Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Политика
14.10.2012, 18:04

Кампањата може да почне

ВМРО-ДПМНЕ го одбележа запишувањето на 40-илјадитиот член од Скопје во партиската евиденција. Врвот на ДУИ се собра на свеченоста по повод откривањето на споменикот на Хасан Приштина

Партиските агенди ги донесоа вчера на половина километар растојание двајцата водечки луѓе во владејачката коалиција, премиерот Никола Груевски и лидерот на ДУИ, Али Ахмети, меѓу чии партии подолго од еден месец тлее судир. Со карактеристичното доцнење (овојпат 37 минути), Груевски дојде во хотелот „Континентал“, каде што ВМРО-ДПМНЕ одбележа еден несекојдневен настан - 40.000-ти скопски член на партијата. Со него беа највисоките партиски локални моќници, како и градоначалници на дел од градските општини. Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ порача дека очекува сигурна победа на локалните избори напролет.

За тоа време, Ахмети, албанските министри во Владата, градоначалникот на Чаир, како и нивните гости од Косово и од Албанија, присуствуваа на свеченоста по повод откривањето на споменикот на Хасан Приштина пред трговскиот центар „Мавровка“. Ахмети беше централна фигура во едночасовната програма, која, вообичаено, беше исклучиво на албански јазик. Тој зборуваше единствено за улогата на Приштина, објаснувајќи дека тој бил идеалист и јунак, не само за Албанците, туку и за сите што живеат тука. За политички теми не беше момент.

Двајцата лидери на владејачките партии не се сретнаа. Секој си ја тераше својата програма, секој си отиде по својот пат. Впечаток е дека и онака немаат многу заеднички теми за разговор. (Г.А.)


Статијата е прочитана 1869 пати.

Испрати коментар



Нов амбасадор на Грција?
Обвинителски молк за говорот на омраза
Македонија очекува француска поддршка за ЕУ
Се засилуваат заканите за враќање на визите
Градоначалничката функција предизвик за пратениците
Пет нови досиеја на проверка пред лустраторите



Трпе, 15.10.2012 00:12:45
Тоа не е од вчера.Во РМ веќе повеќе од 6 години има двајца премиери.Само што кај албанците настана промена а кај нас остана истиот фалбаџија кој го тероризира сопствениот народ.
м и л ч о, 15.10.2012 00:40:19
posle cacko ni e kriv ,,pa zosto spomenikot na hasan e pred mavrovka,zosto ne e do jstinijan,, nie sami si ja delime makeodnija i skopje,, plostad za makedoncite so makeonskite junaci i plostad na a;lbancite so albanskite junaci,, ubavo se gleda deka se e dogovoreno i prasanje e samo vremeto za podelba
тепало_пп, 15.10.2012 02:11:26
со ваква опозиција нема што да почнува кампањата, вмро-дпмне има членст��о повеќе од 300 000, додека нема порадикални промени во опозицијата немаат шанса за победа.
zagrizen, 15.10.2012 02:30:41
Felco i Felcovisti, bi Ve zamolil za komentar? Nemojte samo Tito,komunjari,liceto BC (toj nema vrska so prethodnite,ne e dostoen ni da se sporeduva),..... Toa e veke *izlitena* fraza.Dajte nesto novo,epten patriotski. Sto stanuva so takvite koi ja sakaat Makedonija, a ne go sonuvaat sonot za San Stefan i Prizrenskata liga?!
Геор_пп, 15.10.2012 03:17:00
Во тоа е надмоќноста на ВМРО - ДПМНЕ, одбележување на 40000 ти член не е ништо друго туку огромна доверба и надмоќ !
ФЕЛИКС, 15.10.2012 07:23:22
Би се задржал на ,,терањето програми,,Некој тоа го прави успешно со ,,терање,, власт,а некој успешно поразително.Тој што постојано тера порази никако да биде истеран од своите.Вероватно тормозењето негово е благопријатно во тамошната средина.
jovan, vlada @, 15.10.2012 09:46:12
Кампањата е веќе 6 и нешто години во тек на владеачката партија, која преку постојана работа на терен доминира врз опозицијата каде што моментално е најсилна ги придобива гласачите и новите членови. Чест и привилегија е да бидеш член на партија, ако пред се имаш чист и искрен пристап кон политиката,да пробаш да промениш нешто кон подобро, да воспоставиш норми и правила кои ќе бидат кредото на демократијата и демократските процеси во Македонија. Само во Македонија членувањето во партија е замислено како остварување на лични цели и амбиции и тоа запослување а не искрено верување во идејата и иделогијата во зависност во која партија членуваш, за жал и кај власта и кај опозицијата (посебно кај власта) 90% се од членовите се зачеленети за остварување на погоре споменатото право, и на крај се поставува прашањето која е целта во вклукчување во политиката, затоа по вработувањето најголемиот дел од членстовот во партиите се дистанцира од партијата под превезот на експерти за да жал.
Mirko, 15.10.2012 09:59:17
Da, ima tolku clenovi na partijata VMRO, ama samo na spisok. Golem del e clen samo poradi benificiite. Ako ne si clen na vladaecka garnitura, nevozmozno tie vrabotuvanje, pa poradi toa i dovaga do toj broj na clenovi. Gruevski dobro znae za ovaa situacija,ama uste uspesno gi koristi populisticki zborovi, za zal na veke isfrustriran narod. Davlenikot i za slamka se vata.
Gargamel, 15.10.2012 10:15:05
Kade e postaven spomenikiot na Pristina?Na teritorijata na suverena republika Makedonija?Ne bi rekol.So prisustvoto na gragjani od Makedonija so albansko poteklo,so gragjani od Kosovo so albansko poteklo i gragjani od Albanija,so obelezuvanje na nastanot so isklucivo drzavno zname na Albanija,dosta e zamajuvanje so nacionalno zname,kaj go ima toa vo normalnite drzavi,isklucivo albanski pesni,celiot nastan mi lici na voskresnuvanje na golema Albanija,so obelezuvanje na teritorijata,vulgarno no fakticki,so krevanje na nogata.Pa toa li e sozivotot,pa toa li e pripadnosta i odgovornosta na drzavata i teritorijata na koja se zivee.Pa tako mi vojuval i go brkal fasistot i balist Djemo po makedonskite planini.Zar se blizi denot koga moete deca treba da ja branatsvojata teritorija,svojot dvor,svojot sozivot.Nikola,vojvodo kade si?Sto i napravi na krevkata Makedonija za ostanuvanje na vlast,za tender koalicijata,za 40.000 VMR-ovci vo Skopje,koi mizat pred nastanot na 500 metra od niv,a?
KONSTERNIRANI od PORAKATA, 15.10.2012 10:34:36
Dali 40.000-ti chlen na nekoja partija e dobra vest za demokratijata na edna drzhava, posebno mala so malku narod kako Makedonija? Ova e vest za falenje??? A, koja e porakata? Celiot narod shto pobrzo da stane chen na VMRO-DPMNE? i TOA E DEMOKRATIJA? Celoto naselenie vo edna drzhava vo edna partija, eden sakan vodach, edna ideja?! Uzhas! Vo socijalizmot Komunistichkata partija na Makedonija imashe POMALKU CHLENOVI...epa, na zdravjE DIKTATURA!!!!
acko, 15.10.2012 14:40:51
gladna kokoska proso sonuva ili so VMRO ovski recnik kazano gladen pastir ovci sonuva..........Spremetese da si odite dosta e od vas nepismeni edni.....
robert, 15.10.2012 14:55:47
ne mozam da prifatam deka postojat komentari koi pozitivno ke ja opisuvaat i podrzuvaat rabotata na segasnata vlada.kako mozeme so nekakvi si primana od 300ev prosecno i toa koj ja ima da bideme zadovolni od takviot zivot.dajte luge pokazete revolt nezadovolstvo od mizerijata vo koja se naogame.da najdeme izlez bez razlika koj e na vlast.mislevme drpmne ke napravi poveke za narodot no tie dosega se beter od site prethodni vladi.em nema ekonomija pa uste ja unistija i demokratijata slobodata na izrazuvane vnesoa strav i podelenost.dosta e.poz
Крт, 15.10.2012 14:57:51
Фелчо, Д(р)ПМНЕ го доби својот 40.ооо член а Македонија тури уште една ,,рецка,, кон федерализација. Само напред ,,ПАТРИОТИ,, сега сте на власт...и како владеете после вас ПОТОП. Неминовен, ако овој народ не ПРОГЛЕДА. Унитарна држава со два ПРЕМИЕРА е да се кр��тиш, да се смееш и ....да и го гледаш неизвесниот крај.
.zoki., 15.10.2012 21:54:32
Proverete si go spisokot i procistete go a za imformacija 25-30% od spomenatoto clenstvo vece se vrati kaj Lubco gi ostavi kniskite na Grujo da se fali so niv

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

 
Што прават
 


Site Meter


Време
Скопје, 16°C

Претежно облачно

Вторник
Ведро
Макс: 26°C, Мин: 10°C

Среда
Сончево
Макс: 25°C, Мин: 8°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Фељтон
Јованка Броз - Титова Совладетелка (27)
Плачот на Х Конгрес на СКЈ. Специјално за своите читатели „Утрински весник“ и „Медија принт Македонија“ ги откупија правата на објавување извадоци од книгата „Јованка Броз - Титова совладетелка“
Триумф на човековиот дух
Зоран Иванов, познат новинар, а порано падобрански ас, вели дека технологијата го овозможила скокот на Баумгартнер, но н...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |