14.10.2012, 17:33 Од таксист до крал на бакарот
Кој е Милан Поповиќ, бившиот свршеник на Северина?
Мултимилионерот Милан Поповиќ ја почнал кариерата на крајот на 80-тите години на минатиот век, како таксист во Швајцарија. „Никогаш не се занимавал со криминал, ниту со политика. Се збогати благодарение на својата интелигенција и огромна амбиција. Бараше шанса, доби шанса и ја искористи шансата“, вели извори близок на Поповиќ, кој работел со него во швајцарската фирма „Марк Рич комодитис“.
Амбициозен, вреден, интелигентен, претприемчив, како што го опишува бившиот колега, но и интересен, зборлив и харизматичен, се спријателил со брокер за метали од фримата „Марк Рич комодитис“ (МРК). Додека се дружеле, Милан ја користел секоја шанса да му нафрли некоја своја деловна идеја. Неговиот пријател набргу сфаќа дека интелектуалните капацитети на Милан далеку ја надминуваат работата на возач, кој ја имал дотогаш, па му закажал разговор за работа во фирмата.
„Дојде утрото во закажаното време и трпеливо седеше и чекаше до 18 часот да го прими директорот. Беше млад и енергичен и се гледаше дека е решен да успее. Одлично ја работеше својата работа. Москва, во тие години, се отвораше како пазар, па во МРК вработуваа Срби, зашто лесно го учеа рускиот јазик и добро се вклопуваа во руското општество“, објаснува пријателот на Милан Поповиќ. Поповиќ директно соработувал со Игор Алтушкин, трговец со метали од светски калибар. Гледајќи како се работи таа работа, брзо собрал два и два, дал отказ во МРК и отворил своја фирма.
„Таа негова мала фирма директно соработуваше со огромната компанија на Игор Алтушкин. Како? Се зборува дека на рускиот олигарх му ја објаснил денес добро познатата финансиска техника на префрлање пари на Кипар. Така Поповиќ го заработи првиот милион, а набрзо и вториот, третиот, седмиот, единаесеттиот...“, вели познајникот на Поповиќ.
Богатиот Србин, во 1996 година станува дел од московскиот џет-сет. Парите ги вложува во ресторани и ноќни клубови за богати, што му овозможува уште подобри деловни контакти. Авиони, јахри, најскапо шампанско и најубавите жени стануваат негово секојдневје. Работата ја проширува на Доминиканска Република и во Америка, а во 2001 година го доведува Игор Алтушкин во Србија, па тие двајцата, заедно со Зоран Дракулиќ, кој набргу излегува од работата, вложуваат пари во валалницата во Севојно.
Во Белград, во улица „Његошева“, купува пентхаус (стан кој го опфаќа целиот последен кат) и почнува да прави забави во манир на светски плејбој. Залевањето со најскапо шампанско, инаку обичај на богатите московјани, го носи во Белград. Го нарекуваат крал на бакарот.
„Авантуристичкиот дух не го остава да се смири. Купува авион и полага за пилот за да може самиот да управува, крстосува по Јадранот на својата јахта во друштво на атрактивни девојки од Русија и Србија. Омилен е меѓу жените, но на ниту една не и' по��ѓа од рака подолго да го задржи. Авантурист е, непостојан и се' брзо му здосадува“, констатира изворот близок на Милан Поповиќ, кој во последниве две години најмногу се прослави како (сега веќе бивши) свршеник на хрватската пејачка ѕвезда Северина и татко на нејзиното дете. (Блиц) |