Број 3662  понеделник, 22 август 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Насловна








Site Meter
3662

СДСМ не го дава Црвенковски

Иако имаше лидерски оставки на минатите изборни порази, овој пат социјалдемократите ќе почекаат за одговорноста на Црвенковски

Билјана Јовановска


На „Бихаќска“ активностите продолжуваат безмалку како и пред изборите и таму никој не размислува за повлекување на Бранко Црвенковски од лидерската позиција. Наспроти шпекулациите во одделни медиуми, такво нешто не е на повидок бидејќи сега состојбата во секој поглед е драстично сменета во споредба со претходните парламентарни избори кога Бучковски и Шекеринска заминаа од партиското кормилото по изборните порази.

Ниту Радмила Шекеринска ниту Владо Бучковски, кои минаа низ постизборно искуство со давање оставки, не сакаат да разговараат на тема повлекување на Бранко Црвенковски. Сметаат дека партијата сега има други приоритети и предизвици на кои мора да го фокусираат сето внимание и ангажман.

Шекеринска во изјавата по соопштувањето на резултатите порача дека победата е пирова, а Црвенковски најави дека жестоката политичка битка следува. Бучковски, пак, во интервју во „Дневник“ двосмислено рече дека треба да се направи анализа дали СДСМ има капацитет да изгради систем што ќе гарантира на следните избори да добијат 450 илјади гласа, кои се потребни за победа.

За тоа дали партискиот шеф ќе остане, со писмена изјава се огласи единствено партискиот Центар за комуникации, од каде што велат: „СДСМ има освоени 150.000 гласа повеќе отколку на претходните предвремени парламентарни избори, што е зголемување за 65 отсто на целото гласачко тело. Кога генерално ќе се соберат опозициските гласови, се гледа дека Никола Груевски ја пресече Македонија како со нож и ја има изгубено довербата. Не гледаме кој друг би можел да ја насочи опозициската енергија против оваа забегана и насилничка власт, освен Бранко Црвенковски“.

Анализите во СДСМ се дека опседнатоста на ВМРО-ДПМНЕ и Груевски како што велат, со изборната мантра „на Црвенковски да му кажеме збогум“, не даде плод. Внатрепартиски извори велат дека Црвенковски кого власта го нарекува истрошен транзиционен политичар со неговите настапи на митинзите ги изненадил дури и луѓето од најблиското опкружување, вклучително и оние што можеби го посакуваат неговото место.

Друг аргумент на социјалдемократите за останувањето на Црвенковски се и шпекулациите дека Груевски е шокиран од фактот што 370.000 гласачи не и' веруваат на неговата преродбеничка политика, а политичарот кому сакаше да му го види грбот, изгуби со само 70.000 гласа разлика. „Ова покажа дека СДСМ е многу поцврста од кога и да е порано, а политичарот на кого Груевски не успеа да му каже збогум, сепак, постигна резултат што никој не го очекуваше“, велат партиски извори.

Сепак, во СДСМ претстои гласање за доверба на партискиот врв. Блиската партиска историја покажа два примера на повлекување на лидерите по изборен пораз. Во 2006 година кога со СДСМ раководеше Владо Бучковски, од партискиот врв во кој беше и Радмила Шекеринска, излезе иницијатива за негова оставка што резултираше со изгласување недоверба на лидерот.

Истиот принцип беше применет и две години подоцна кога Радмила Шекеринска изгуби на предвремените парламентарни избори и се повлече од партискиот врв.

Во 2006 година, колку за потсетување, на парламентарните избори СДСМ освои 218.463 гласа (или 23,31 отсто), а ВМРО-ДПМНЕ ја доби довербата од 304.572 гласачи, што изнесува 32,50 отсто. Во 2008 година на предвремените парламентарни избори во кои Шекеринска му беше главен конкурент на Груевски, СДСМ доби 233.284 гласа (23,64) а ВМРО-ДПМНЕ 481.501 глас (48,78 отсто).

Сега резултатите се многу поповолни за социјалдемократите. Сашо Орданоски, новинар и политички аналитичар, вели дека СДСМ на чело со Црвенковски „оствари извонреден изборен резултат ако се знае од каде тргнаа во ноември минатата година и каде стасаа на 5 јуни“.

„Тие ги изгубија изборите во однос на своите директни конкуренти ВМРО-ДПМНЕ, но придонесоа за тоа целокупната опозиција да освои повеќе гласови од власта. Со други зборови, господинот Груевски има поголем неуспех на овие избори отколку господинот Црвенковски ако се гледа поддршката од јавноста“, вели Орданоски.

Но, сепак, додава Орданоски, тоа не може да го затвори прашањето во СДСМ за тоа дали Црвенковски ќе остане на чело на партијата и таа расправа во СДСМ допрва следува. „Јас во овој момент не гледам замена за Црвенковски на кормилото, но гледам очигледна потреба таква замена во наредниот период да се гради бидејќи определувањето по ова прашање ќе ја определи судбината на СДСМ во годините што доаѓаат“, вели тој. (Б.Ј.)

 


#
Статијата е прочитана 6067 пати.

Испрати коментар

Од: demokrat
Датум: 11.06.2011 00:12:26
Crvenkovski veti povlekuvanje od partiskoto kormilo dokolku izgubi na ovie izbori. Ova mi mirisa na uste edno negovo neostvareno vetuvanje...!
Од: Laska
Датум: 11.06.2011 00:21:10
Насловот треба да гласи обратно: Црвенковски не го дава СДСМ......
Од: Боре
Датум: 11.06.2011 00:24:39
А зошто пак да го даде? СДСМ забележи дуплирање на бројот на пратеници на овие избори и тренд на раст на довербата кај народот токму кога Црвенковски се активира во партијата. Не се луди овој позитивен тренд сега да го прекинуваат.
Од: Gox Skopje
Датум: 11.06.2011 00:35:04
Slobodno neka ne go davaat...DPMNE-ovcite uzivaat vo toa ! So takov nacin na razmisluvanje,vlasta pod nivna kapa vo 2111 !
Од: Branko dobi ne izgubi
Датум: 11.06.2011 01:22:35
Зосто Бранко да даде оставка,Бранко не изгуби Бранко доби од 18 на 43 пратеници,Грујо е тој со изгуби и со треба да си даде оставка од 63 доби 53 и кој е сега победник кој губитник,и тоа со шпекулаци и камуфлажа,со притисок и со насилство ,самиот Грујо знае како дојде до овој степен Со Бугарскиот воз,ама лубе му каза убаво-му ги отвори на овој народ очите и допрва вистината ке излегува на виделина.
Од: boban
Датум: 11.06.2011 01:35:02
NIE clenstvoto od SDSM barame i sakame Branko da ostane na celo na SDSM oti dodeka toj ne se vrati nazad partijata bese katastrofa i so toa ni se potvrdi katastrofalniot poraz vo 2008god.Ana ovie izbori ne bese porazen Branko tuku golemata propagandna masinerija na Gruevski koja go vozdigna Branko i SDSM za 150 000 glasa.
Од: zoran
Датум: 11.06.2011 01:45:37
go zanemaruvate faktot shto poradi golemata izleznost malite politicki partii ne dobija pratenici odnosno site se sleaa kaj SDSM. druga rabota e shto imase mnogu mali desnicarski partii za koi narodot glasashe, ne donija nitu eden pratenik i koi zaedno imaa da receme okolu 50 000 glasovi. e tie mali partii do narednite izbori najverojatno nema da postojat.
Од: Marshalov napad
Датум: 11.06.2011 01:54:22
Chestito "pobeda" socialdemokrati, Branko za dozivoten vozd, a "gubtnicite" ushte tolku na vlast! Koi se za "eksperti", so decenii, uporno se promoviraat vo Makedonija, glava boli!?
Од: панче
Датум: 11.06.2011 04:08:05
Како дете на тогашен полковник одлично воспитан,како ученик да се чудиш завршил во тоа време Електро технички факултет.За разлика од останаливе претседатели на партии Бранко е поим за ним во секој поглед,кој сака да биде реален.Може ли Прилепскиот факултет во тогашно време или правниот да го заврќжшиш кога си на функција или недај боже со отсек за полицаец во Загреб-нема тука равенство,нека го остават човекот на мир.Тој е само сопруг,татко како и сите други а да не зборуваме за онија кои не успеале до сега нити да се оженат.
Од: USA
Датум: 11.06.2011 04:39:16
Nikoj ne razmisluva za ostavka na Branko??? Pa se znae, tamu samo EDEN razmisluva i znaeme koj smislil da bide taka. Od zivost vo partijata, nemoj na kraj da ispadne " Tifusari,.......za mnom" i da se ispodavat. Duri togas ke se dokaze deka nikoj ne razmisluval.........ne samo za ostavka.
Од: switzerland
Датум: 11.06.2011 05:28:27
prikaski za mali deca, aj da ve potestam samo edna rab velite sega so BC osvile 150 000 glasa poveke ama zasto ne kazete deka vo 2008 sdsm bese sama na izbori a ne kako sega vo koalicija so site partal partii okolu nea i imaa 150 000 glasa poveke daj ve molam nsdp imaa 11 pratenika i site dr satelitski partii sega zaednoo pa normalno ke imaat poveke glasovi , ne sum partiski opredelen ama bidete iskreni so podatocite so gi iznesuvate ne samo da davate pozitivna ocenka na BC stavete go na test i glasackoto telo so glasalo za vmro dpmne so nema golema razlika od izborite vo 2008 poozzz
Од: ФЕЛИКС
Датум: 11.06.2011 07:48:46
Што треба да се случи да по петти изборен по��аз бихаќкиот лидер поднесе оставка,треба ли шести,седми па да некој јавно побара оставка,оти на дотичниот поразен носител на 150.000 нови гласови не му паѓа вакво нешто на памет.Не ,,подуја,, со прокламираното сваќање демократија ама кога се работи за личен интерес тогаш,,нисмо одавде,,.Тој станува дневно-ноќна мора за сопствената партија која ако продолжи со него ќе имаат вакви изборни репризи.Да го парафразирам Ордановски ,,годините што доаѓаат со него како лидер ќе ги изедат скакулци,,
Од: euro
Датум: 11.06.2011 08:13:30
Zosto so sila sakate da napravite ubavina.Poraz e poraz pa makar bil i ''samo'' so 70000 glasa.Navistina sto stana so nasive novinari,ne ne ubeduvajte deka crnoto e belo
Од: flying-monaco
Датум: 11.06.2011 08:46:32
I PO TITO..-´´TITO -Da zivee demokratijata..Onamu kade ja ima...napr. Cuba-Venecuela, Severna Koreja i SDSM.....kon niv so ideologija na BC.
Од: glasac
Датум: 11.06.2011 08:51:27
SDSM treba da im bide blagodaren na LjubCo Georgievski i Ljube Boskovski koi od vmrovskoto redovno glasacko telo otkinaa 50 iljadi glasovi i so toa pridonesoa SDSM da ima podobar izboren rezultat od poranu. Ovie glasovi nikogas nema da odat na kontoto na SDSM.
Од: jas
Датум: 11.06.2011 09:27:17
ајде бе, оди си.
Од: Logika
Датум: 11.06.2011 09:31:28
Toj sto primmil poveke glasovi od narodot E na kormiloto na drzavata. A SDSM dodeka e so BC ke si ostane SeDeSeMoe. BC vika - pobedivme, Zaev - ke jademe lugje, Shekerinska - ke apsime. Bez niv SSDSM ke bide SeDeSézaMakedonija!
Од: patriot
Датум: 11.06.2011 09:52:26
poglednete vo dnevnik vo kolumnata na buc pa ke vi stane jasno sto mislit covekot .vtoro bc nebese ni kandidat nitu nositel na lista treto sdsm dobi tolku glasovi samo zatoa sto se vide deka so bc sansite vi se daleku polosi za dobar izboren rezultat sto znaci novi lica i nov presedatel moderen aktiven so vistinski socijal-demokratski profil i aftenticna socijalna programa takvi ima mnogu vo mk posto imame takva tradicija so godini nanazad
Од: koj e ovde lud?
Датум: 11.06.2011 10:49:03
Interesno, simpatizerite i clenstvoto na SDSM sakaat Branko da ostane, a sipmatizerite i clenstvoto na DPMNE "dobronamerno" go sovetuvaat da si odi, za "dobroto" na partijata i na Makedonija. Samo d gi potsetam ovie vtorive deka takov tranzicionen i los Branko gi dobi pretsedatelskite izbori 2004, a ottogas i da sakal ne mozel da napravi nekakvo zlo za Makedonija. Znaci, celoto negativno raspolozenie kon nego, slabiot rejting, "dobronamernite" soveti, se samo plod na petgodisnata neprekinata kampanja na Grujo i ekipata za ocrnuvanje na najvidnite opoziciski politicari. Del od ovaa politika se i obvinuvanjata za Buckovski, Zaev, a sega i za Boskoski. Vo edna takva situacija, kogo treba, spored niv, opozicijata da postavi za lider?
Од: 3G
Датум: 11.06.2011 11:18:15
Da, spored Buckovski, sdsm ne napravil skok od 18 na 42 tuku od 18 na 29, znaci 11 pratenici poveke. I za tie 11 pratenika bese pokrenata cela administracija i cel narod na izbori, demek politikata na DPMNE e zabegana i opasna i Makedonija mora da bide spasena. Sega ispadna deka ne bilo do Makedonija tuku sdsm si napravi luksuz da pokrene izbori za da dobie + 11 pratenici i toa se slavi kako triumf. Na prvite izbori sdsm imase 28 pratenici, DPMNE 36 no sega ima preku 40. Koj ke bide lider na sdsm i dali ke pobeduvaat ili gubat e nivna rabota. Problemot e sto po 20 godini pluralizam tie se nametnuvaat nad Makedonija i nad site kako edinstvena partija so prirodno pravo na vlast. A toa veke ne e pluralizam. Za nivniot mitingaski stil i balvan revolucija od 80-te ne bi trosel vreme a na zapadot ne bi mu preporacal nitu banja a kamo li partnerstvo so zemja so takva partija. Nitu so Ljubco i Ljube sdsm nemase sila da go otkorne DPMNE cii koreni dopiraat do antikata na Aleksandar i Filip.
Од: miki
Датум: 11.06.2011 11:28:28
Cestito pobeda SDSM daj boze uste vakvi pobedi da redite so Branko na celo, site od VMRO ke bidat najsrekni gubitnici. Aj pa moze nekogas ke ja osvoite vlasta.
Од: clen na sdsm
Датум: 11.06.2011 12:06:26
samo na olimpiski igri vtoroto mesto se smeta za uspeh,a ako ja pogledneme realnosta BC so svojata samobendisanost arogancija samo mu dade uste 4 godini vlast na gruevski.Sega A1,SPIC VREME i drugi ''drugarski'' mediumi mozat da ni kazuvat deka BC ke bide i pretsedatel na obedinetite nacii ama realnosta e taa, koj ne veruva ke vidi za 2 god. na lok.izbori.A na g.Ordanovski kako ''ekspert'' za se i sesto ke mu poracam ima vo SDSM mnogu kvalitetni luge sto ke mozat da bidat uspesni lideri samo izgleda pak nema da im bide dadena sansa koja ja zasluzuvaat a ako ne veruvate poglednete koj ke sedne vo prviot red vo perlamentot od strana na opozicijata 90% se drugari od ''maalo''. pozdrav
Од: Пензии 8%
Датум: 11.06.2011 13:02:23
Радмила е таа што треба да си замине , Бранко освои 150,000 гласови повеќе од неа ...... за другите весели математики имам само да кажам утешение грешним ...ама слабо !
Од: Gjole
Датум: 11.06.2011 13:18:47
do koga samo toj? imat nekoj drug vo sdsm osven branko?
Од: Trojan Mladenovski
Датум: 11.06.2011 13:27:56
Predvremenite izbori go troshat najgolemiot drzaven budjet,sega e vreme za ushte eden pred-vremen izbor -toa se izavite posle izborite na Crvenkovski; Gledate shto napravivme iako bevme slabi, ke vidite shto ke storime sega koga sne tolku pojaki; ( ostavki se mozni posle).
Од: milan
Датум: 11.06.2011 13:56:57
G-ine marsalov napad znaete deka marsalov napad e varijanta na spanskata partija, a vie ste podvarijanta na partijata na vlast.Vo partijata Marsal-Kapablanka se pokazaa site slabosti na varijantata,togas Marsal izgubi.Mnogu podocna Spaski najde pojacuvanje na varijantata.Neznam zosto vie feliks i slicni se mesate vo sah. partijata na Branko koja veoma uspesno ja igra i treba da pobedi koga togas.Ako toj slabo igra toa e vo vasa korist.No po se izgleda dobro igra pa zatoa taka pisuvate.Vie stalno ne sovetuvate da se resime od B.C.pa i jas da ve posovetuvam trgnete se od lugeto koj ne znaat sah da igrat i nemojte poveke da im nosite spisoci na glasaci koj ke imat obvrska da go snimat glasackoto livce.Rabotnoto mesto vi e garantirano so SDSM razbira se ako imate pogolem kvalitet od sahovskiot.
Од: Jone od Ohrid
Датум: 11.06.2011 13:57:10
Branko mozda pred nova godina ke pobara predvremeni izbori. grckono lobi ne mu dava mir
Од: dedo dimo
Датум: 11.06.2011 14:07:42
Pa takvite neshta ne se davaat se chuvaat vo muzej .Jas mislam i partijata na SDSM po stapkite na Crvekovski ke postani proshlost i ke zavrshi zaedno so nego vo Makedonskiot muzej.
Од: Marjan
Датум: 11.06.2011 14:25:54
Slavenjeto na porazot i pravenjeto na heroi posle porazot e svojstveno na nasiot narod.Najgolemiot adut na VMRO-DPMNE e Branko Crvenkovski.Dodeka toj ja vodi SDSM Gruevski ke pobeduva na site izbori.Od druga strana mladi obrazovani ljuge koi se vo partijata nemozat da dojdat do izraz i da ponudat novi napradni idei za dobro na site.Toa nas kako narod i ni treba.Borba na idei a ne borba na sueti.Branko treba da si odi za dobrobit na site nas ostanatite.
Од: Orce
Датум: 11.06.2011 14:56:57
Pocituvani, zarem mislite deka ogromniot broj neopredeleni, koi go osetija na svoja koza vladeenjeto na B.C, kje glasaat za SDSM dodeka e toj lider. Zosto site mladi inteligentni lugje izbegaa i se otkazaa od nivnata politika? ostanaa samo decata na bivsite direktori -hohstapleri da bidat glavni lica vo SDSM - zatoa dodeka ne se smeni toa vnatre vo partijata, nema nikogas da se vratat na vlast vo Makedonija
Од: македонец
Датум: 11.06.2011 15:03:12
Е па коа се глупи нека не го даваат Бранко ДРЖАВНИКОТ... ако го избркаат од партија дефинитивно ќе победат на некои наредни избори... овака, со неговиот товар од минатот овие освоени мандати им се максимумот...
Од: nikoj
Датум: 11.06.2011 15:23:12
ako si odi bc ke nema latas na kogo javno da bludnici vaka neka sedi neka brani golovi
Од: Prilepcanec
Датум: 11.06.2011 15:31:39
Nekoj ovde veli-g.crvenkovski da si dade ostavka takov bil redot!Se sekav li nekoj-ili od pomladite cital li nekoj deka na KP Francija decenii na red pretsedatel bese Marse,vo Italija Toljati...G.B.Crvenkovski e sozdaden vo partijata i treba da ostane da ja vodi.po negovoto vrakanje vo nea,po pretsedatelskiot mandat vo ovaa partija-ajde toa e od skoresen datum,setete se kolku mladi obrazovani lugje od univerzitetot vo Skopje dojdoa vo SDSM.Tie sigurno ne dojdoa vo Partija sto ke iscezne od politickata scena,tuku za liderot.Jasno,i tie se vgradija vo Partijata-Gordan,Ana,jovanovski,Pendarovski-siteso svoi mesta na Univerziteot.Ajde potsetete gi citateli koj pak mu prijde na g.Nikola Gruevski za da odi pod negovo vodstvo? A ovie momci koi izbrale da ziveal vo Svajcarija,Amerika,Avstralija-tamu neka si go gradat zivotot..Na spisokot na SDSM ima mali partii,kako sto ima kaj VMRO-DPMNE no ne se registrira nivnoto prisustvo vo "izbornata pobeda".
Од: aleks
Датум: 11.06.2011 15:47:17
Neznam neli im stana jasno na socialdemokratite deka crvenkovski nikogas nema pobedeno na izbori osven vo 2002 koga i da bese kandidiran amdi bajram ke pobedese ovoj sto poskoro treba da se trgne i da ne maltretira cela makedonija za sreka nikogas povtorno nema da se vrati na vlast sega nema protivnik od tipot na ljubco koj mu ja dade vlasta na poklon ima mnogu posilen protivnik goj ima izgradeno avtoritet.
Од: Gragjanin na RM
Датум: 11.06.2011 16:01:34
dpmn-ovci i ostanati cestriti site gragjani na RM A bre kade ima na svetov dusegriznicki dpmne sovetuva BC da se trgne od kormiloto na SDSM za dobroto na sdsm. PA neli treba da bidat srekni ako BC ne go biduva i e propadnat itn ILI pak im e Nokna mora. A bre covekot si ima harizma... Toa si rabota na sdsm dali ke si menuvaat ili ne i kaako i koga Vas mi se mesa nekoj, A???????
Од: Феличита
Датум: 11.06.2011 16:29:39
Среле,ќе кажеш ли колку мртовци и 120-годишњаци гласа за Овчарот на овие избори?
Од: Мирослав
Датум: 11.06.2011 16:39:18
Кога завршија изборите во 2006 Бучковски не сакаше да се повлече туку тражеше анализа, па потоа ако се најде вина во него - да се повлече, но Црвенковски беше тој што не дозволи да се прави анализа туку бараше оставка. Денес, иако вети во неколку наврати дека ако НЕ ПОБЕДИ ќе се повлече целосно од политиката, затоа што тој се активирал за да ја смени власта. Иако не успеа да ја смени власта, вели грешката не била кај него туку кај народот. Значи бега од секаква одговорност, а најмногу од своето ветување. Исто и СДС рекоа дека засекогаш ќе го сменат Бранко ако не ги однесе до победа, но и тие подвија опашките. Како да им верува народот за посериозни работи, ако не се придржуваат до оние наједноставните?
Од: Stojko
Датум: 11.06.2011 16:57:27
@Feliks> Taka samo prodolzi si, zaraboti si ja plata. Za zalenje si.
Од: dijana
Датум: 11.06.2011 18:29:35
bre vmroovci edni,vas so vi e gajle koj e na kormiloto na SDSM?Vie si ste vo vlasta,ubavo vi e....vi se mesa li vas nekoj koj da go zameni firerot vas?Samo vaka kako so trgnal neka prodolzi,SDSM ke dojde na vlast,na celo so Brane...A glasovite od brat Ljube i Ljupco se znae na cie konto legnaa,na dpmne(zar vmrovski glas vi dosol vo sdsm)so znaci vie ste gubitnici na ovie izbori...pozdrav
Од: jimmy1
Датум: 11.06.2011 18:39:33
VMRO-Ovcickive se plasat i od senkata na Branko, pa duri i go sonuvaat. Koj e podobar politicar od Branko, ovcarot vas???? Site ste zaspani, eden ne ste za kabos.
Од: WWW UYT
Датум: 11.06.2011 20:52:44
A zarem nekoj go saka ili bara za lider hahahaha!!!
Од: slave ..KONOPISTE
Датум: 11.06.2011 20:54:15
pozzzzzzzzz za BAKI....on e TITANIK vo MK najdobro da ode vo LIBIJA sega Gadafi ke odevo penzija BAKI ima dobri sansi ...
Од: levicar
Датум: 11.06.2011 20:58:56
Crvenkovski e heroj,treba da go izbereme za dozivoten pretsedatel na SDSM !!!!!! Toj e porazen od Gruevski no e podobar od Rada i Bucko .Eve istoto go kaza i poltronot Ordanovski.
Од: Od fakelaki
Датум: 11.06.2011 22:13:40
Naj ubavoe koga samite se unistuva.....................
Од: do neinformiranite
Датум: 11.06.2011 22:52:16
Zosto glasovite od malite desnicarski uslovno kazano partii gi stavate zaedno so glasovite od SDSM i drugite levi i centristicki partii?Treba da se gledaat nadvor od levicata.Desnicata dobi polovina milion glasovi i ubedlivo ja pobedi levicata i na ovie izbori.
Од: niko
Датум: 11.06.2011 23:27:48
....Го молам операторот,да не ги објавува коментарите од типот на SWITZELAND и слични на него, кои за голема жал не завршиле ниту второ одделение и не знаат дека во македонскиот јазик се употребува..точка, запирка, голема буква и така натаму.....не се пораснати да кажуваат за Бранко Црвенковски....сеуште се мали и не писмени....
Од: c
Датум: 12.06.2011 00:33:10
Sasho Ordanoski? Toj uste ziv e?
Од: marjan.pp
Датум: 12.06.2011 07:23:20
site sto dadoa ostavki od malite partii imaat debakl,a samo crvenkoski e vo plus 170000,i zatoa nema osnov za ostavka,i za toa neka ne go boli glava nekogo.poleka-poleka se ke si dojdi na svoe mesto
Од: Коцин-Сиднеј
Датум: 12.06.2011 07:54:33
Останувањето на Б.Ц. во СДСМ ќе биде од голема штета и за СДСМ и за ВМРО односно за Македонија. Времето на тој човек му помина и од него не се виде многу аир, само афери и омрази кон националните партии од што корист имаше и има само албанскиот блок на кого му оди во корист антимакедонската политиката на Црвенковски.
Од: eden i edinstven
Датум: 12.06.2011 10:41:23
Taka e Branko, samo taka! Nie treba da svatime deka ti si eden i edninstven za taa pozicija i deka se drugo e greska. Vremeto raboti vo tvoja korist i nie ti vetuvame deka ke ja naucime lekcijata "Eden i edinstven" i poveke nema ni da pomisluvame a kamoli da prasame dali e mozna tvoja smena, posto site veke go znaeme odgovorot. P.S. Gospode, tolku li mnogu sme gresele da vaka moras da ne kaznuvas 20 godini i kaznava da nema kraj?
Од: GOCE.D
Датум: 12.06.2011 11:04:04
vo partija na slepci i ednnookiot moze da bide CAR. lomunjari na mnogoja leta nek vi e bane.
Од: девичанецот
Датум: 12.06.2011 12:53:11
Во СДСМ треба да поднесе оставка тој што во Декември минатата година им нареди на пратениците да излезат од пратеничките клупи..и како папагали да се облечат во жолтите маици..со тропање..Избори..Избори.. А тоа е секако, пензионерот...Б.Ц. Анализите на авторот и на Сашо продадениот заедно со Фрчко, како с��каат нека покажуваат, ама и наредните избори кога и да бидат...гарантирано ги губат. Сите гласови што им ги земаа сестра Љубе, Филип, па и ЛДП, ќе се вратат во избирачкото тело на победниците со уште поголем број.
Од: bezanec
Датум: 12.06.2011 14:10:32
ДПМНЕ- со вашата политика и економија,ја закопавте Македонија до гуша,место да се занимавате со Бранко Црвенковски,осврнете се на економијата,ако вие сакате да јадете корење никој не ве сопира,јадете,но јас сакам слободна и приспиритетна Македонија,каде секој ќе се натпреварува во своето знаење. А за коментарите околу Б.Ц. како миливате да кажете,сте луѓе без свое јас,грујо ве осиромашти толку што чекате трошка да ви фрли а за швајцарецот ако е толку добар грујо нека се врати во Македонија,нека си го види ксметот,лесно на друго место да живеам и заработувам,како слободен граѓанин а грижа да водам каде се заработува по 100 евра за месец е батка ако си маж ела тука.
Од: mm
Датум: 12.06.2011 23:35:15
PA NEKA SI GO CUVAAT

Најди! во Утрински
Македонска верзија

Поглед
Жаклина Ѓорѓевиќ
МЕРИДИЈАНИ
Дејвид Блум
Мислења
Пламен Пантев
Панорама
Чудесен поглед на двете езера

Пет минути интервју
Никогаш не знаеш со кого си имаш работа

Ребека Јанковска-Ристески, пејачка
Анџелина Џоли на Бриони
Би сакала да глумам со Раде Шербеџија

Архитектура
Архитектонска арија во Кина

"""