕ ќе го решаваат струшкиот случај
Премиерот Груевски очекува дека набрзо ќе се најде решение и ќе преовладее разумот
Симон Илиевски
СТРУГА - Канцеларијата на ОБСЕ испрати квалификувани медијатори за надминување на проблемот во средните училишта „Нико Нестор“ и „Ибрахим Темо“ во Струга каде што учениците-Македонци веќе втора недела ја бојкотираат наставата. Ова вчера во Струга, на состанокот на Општинскиот совет за превентива, го најави Хана Шнајтова од Канцеларијата на ОБСЕ во Скопје. Во дискусиите на состанокот на Општинскиот совет за превенција можеше да се слушне дека се' уште има спротивставени мислења околу воведувањето на посебните јазични смени како решение за надминување на меѓуетничката затегнатост во двете средни училишта. На крајот беше заклучено со посредство на ОБСЕ во наредниве два-три дена да почнат разговори со училиштата и со родителите, а долгорочно да се изнајдат решенија за изградби на нови училишни згради.
„Сегрегацијата на учениците е лошо решение, но при донесувањето конечна одлука, сепак, приоритет треба да има безбедносното одвивање на наставниот процес. Воведувањето етнички смени е краткорочно решение, но со долгорочни негативни последици“, рече претставничката на ОБСЕ, Хана Шнајдова. Објаснувајќи дека за да помогнат од ОБСЕ ќе испратат свои медијатори, бидејќи не смее да се дозволи струшките пример да го следат и други средини во Македонија. Таа ги охрабри сите структури поврзани со случајот да изнајдат трајно решение со кое учениците ќе се вратат на настава и ќе почне да се возобновува изгубената меѓуетничка толеранција.
Различни ставови околу бојкотот на наставата на учениците-Македонци во средните училишта „Нико Нестор“ и „Ибрахим Темо“ имаа и директорите Маре Савевска и Муса Мусаи. Директорката на „Нико Нестор“, Савевска, и натаму стои на ставот дека воведувањето на посебните јазични смени засега е единствено решение за враќање на учениците-Македонци на настава и избегнување на зачестените тепачки меѓу учениците-Македонци и Албанци.
„Не знам зошто некому му пречи до изнаоѓањето трајно решение посебните јазични смени да бидат привремено решение. Во Струга децата се јазично поделени и во градинките и во основните училишта, а посебни јазични смени или посебни училишта има во речиси сите поголеми повеќеетнички средини во Македонија“, рече Савевска. Таа додаде дека досега никој не се прашал зошто во изминатите десет години во двете средни училишта Македонците и Албанците не биле на заедничка екскурзија или на матурска вечер.
За разлика од Савевска, директорот на гимназијата „Ибрахим Темо“, Муса Мусаи, смета дека до изнаоѓање решение учениците треба да одат на настава. Тој е против воведувањето посебни јазични смени и за учениците што не доаѓаат на настава вели дека треба да бидат соодветно казнети.
Според заклучоците, заедно со медијаторите од ОБСЕ деновиве треба да почнат разговори во училишните органи, советите на родители и наставниците за наоѓање краткорочно решение и продолжување на наставниот процес. Долгорочно, како што информираше градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко, заедно со Владата треба да се изнајде начин за изградба на нови училишни објекти зашто сега во еден ист стеснет простор учат 3.000 средношколци, што е под сите стандарди за нормално одвивање на наставата. По средбата беше спомнато дека и натаму децата треба да бидат надвор од политиката и да не се дозволи мешање на политичките партии пред и за време на локалните и претседателските избори.
Прашан за случувањата во училиштата за средно образование во Струга, каде што е прекината наставата, премиерот Никола Груевски вчера истакна дека се работи и се разговара со сите институции. Премиерот Никола Груевски притоа изрази надеж дека ќе се најде некое решение, бидејќи во интерес на сите, како што рече, е разумот да преовладее.
1. Настава на различни јазици е јазична сегрегација. Таква постои во повеќе градови во Македонија. Во Скопје,и во некои други градови, има јазична сегрегација на македонски, англиски, турски јазик, ромски (градинки, основни и средни училишта, факултети). Се разбира и во Европа. Според тоа, дали ќе се оди во едена смена или не, сегрегацијата си постои. 2. Предлогот за јазични смени, во случајов, е од практични причини т.е. да нема тепачки меѓу учениците. Виновните ученици се уште не се казнети! 3. Поканата на “меѓународната“ да го реши случајот кажува од каде дува ветерот и кој го дува.
Од: rekanec
Датум: 20.02.2009 09:00:27
КАКВА срамота море каков обсе КАКОВ бакрач.ТРЕБА еднаш за секога да сватеме дека досега не сме имале политичари,НЕГО ,ХУЛИГАНИ, кој ги интересира само да се наполнат со пари.ЗОШТО може за ситни работи се носат закони за не видени високи казни.И ОВДЕ треба казни за родителите и ДЕЦАТА. а не да се меша политика со деца,,ГРУЈА и АХМЕТИ опсе нека и стави не ограничено во една просториа од 2на 2 и ни јадејне ни пиејне ни мочајне додека не го решат ОВОЈ проблем.ОВА НЕЈЕ голем проблем само некому одговара како заедно не може да се живе.ДЕЦАТА сегде се закачат ЕВЕ кај нас 25 деца до 4 оделение одат заедно а иста вера се па се тепат.ДАЛИ тука има политика?ова што се прави во СТРУГА е само политика.кој профитира треба да ОДГОВАРА.способни луѓе ни требат не пилиштарци.
Од: trpana
Датум: 20.02.2009 09:38:22
Vklucuvanjeto na OBSE kako medijator vo resavanjeto na problemot vo Niko Nestor e golem sram za Makedonija! Kako moze da se ocekuva Vladata da gi resava golemite problemi vo drzavata ako ne moze da go resi problemot vo edno sredno uciliste? Kako moze Premierot Gruevski da se dogovori so Ali Ahmeti za megjusebna poddrska za lokalnite i pretsedatelskite izbori, a ne moze da go resi problemot vo Niko Nestor? Kako mozeme da bideme seriozna drzava so vakva vladeacka garnitura ne moze da ovozmozi elementaren sozivot megju decata a kamoli megju vozrasnite! Krajno vreme e ovaa Vlada da pocne da raboti vo interes na svoite gragjani ili da si odi!!!!!!!!
Од: Trajko
Датум: 20.02.2009 10:15:20
Neka ni e so sreka,do koe dereze stignavme.So ovaa vlast Struga ,Bejrut ke ja pravime.
Од: mice
Датум: 20.02.2009 10:45:32
100% ke go resi samo neka pominat izborite pa togas ke ni ja place majkata
Од: Irina
Датум: 20.02.2009 12:21:25
Navistina zalno sto se slucuva ova vo Struga a uste pozalno e sto mislam deka ima politicka pozadina,navistina treba da preovladuva razumot a ne zaslepenosta od odredeni raboti.Se nadevam deka slucajot konecno ke bide resen.