15.10.2012, 18:06 Мое ќоше
Момчето од Дебарца
Ерол Ризаов
Историската улога на пазарџиите од Буњаковец како се прави успешна држава
На голема мака беа деновиве нашите жестоки критичари на ЕУ на НАТО, но и тие на Владата и на премиерот Никола Груевски. Едните, повеќе сакаат да го истакнат значењето на најпозитвниот и најреалниот извештај на Европската комисија за напредокот на Македонија и притоа открија дека Европа конечно се освести и ги увиде своите заблуди и грешки. Го најдоа и виновникот за тоа. На крајот заклучија, дека ниту ЕУ, ниту НАТО не се најдобро друштво, бидејќи се распаѓаат и се во длабока политичка и економска криза, за разлика нели од нас кои силно грабиме напред. Другите пак кои критички ја следат работата на Владата и на премиерот, прво ги видоа забелешките на администрацијата од Брисел во економскиот дел, но останаа длабоко збунети од подготвеноста на Никола Груевски брзо да се најде заеднички прифатливо решение со Грција за името на државата. Нивната досегашна спремност за компромис за миг ја подголтнаа како кнедла.
Настана апсурдна ситуација, најголемите бранители на уставното име молчат за евентуалниот компромис во „рана фаза“ и за паралелни преговори со Грците, а најголемите довчерашни грчки платеници и предавници се подготвуваат да загинат за уставното име на државата. Оди сега најди му го крајот. Што направи политиката и војната за власт од луѓево.
Сепак најоригиналната анализа која до солзи ме изнасмеа е на Мирка Велиновска во „Нова Македонија“. Мирка со едно истражување во задоцнета фаза на скопското пазарче Буњаковец открила меѓу интелигентните пазарџии како Македонија стана успешна држава. Поточно го откри виновникот зошто Македонија за Брисел била неуспешна држва. Замислете за тоа бил најмногу виновен еден човек, Ерван Фуере, поранешниот амбасадор на ЕУ во Македонија. Ако беше тој тука, вели Мирка, ќе имавме радикално многу поинаков извештај. Иако, рака на срце, извештаите и за време на Фуере беа позитивни, ама не толку колку што треба. Мирка спектакуларно открива зошто е тоа така. Работата воопшто не била во доменот на големата политика, туку прилично бизарна која немала никаква врска со реалните состојби во државата. Неисе, Фуере си имал дечко и кажале на Мирка луѓето од пазарот кои добро ги „контаат“ работите. Дечкото не случајно бил од некое село од Дебарца, а во партнерај со Фуере го наместил еден политичар опозиционер. И сега гледајте како одат работите во високата политика. Опозицијата преку својот човек му кажува многу важни работи на дечкото од Дебарца, овој му ги кажува на Фуере, а овој на Брисел. Па така од таму нема ниту еден убав збор од 2006 година наваму се' додека не си заминал Фуере од Македонија. И потоа следи логичен заклучок на колешката: штом од видното поле ги снема Фуере, Талер, Кацин и Шацимаркакис и нивната медиумска тајфа, се смени европската перцепција за Македонија. Македонија без овие настрани типови и без предавниците во новинарството стана успешна држава. Една група сомнителни луѓе странци во спрега со домашни непријатели во медиумите со години лиферувала погрешна претстава за Македонија и од многу успешна, просперитетна и слободна држава создавала лажна слика за сиромашна и бедна земја со нарушени човекови права и слободи. Со нивното обезличување е разбиена илузијата дека цели тимови луѓе работат на подготовка од 250 до 300 страници извештаи за земјите кандидати за членство во Унијата. Тоа што се мери во микрони применливоста на европските стандарди во многу области, дека се работи за илјадници закони, одлуки, норми, бројки, што сто пати се премерува секоја ставка и цел еден надземен и подземен катастер за се' што има во Македонија замислете сето тоа било гола вода. Дечкото од Дебарца, симпатичниот амбасадор, и неговите пајташи одлучуваат дали една земја ќе добие позитивен, или негативен извештај од Брисел. Шокантно, дури и кога откритието е од Мирка и од пазарџиите на Буњаковец.
Боже, боже како одела работата, си замислувам како Бранко Црвенковски тој случајно е по потекло од Дебарца, му шепнува на уво нешто на момчето од Дебарца, тоа пак му шепнува на Фуере, а тој им шепнува на бирократите од Брисел, тие им шепнуваат на медиумите во Македонија и оп еве ти расипан телефон и дебели критики за страдна Макадонија. Сега сето тоа е исчистено. И искорнато. Македонија стана успешна држава без да мрдне со прст. Пропагандата прави чудеса. Чекам да ја видам уште „раната фаза“ за името на државата. Многу сакам да чујам кој што и на кого ќе шепнува овојпат. Ќе наминам до Буњаковец па ќе ви кажам. |
|
Статијата е прочитана 4642 пати.
|
Испрати коментар
|
|
seirdzija, 16.10.2012 00:19:42 | Mirka e 100 pati podobra od onoj Magas i zasluzuva glavna uloga kaj Karamela u Preljubnici,t.e. Balkanski prevari. |
| граѓанин, 16.10.2012 00:53:03 | И јас кога го прочитав делот од текстот во кој Мирка пренесува многу ниска клевета од приватен живот на странски дипломат, добиена од многу, многу доверлив извор - пазарџиите на Буњаковец - само подзинав. Под секое професионално ниво. Под секое човечко ниво. И во нејзин параноичен стил таа подла вест ја спои со политиката на ЕУ. Колку добри новинари не можат да најдат работа, а улизици сервираат само *леблебии* кои за жал на некои читатели им изгледаат бисери, па само ја фалат?!? Чуден народ сме! Што е следно?- текстови од брборењата на фризерката што ја шиша - берберите и фризерките се обично непресушен извор на белосветска политика......... |
| Разголување на една умислена новинарска „величина“, 16.10.2012 01:31:07 | Авторот на написов мошне умешно разголува и разобличува една умислена новинарска „величина“, која не е свесна дека со своите навики да им служи на сите оние кои ја плаќаат добро и кои и ја честат со разни привилегии го допира дното на новинарската професија! |
| Bubreg, 16.10.2012 03:07:01 | Авторот на овој текст може вода да им носи и да им купува бурек на сите останати новинари од Македонија. Треба да стави прст на чело и да се запраша што е тој ? Новинар или селска алапача? |
| Avtorot dobro ja Tera rabotata, 16.10.2012 04:00:22 | Bravo avtore epten dobro teras vo odbrana I zastita na likot I deloto Na takvite. Aide sredi ja nabrzina Mirka Pa pusti mu se Na Aleksandar koj vo tvojot vesnik zamisli pisuva za makedonizmot Na Makedonija bez da go istakne SLOVENSKIOT karakter a zgora Na toa gi pravi Grcite I Evropa lazgovci I falsifikatori. |
| operiran, 16.10.2012 07:16:20 | Кога се појави во почетокот во оваа оговорна фела, мислев дека Македонија ја доби својата Оријана Фалачи но небило така сега ја имаме Оријана Кра..чи. |
| ФЕЛИКС, 16.10.2012 08:10:35 | По се изгледа некој ја лапна ироничната удица и во стилот на газда Митке од Станковиќ пројави ,,жал за Ирецот,,Инаку има релации помеѓу ,,момчето од Дебарца,, и неговата дружина со Словенечките парламентарци преку НАДЕЖ-та,оти дотичните жестоко реагираа кога се откри да нивни медиумски пријатели таму ја спремија за државни пари од тука партиската пиар стратегија за соборување на власта.Значи накратко,буџетски пари-словенечки пиар,,мајстори,,-критика за трошењето-жестока одбрана на европарламентарците (потоа фатени кој со плагијат докторат,кој во корупциски тв скеч).Инаку Ирецот беше тука легенда на двојно однесување визави поедини меѓунационални проблеми.На едни се појавуваше со остри критики,за други премолчуваше.Но сепак остана во сеќавање како ненадмашен пливач по нешто.Затоа неговите два наследника тука се разликуваат наголемо од дотичниот.Да не пишувам за медиумските Бриселски кодошки авантури на поединци од тука а организирани се знае од кого. |
| Podgor, 16.10.2012 08:12:49 | Eklatanten primer za izmestenite merila na vrednost e tokmu novinarkata Mirka Velinovska Nitu profesionalnost nitu odnesuvanje nitu lik a se prestavuva kako znachaen faktor vo kreiranjeto na javnoto mislenje i toa moram da recham uspeshno zaedno so Latas Milenko Janko i slichni.Posle se chudime zoshto sme dojdeni na ova deredze i zoshto se pomalku vo megjunarodnata zaednica ne smetaat za normalna drzava No moram da kazam ne se tie krivi kriv e narodot shtom ceni isvitopereni vrednosti |
| Mite, 16.10.2012 08:19:02 | A da ne frlila oko na nekoj dokument na drzavan koj se prodava na Bunjakovec, pazarot na slobodni informacii od Nacalnici koi sakaat da se odbranat od Lustracija... |
| цацко, 16.10.2012 08:20:07 | Мирка одвали уште еден бисер,покрај Фуере кривец за лошите извештаи била и една телевизија те.А1.Таа телевизија заврши како што заврши арно ама новинарите од А1 сега се во МТВ и Канал 5,па по логиката на Немирка треба припазување на тие телевизии да не случајно нешто зуцнат па да ги јаде волкот лош.ПС.Една друга новинарска главурина МН во својата емисија ја најавува како ,,тешка артилерија,,истата таа Мирка која плачеше по митинзите на СДСМ во минатиот век кога истото ова ДПМНЕ ја избрка од МТВ. |
| Rezzilof, 16.10.2012 09:37:59 | На госпоѓата н о в и н а р Мирка Велиновска можете само “вода да и’ носите“.Таа е единствен новинар-аналитишар во Македонија.Авторот го знае тоа подобро од нас и затоа за неа пишува со изразита фрустрираност. |
| Трпе, 16.10.2012 09:43:26 | Дал да плачам ил да се смеам за се што се слушува во ова државиче.Но никој не е виновен,самиот народ си е виновен.Што си готви и тоа ке си го лапа.Сите ке си играт политичари на пазар или бред селското гранапче.Ние сме големи патриоти само под јорган. |
| Mudrec, 16.10.2012 10:34:52 | Epa Erol, ako ja rugash Mirka za toa sto go kaza i ako navistina nema vrska koj dava informacii za izvestaite za Makedonija, togas priznavash deka Vladata zavrshila dobra rabota minatava godina, zemajki ja vo predvid smenetata percepcija na EU kon Makedonija (bidejki, neli EU se gleda i se slusha). A za imeto, ne se sekiraj, koj sto i da predlaga, narodot seuste isto misli. A siguren sum deka VMRO nema da se samoubie odejki protiv narodot za takvo bitno prasanje. |
| Mirko, 16.10.2012 10:38:49 | Naseto novinarstvo spadna na mnogu niski granki i nee toa od denes. Mi se cini, deka taa profesija za nekogo prerasna vo privredna granka t.e. zarabotka. Poltronstvo go cini svoeto i ke cini se dodeka svesta ne postane primarna. Dodeka bide kolku pari, tolku i muzikata. Od novinarstvo i od poedini novinari, nema nisto, kako sto e Mirka. Steta za nea. |
| babacko, 16.10.2012 10:40:25 | Efendi Erol, imas nov musterija, enego pogore....te molam usluzi go dobro....kako sto go usluzi Pashota... |
| Mirka, 16.10.2012 10:59:52 | Jadna Mirka! Neka se potseti samo sto porano pisuvase porano vo nedelnikot Start, a sto pisuva sega. Zaboravi da kaze deka verovatno Fuere imal vrski i vo Bit pazar no i vo Cair i ......... GLUPOSTI NA MIRKA, kako i onie sto gi napravi vo Brisel. |
| Caki, 16.10.2012 11:31:20 | Ha, ha ...jas se nasmeav koga mi tekna kako gordiot Irec go cepa nekoj od Debarca.A kolumnuva sigurno kje imashe drug pravec ako cepachot go namestil nekoj od vlasta!Bre kolku se potresoa nekoj vo komentarive za golemite prijateli na Makedonija Fuere , Taler , Kacin...a i Shacimarkakis.....a za novinarstvo so Velinovska nikoj ne mozhe da se meri....g-gjata e zhurnalist od svetski kalibar! |
| S.P., 16.10.2012 11:53:23 | Pocituvan G-din Rizaov, od novinarite i novinarstvoto ne ostana ni N vo malava ni drzavicka. Nadez ni davate Vie i uste dvojca trojca novinari sto se trudite da go zadrzite dignitetot na felata na koja i pripagate. Da ne ste Vie ke nema sto da procitame a i da se nadevame deka preku vaseto pero ke prozborime i nie koi slicno ramisluvame i rasuduvame. Sto da se pravi Gruevizmot silno gi zarazi site a najmnogu novinarite. Vasata koleska oddamna e samo megafon no ne i novinar. |
| Баба Евда, 16.10.2012 12:00:31 | Шате бабино , не се резили, повторувајќи исти работи како папагалос! Види што стана со субвенцијата за сливата на баба. За калинката после ќе бркаме работа! |
| gorann, 16.10.2012 12:15:11 | Erole, cekame vesti od sigurnite izvori od pazardziite vo Bunjakovec :) Sto bi rekol Milenko, Mirka e najvlijatenliot novinar od celiot prostor na bivsa Jugoslavija. A pak Milcin, Mirka - Svirka. |
| perica, 16.10.2012 12:21:01 | Posto feliks e tolku dobro informiran , bi trebalo da go znae i drugiot del od prikaznata. Slovenecki Evropratenik, namestena afera od Sandej Tajms,vrskite na ST so konzervativcite vo Velika Britanija , edna nabrzina resena tragicna soobrakajka vo Strusko ?Zaklucok , i dvete strani si rabotat ozbilno, a Bunjakovec ne treba da se isklucuva kako izvor na informacii. |
| orel, 16.10.2012 12:45:53 | a bas se prasuvav koj e povodadzijata od debarca... sega nekoi raboti imaat povekje logika |
| za gluposta..., 16.10.2012 13:42:07 | Bitno e deka Feliks i ovoj pat uspesno zastana na branikot na demokratijata i so odlicni argumenti gi odbrani mudrite potezi na vlasta i nejzinite papagali od nebulozite na narodot. Odlicno zaraboteni 500 denari! |
| Damjan, 16.10.2012 15:06:29 | Примарната грешка е во тоа што името новинар и се дава на секоја суша, на секоја беда... Демек, пејач е Павароти и Тарабунов. Мирка е класичен пример на новинар - безрбетник, кокета, метла во рацете на моќниците од власта и бизнис олигархијата, со која тие го чистат просторот околу себе од се што им противречи и тоа не од поново време, туку од денот кога и беше дадена шанса да го земе новинарското перо во рацете. Служавка на моќниците. Оттам, нејзините пелтечења, за жал овојпат од страниците на македонскиот новинарски буквар ,,Нова македонија,, немаат ништо заедничко со аналитичкото или истражувачкото новинарство. таа е искомпромитирана и исцедена улична гатачка, која е штетна дури и за тие за кои работи. А и за весникот и неговите читатели. |
| dnoto, 16.10.2012 20:32:40 | ako ima dno vo novinarstvoto toa e sigurno na nekolku stotici metri nad mirka jas sum licno ubeden deka taa i milenko nedelkoto se pravat glupi sosila samo zaradi pari sto primaat i nisto poveke |
|
|
|
|
|
„УТРИНСКИ ВЕСНИК“ ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE
|
|
|
|
Време
|
Скопје, 9°C
Ведро
|
Четврток
Сончево
Макс: 26°C, Мин: 8°C
|
Петок
Сончево
Макс: 26°C, Мин: 12°C
|
|
|
|
|
Фељтон Јованка Броз - Титова Совладетелка (28)Јованка е загрижена: „Ќе ме растргнат по смртта на Тито“! Специјално за своите читатели „Утрински весник“ и „Медија принт Македонија“ ги откупија правата на објавување извадоци од книгата „Јованка Броз - Титова совладетелка“ |
|