Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Политика
14.10.2012, 18:11

Нов амбасадор на Грција?

За шеф на Канцеларијата на врски во Скопје се споменува дипломатот Теохарис Лалакос

Атина - Грчките медиуми најавуваат нов грчки амбасадор во Македонија. Весникот „Етнос“ пренесува дека на состанокот на грчкото Министерство за надворешни работи за избор на нов персонал во грчките амбасади било одлучено нов амбасадор во Скопје да биде дипломатот Теохарис Лалакос. Лалакос би дошол како наследник на сегашната амбасадорка Александра Пападопулу, која е во грчката канцеларија за врски од 2007 година и чиј амбасадорски мандат во Скопје временски гледано се смета веќе за изминат. Замената за Пападопулу не би дошла поради некакви проблеми со нејзината работа, туку токму поради тоа што мандатот временски и правно се смета за истечен.

Како што неофицијално се дознава, Лалакос бил втор човек во грчката амбасада во Анкара, каде што во моментов е претпоставен поради тоа што се чека да биде испратен нов амбасадор. Токму поради ова се претпоставува дека Лалакос не би пристигнал во Скопје пред почетокот на 2013. Во Грција го сметаат за искусен и способен раководител и дипломат, особено поради тоа што бил одбран за втор човек во една од приоритетните амбасади на Грција, Анкара, која се смета за една од најважните заедно со дипломатските претставништва во Вашингтон, Москва и Брисел.

Покрај сегашната служба во амбасадата во Турција, Лалакос бил и генерален конзул во грчкиот конзулат во Александрија, а како што се дознава пред неколку години бил и дел од кабинетот на поранешната министерка за надворешни, Дора Бакојани.

„Етнос“ посочува дека ќе има големо преместување и прераспределба на дипломатите, а според информациите на весникот, веќе се одбрани амбасадори за грчките дипломатски претставништва во Обединетите нации, ЕУ, Женева, Берлин, Мадрид, Тирана, Кувајт, Загреб и Тел Авив.

Весникот „Катимерини“ оценува дека во пресрет на грчкото претседателство со ЕУ во 2014 Грција се спрема за голем дипломатски камбек на Балканот, што се смета како објаснување за раздвиженоста и посетите во Атина од страна на турскиот и албанскиот министер за надворешни, средбите на министерот Димитрис Аврамопулос со шефовите на дипломатиите на балканските држави во Обединетите нации, како и размената на писма со македонскиот државен врв и предлагањето меморандум за соработка. Весникот коментира дека поради финансиската криза реално нема да биде воопшто лесно Грција да се врати како силен играч кон нејзините северни соседи. „Сепак и покрај проблемите, Грција останува членка на ЕУ и АТО и без нејзиниот глас ниедна од заинтересираните држави не може да ја помине портата на Брисел и Алијансата“, пишува „Катимерини“ цитирајќи поранешна амбасадорка од ЕУ-држава која се занимава со европската перспектива на државите од Балканот. (М.П.)


Статијата е прочитана 795 пати.

Испрати коментар



Обвинителски молк за говорот на омраза
Кампањата може да почне
Македонија очекува француска поддршка за ЕУ
Се засилуваат заканите за враќање на визите
Градоначалничката функција предизвик за пратениците
Пет нови досиеја на проверка пред лустраторите



pile, 15.10.2012 08:34:15
„Сепак и покрај проблемите, Грција останува членка на ЕУ и АТО и без нејзиниот глас ниедна од заинтересираните држави не може да ја помине портата на Брисел и Алијансата“,Napustajki go realniot koncept promoviran od G-dinot Samaras za iznaogjanje na resenie soglasno so zdraviot razum i megjunarodnoto pravo so verodostoen sogovornik vo nametnatiot apsurden spor za imeto so R.Makedonija,kako i so ponizjuvacko deklarativni ucenuvacki dopisi sinhronizirani so odredeni strukturi na EU, a podrzjani od del, od Vladata vo R.M.,i slusajki govori na odredeni nedovolno upateni vo problemot, a milozvucni evropratenici,ili rakovodejki se od izjavi na poranesni vlijatelni diplomati ,,igrajki se na veter ocekuvaj bura,R.Grcija samo ke prodolzji so dokazjanata nekonstruktivna politika za nadminuvanje na sporot,so memorandumi za revizija na VS od 1995 godina koj akt e dovolna osnova za razgovori i doagjamje do resenie.Ime za megjunarodna upotreba koe pravi distinkcija pomegju oblasta Makedonija i R.M.

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

 
Што прават
 


Site Meter


Време
Скопје, 12°C

Ведро

Петок
Ведро
Макс: 26°C, Мин: 9°C

Сабота
Сончево
Макс: 27°C, Мин: 6°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Фељтон
Јованка Броз - Титова Совладетелка (30)
Јованка не се откажува од политичка кариера. Специјално за своите читатели „Утрински весник“ и „Медија принт Македонија“ ги откупија правата на објавување извадоци од книгата „Јованка Броз - Титова совладетелка“
Човекот поет нема друг избор освен да пишува
„Пазарната логика се наметнува како валиден репер дури и за книжевните вредности“, вели поетот Владимир Мартиновски...
Како умре Моамер ел Гадафи?
„Хуман рајтс воч“ изготви извештај за последните денови на либискиот водач насловен како „Крвна одмазда во Сирт“...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |