Хороскоп
Овен
Себично трчате кон личната слобода, размислувајќи само за работите кои можат да ви бидат од лична корист. Бидејќи поседувате неуморна енергија, користете ја за учење и креирање односи во блиската околина. Се наоѓате во ситуација што бара носење важна одлука. Мора нешто да пресечете, а се колебате.
Бик
Зошто сте несигурни, кога сите аргументи ви одат во прилог? Чувството на социјално неприфаќање и стравот од можно отфрлање – немаат реална основа и се производ на ваши лични инсинуации. Постои можност за создавање подобри животни услови, придружени со поголема сума пари, но не сакате никој да дознае.
Близнаци
Морате да се приспособите на настаните и да го прифатите фактот дека влегувате во ново животно поглавје. Се наоѓате во фаза на преиспитување, размислување за идентитетот, за односите со околината. Бидејќи од вас се очекува да ја прифатите туѓата желба, сторете го тоа, но не размислувајте за реванш.
Рак
Доколку сте незадоволни со работата, погрешно е да се страда, а ништо конкретно да не се преземе за да се поправи состојбата. Се обидувате да направите замена на тезите во поглед на разни вредности. Во односите со околината се чувствува вашата супериорност.
Лав
Романтично сте расположени, посакувате промени, особено на емотивен план. Никогаш доволно љубов! Слободните мигови ги минувате во креативно расположение, во желба да бидете забележани. Со својот детски, божем наивен шарм ги плените сите, а со насмевка ја разоружувате саканата личност.
Девица
Се наоѓате во конфликт сами со себе. Сакате да ги задоволите и личните потреби, но и потребите на членовите на семејството. Ве очекува тешка работа, па психички подгответе се за тоа. Некому ќе дадете поддршка, па вечно ќе ви биде благодарен. Денот е во знакот на претресување на семејните проблеми.
Терезија
За чудо, ви годи самотијата во која ги следите своите чувства. Односите со околината се конфликтни, па одлучувате да се дистанцирате. Сепак, пријателите нема да ве остават на мир. Ќе ви додева личност која има емотивни проблеми, барајќи совет. Ве��ојатно не е упатена дека и вие го имате тоа, преку глава.
Скорпија
Во целосен хаос сте. Некој друг не би можел да ја издржи таа состојба, но вие некако се снаоѓате. Каде и да се свртите - само конфузија, сексуални плетканици, тајни врски, нерешени статусни прашања. Треба да направите внатрешна трансформација на личноста, или ќе имате сериозни проблеми.
Стрелец
Чувствувате потреба за независност, така што ви пречат разни влијанија од страна, кои секојдневно ве бомбардираат. Бидејќи претеравте со себичноста, мора отворено да се соочите со вистинската состојба на нештата и да научите да не земате само за себе, туку и да давате. Стрелците најчесто не се свесни за оваа своја слабост.
Јарец
Бегате од одговорност. Зошто започнавте повеќе работи и ги оставивте незавршени? Тоа не ви доликува. Можни се психосоматски болести и емотивна блокада, кои треба да се лечат. Свртете се на потсвеста, зашто таа може да ви помогне да се пронајдете себеси и престанете да го гледате животот како сон.
Водолија
Доколку сакате да го збогатите животот, а притоа да не бидете роб на ниските страсти, свртете се на креативната работа и имагинација. Чувствувате потреба да се дружите, но ги оддалечувате од себе личностите кои ви укажуваат на реалноста и ве критикуваат. Размислете, можеби во нивните зборови има парче вистина.
Риби
Можно се семејни проблеми, поради кои сте загрижени. Можеби имате причина за тоа, но никако немате за несигурност. Имате авторитет и умеете доминантно да се држите таму каде што треба. Искористете ги овие свои особини на најдобар можен начин.
|