Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Скопје
14.10.2012, 18:29

ДОМ бара Закон за заштита на зеленилото

Демократска обнова на Македонија смета дека на градското зеленило му е неопходна институционална заштита. Партијата на зелените иницира закон за заштита на зеленилото со што би се сменил односот кон зеленилото на локалните власти, кои, како што велат, многу лесно носат одлуки за негова пренамена во градежни парцели. Од ДОМ соопштуваат дека доколку треба, спремни се да подготват закон од примери од Австрија, Германија и други земји каде што постојат такви регулативи.

„Исто така, бараме од Град Скопје да ги прифати писмените забелешки за зголемување на зелените површини во ГУП-от, чие носење е во тек. Очекуваме од Градот да ја реализира целосно идејата за зелен катастар, која веќе ја прифати. Последно, бараме од Општина Центар да го прифати нашиот предлог стар три години, за подигање Парк на младенците, со што ќе се компензира барем делумно изгубеното зеленило, но и ќе се облагороди градот со нова содржина“, соопшти вчера портпаролот на ДОМ, Тони Ристов. (Б.Ш.)


Статијата е прочитана 382 пати.

Испрати коментар



Потребна е хармонија во уредувањето на градските простори



Трпе, 15.10.2012 00:41:51
ГГ претпријатието на Лиле Поповска многу рано се сетило.Откако во Скопје се уништи цело зеленило сега ке барале некојси закон.А да не стане збор само за урбаната средина,��ктуелната власт направи касапана на шумите.А се фалеше со некој си ден на дрвото каде се садеа семки и цвекиња(толкава беше големината на садниците) кои ги нараекува засади дрво за својата иднина.
Ајван Доктор®, 15.10.2012 09:08:33
Зарем беше дозволено да се уништува градското зеленило?!Тоа не може да го уреди ниту еден закон!Катаклизмичниот Коце го уништи сето зеленило во центарот на Скопје!Дрвце не остави!Најчест изговор беше дека тоа биле стари и исушени дрва,правејќи ги граѓаните и слепи и глупи!Можете да приметите стотици неисечени суви дрвја низ градов!Според него „Охридскиот чинар“одамна требаше да е скастрен!Тоа и би го сторил,само,среќа за охриѓани што не е таму градоначалник! Претпоставувам дека како „Парк на младенци“го замислуваат просторот околу „летниковецот“со онаа глупа кичфигурина симната од свадбарска торта!Наместија клупи околу него за да може да „уживаат во погледот“!Најнапред ДОМ требаше да се спротистави на уништувањето на зеленилото на Водно,во Градскиот и во Жена парк!Особено затоа што партиципираат во власта! Спротиставете се на уништувањето на паркот крај Дом на АРМ,на уништувањето на паркчето спроти „Бристол“,на градењето во паркчето кај „Работнички дом“,потоа говорете за закони!
Petre, 15.10.2012 13:44:56
Уништувањето на паркчето спроти „Бристол“ е злочин од невидени размери. Замислете за да се замени со зграда за канцеларии на владата. Поповска беше запознаена од самиот почеток дека ова се спрема, но не превзеде соответни чекори тоа да го спречи. Сега делува како демагогија дека сака закон за зеленилото. За мене злочин е да убиеш човек но злочин е и да се исече дрво старо 40 години. Обвинителот Шврговски должен е да ги обвини овие злочинци, кривично да одговараат и да бидат осудени. Лилјана, ако не го спречи злочинот со сечењето на дрвата, превземи мерки да се казнат злочинците па потоа малку да поверуваме во твоите намери.
demokrat, 15.10.2012 13:51:56
Od vreme na vreme ke se javat od partijata na drugarkata so rapavoto nezno glasce i ke ne fasciniraat so nekoja originalna ideja. Nemajki hrabrost da mu se sprotivstavat na koalicioniot lider ja jamajuvaat javnosta so nekoi si soopstenija i predlozi, nebare se nekoj faktor.
zelen u glava, 15.10.2012 16:47:02
Bravo za DOM. Napred za zeleniloto na gradskite stadioni.
Dragi, 15.10.2012 20:27:30
Lijana tresi zeleni i taka misli deka kje go zashtiti zeleniloto vo Makedonija. Od vakvi borci za prirodata kje ni ostane po nekoja trevka!

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

 
Што прават
 


Site Meter


Време
Скопје, 6°C

Ведро

Понеделник
Сончево
Макс: 23°C, Мин: 7°C

Вторник
Сончево
Макс: 24°C, Мин: 8°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Фељтон
Јованка Броз - Титова Совладетелка (31)
Власта ништо не може да ја замени. Специјално за своите читатели „Утрински весник“ и „Медија принт Македонија“ ги откупија правата на објавување извадоци од книгата „Јованка Броз - Титова совладетелка“
Човекот поет нема друг избор освен да пишува
„Пазарната логика се наметнува како валиден репер дури и за книжевните вредности“, вели поетот Владимир Мартиновски...
Како умре Моамер ел Гадафи?
„Хуман рајтс воч“ изготви извештај за последните денови на либискиот водач насловен како „Крвна одмазда во Сирт“...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |