Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Економија
15.10.2012, 18:16

Поддршка и пофалби, на што се должат?

Покрај ветена финансиска инјекција и гаранции од 250 милиони евра, Ставрески донесе во куферот од Токио и позитивни оцени од ММФ и од СБ за економските политики

Нина Нинеска-Фиданоска


Македонија веќе идната година ќе добие финансиска поддршка од околу 250 милиони евра од Светска банка, од кои 50 милиони долари директна кредитна буџетска инфузија, додека за 200 милиони евра СБ ќе и' даде гаранција на Македонија. Ова на крајот на минатата недела од Токио го соопшти министерот за финансии Зоран Ставрески по разговорите со високи претставници на Меѓународниот монетарен фонд и Светска банка.

Покрај ветената значајна финансиска поддршка, што уште повеќе добива на тежина во време кога Европа ја тресе голема должничка криза и земјите се' потешко добиваат средства на пазарите на капитал, Ставрески во својот куфер од Јапонија донесе и куп пофалби од меѓународните финансиери, како што рече, за здравите економски политики што ги води Владата. Од ММФ и СБ изразиле задоволство како земјава се справува со европската криза. „Особено од нивна страна беше потенциран фактот дека одржуваме ниско ниво на буџетски дефицит и државен долг, кои се едни од најгорливите проблеми во Европа“, изјави Ставрески.

Аналитичарите имаат различни гледишта за тоа на што се должат позитивните оценки од ММФ и од СБ и големата доверба што ја изразиле во економските политики на нашите власти. Од резерви дали до земјава навистина биле испратени толку оптимистички пораки, преку констатација дека во однос на други попроблематични држави навистина изгледаме „добри“, па до можноста нивната поддршка да има политички примеси, а со цел да се поттикне земјава побрзо да ги реши проблемите што ги има на патот на евроинтеграциите.

„Утрински“ вчера постави прашања до канцелариите на ММФ и на СБ во Скопје за тоа како ги оценуваат економските политики на земјава и дали сметаат дека буџетски дефицит од 3,5 отсто (на колку што го зголеми Владата за оваа и идната година) и јавен долг од близу 30 отсто од БДП се прифатливи за Македонија, а одговорите вчера не ги добивме до затворањето на весникот, па се очекуваат деновиве.

Слободан Најдовски, аналитичар кој ги следи економските состојби, вели дека тој со резерва ги прифаќа пофалбите што ги пренесе министерот.

„Убеден сум дека ако државава вака продолжи со задолжување и средствата се трошат за плати на администрацијата, за зголемување на пензиите и за враќање стари долгови, понатаму Македонија ќе се соочи со тешкотии во враќањето на долгот. Често се прават споредби со други држави, но е поважно колкава е моќта на државата да ги враќа долговите“, вели Најдовски, додавајќи дека за буџетскиот дефицит ММФ дипломатски ни укажа оти нивна препорака е ниво од 1,5 отсто од БДП.

Најдовски има уште едно размислување за големата финансиска и морална поддршка од ММФ и СБ. „Сметам дека, и покрај тоа што се финансиски организации, и ММФ и СБ, во нив има и политика. Односно, дека можеби во нивната поддршка, заедно и со извештајот на Европската комисија, има и примеси на создавање клима за поттикнување на нашата земја на решавање на проблемите што стојат на патот на нашите евроатлантски интеграции“, вели Најдовски.

Универзитетскиот професор Ванчо Узунов објаснува дека меѓународните институции ги гледаат макроекономските показатели, според кои ако се направи споредба со некои други земји кои се со потешки проблеми од Македонија, „ситуацијата навистина не е трагична, добро се раководи, а можела да биде полоша“. „ММФ и Светска банка не гледаат за што се потрошени парите од задолжувањата. Но, според мене, проблемите во земјава веќе појасно ќе се видат во 2015 година, а можеби и порано. Односно, дека не е битна само статистичката слика, туку долгорочното враќање на кредитите, што ќе се случува во иднина“, вели Узунов. Според него, кредитот од СБ е 50 милиони долари, а за другите средства за кои ќе се задолжиме само даваат гаранција, но нив во иднина повторно ќе треба да ги враќа земјава. „Пред пет шест години и Грција не беше лошо оценувана, но еве сега во каква ситуација се наоѓа. Мислам дека и ние ќе дојдеме во тешка состојба, но сега не сме“, објаснува овој експерт.








Статијата е прочитана 1080 пати.

Испрати коментар



Протестираа вработените во ОХИС
Тутунарите ја бараат ланската премија за тутунот
Американците Рот и Шапли добитници на Нобеловата награда за економија
Бесплатна струја во Србија, а кај нас?!
Намален прометот во индустријата за 21 отсто
Нов заем за стари долгови



slavica pasoska, 16.10.2012 00:22:46
Господата што се фалат за успешно завршните работи,јас би ги оставила малку подолго на власт да видиме како ке враќаат долгови,а не да си отидат откако не задолжија,си ги ПРЕПОЛНИЈА џеповите,и така ја отераа земјава 50 години назад,некој работи трајно ги уништија нема опоравок,нека седат ,така си сака народот.....
ФЕЛИКС, 16.10.2012 07:46:05
Имаме уште ,,експерти,,кој немаат верба во ММФ и СБ поради,,навлезената политика,, таму. Но што би било кога ММФ и СБ би презентирале критики за нашата економија.Тогаш ќе имавме,,виде и тие реално ја согледуваат состојбата,,или,,ние одамна ова го согледавме а сега и добивме потврда од релевантни фактори,, и т.н Ова не е мој став за ,,цутење на економските рози,,тука,знаеме колкави се предизвиците и проблемите кој ги чувствуваме секидневно.Туку делот од таа економска состојба е добра и позитивно оценета.
Коста Стоименовски, 16.10.2012 08:47:04
Пред нешто повеќе од дваесет години се поајви еден чудотворец (неодамна починат), кој им приреди мошне богат „ручек“ на поранешните Југословени: плати во висина од 2-3.000 ГМ, административни пензии, „шопинзи“ во странство.... Сите го фалеа. Меѓутоа, набрзо стигна „фактурата“. Кога требаше истата да се плаќа се виде дека нема пари и парите на штедачите отидоа во „заробени девизи“. Ефтината ГМ доведе до упад на Словенија, Србија и Хрватска во монетарниот систем на тогашната СФРЈ. Секој Словенец можеше да влезе во „минус“ од 10.000 динари и така на сметката му легнуваа повеќе од 1.400 ГМ! По дваесетина години слични чудотворци се појавија и во Македонија! Белградска „Политика“ од 30.09.2012 год. објавува преглед на актуелните камати по кои се задолжуваат 9 земји (во проценти): Македонија 7,4, Србија 6,6, Хрватска 6,37, Шпанија 5,8, Романија 6,87, Унгарија 8,5, Украина 9, Русија 6,8, Грција 20. Сметката за „ручекот“ што македонските финансиски чудотворци им го приредуваат на оние чии
Трпе, 16.10.2012 09:30:11
Ова не е баш за радување.Че им дадат и овој пат инфузија ама за понатаму не е познато.Не се знае дали нашата пропагандна влада ке има сини картончиња за понатамошно лекување.Дали ова која ми личи на последна инфузија, кум Ставре објаснил дека парите со кои се задолжува, ги троши за предизборен маркетинг како овие од 2011 година.Дали нешто спомнале дека државата ја задолжува за изградба на забавниот парк и плати на преобемната партиска администрација.Море не е лошо и јас да си подигнам кредит, да си ги задолжам децата, кога уште нешто ми е преостанато да дадам под хиотека.А дали децата на гроб ке ми доагат и ке ми носат цвеке ич не ми е важно.Животот додека сум над земја и додека сум на власт во семејството ми е прекрасен,сите ме почитуват.А по мене ако треба нека има и потоп.
miki, 16.10.2012 13:45:25
Зоранчо донесол куфер со ПОЗИТИВНИ критики од ММФ????????????? А бара кредит од нив????? Абре луѓе, што таксират не има фатено од овој недоквакан?????? Па ми се бљва ко ќе го видам..................
pretpriemach, 16.10.2012 14:21:19
A da konsultiravte nekoj nezavisen ekspert, a ne samo vojnici na opozicijata?????

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

 
Што прават
 


Site Meter


Време
Скопје, 7°C

Ведро

Четврток
Сончево
Макс: 26°C, Мин: 8°C

Петок
Сончево
Макс: 26°C, Мин: 12°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Фељтон
Јованка Броз - Титова Совладетелка (28)
Јованка е загрижена: „Ќе ме растргнат по смртта на Тито“! Специјално за своите читатели „Утрински весник“ и „Медија принт Македонија“ ги откупија правата на објавување извадоци од книгата „Јованка Броз - Титова совладетелка“
Револуционерниот Ентони Брекстон го отвора „Скопскиот џез-фестивал“
Во пет вечери, од 19 до 23 октомври, со полноќна програма, на Џез-фестивалот гостуваат значајни имиња од САД, Јужна Амер...
Глупоста и глупирањето станаа ценета форма на живеење
Инаетот ми е голем и нема лесно да им го отстапам местото на медиокритетите“, вели Кокан Димушевски, композитор, клавија...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |