21.08.2011, 16:04 Што прават денеска
Насе Насев
поранешен директор на МОК
Иако сум во пензија, секој мој ден е исполнет. Задолжителен утрински футинг од 7,30 ч. - трчам од 4 до 6 км на кејот на Вардар. Утре заминувам за Охрид, но и таму ништо не менувам од мојот утрински тренинг, само што трчам по охридските плажи. Попладне играм табла со пријателите, а тоа е големо задоволство за мене.
Марина Стојановска
ПР-менаџерка
На мое огромно задоволство, денов го започнувам многу рано затоа што заминувам на одмор. По летните обврски што ги имав на „Охридско лето“, десетина дена со драги лица ќе одморам во Тунис, каде што целосно ќе им се посветам. По враќањето, со нови сили продолжувам со моите ПР-активности, најмногу околу претстојниот концерт на ДНК, што ќе се одржи на 24 септември во „Метрополис арена“.
Ѓоко Танески
пејач
Понеделник ми е најубавиот ден од цела недела! Додека сите почнуваат со работа, јас се одморам во Охрид со семејството... За денеска немам никакви посебни планови, освен што ќе ги исполнувам лудите идеи на мојата ќерка Анастасија! Па и тоа е работа, нели...Анастасија! Па и тоа е работа, нели... |