Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Политика
14.10.2012, 18:00

Градоначалничката функција предизвик за пратениците

Зошто народните избраници ги ризикуваат удобните собраниски клупи, обидувајќи се да станат први луѓе во своите општини

Горан Адамовски



Битолчанецот Менде Диневски реши да ја ризикува својата пратеничка функција и да се обиде да стане градоначалник во родниот град. Социјалдемократите проценија дека тој е човекот што би можел да им донесе победа во „градот на конзулите“, каде што во два мандати владее ВМРО-ДПМНЕ. Триесет и деветгодишниот стоматолог е свесен дека го чека тешка задача, но порача оти првата работа што ќе ја направи доколку победи на локалните избори, закажани за пет месеци, ќе биде целосна ревизија на работењето на актуелниот градски татко Владимир Талески и неговата екипа. Најавува дека гасификацијата на Битола ќе биде приоритет.

Диневски е еден од политичарите кои во изминатите години се обидоа да направат пратеничко-градоначалничка рокада. Некои од нив успеаја, други се вратија во собраниските клупи.

„Да се биде прво човек на главниот град беше голем предизвик за мене“, се присетува лидерот на НСДП, Тито Петковски. Тој пред четири години се обиде да стане градоначалник на македонската метропола, но ја загуби трката од Коце Трајановски.

Петковски објаснува дека градоначалничката функција е мошне одговорна работа, која бара знаење и организациски способности. Таа позиција, според него, дава шанса, со своите лични квалитети, да направиш многу за местото во кое живееш. „Особено што добиваш можност да не се затскриваш зад партијата која те кандидирала за функцијата“, вели Петковски.

Претходникот на Коце Трајановски, бизнисменот Трифун Костовски, објаснува оти во неговиот случај логиката била многу едноставна. Тој се откажал од пратеничка функција, за која признава дека била многу комотна, од причина што како независен пратеник не можел многу да смени и да придонесе да се забрзаат процесите во законодавниот дом.

„Градоначалничката функција е поголем предизвик од пратеничката за човек што сака нешто да сработи. Никогаш не сум се водел од лукративни причини. Секогаш гледав што можам да направам и се фатив со жива материја, во еден град во кој дневно циркулираат еден милион граѓани. Тоа е предизвик и за луѓе што сакаат да просперираат во општеството, оти многу поприроден начин е да се успее преку непосредни избори“, ни изјави Костовски. Напоменува дека имало и обратни примери, кога градоначалници се откажуваат од функцијата за да станат пратеници, што, според него, е многу чудно. За своето градоначалникување вели дека е единствен градски татко што оставил полна каса зад себе.

Ако им се верува на гласиштата, пратеникот Веле Ѓорѓиевски од ВМРО-ДПМНЕ ќе се обиде да победи во скопска Кисела Вода, која барем досега важеше за вмровска општина. Јавноста памети и дека неговата сопартијка Силвана Бонева, пред три години му се спротивстави на Зоран Заев во Струмица, но доживеа пораз. И Заев пред да стане градоначалник беше пратеник во законодавниот дом.

Низата примери ќе се зголемат како што ќе се ближи драматичниот март. Секој со своите причини и воден од своите мотиви, но заедничко за сите е што во зависност од сработеното, остануваат врежани во колективната меморија на граѓаните.


Статијата е прочитана 762 пати.

Испрати коментар



Нов амбасадор на Грција?
Обвинителски молк за говорот на омраза
Кампањата може да почне
Македонија очекува француска поддршка за ЕУ
Се засилуваат заканите за враќање на визите
Пет нови досиеја на проверка пред лустраторите



pile, 15.10.2012 08:03:33
Vo uslovi na vaka visokoispolitizirano i partiski etablirani drzjavni organi kaj sto Zakonite se tolkuvaat spored zjelbata na centralnata vlast kako i dlaboko centralizirano opstestvo,vo koe decentralizacijata samo formalno se spomenuva a nikako nezazjivuva, bilo koj gradonacalnik nadvor od redovite na partiite od vlasta samo mozje da vodi rovovska bitka i da se izblamira pred sopstvenite sogragjani,a za nezavisnite kandidati tipicen primer e G-dinot Kostovski i pokraj negovite dokazjani sposobnosti.Kakov e toj Gradonacalnik na kogo site planirani aktivnosti na planot infrastrukturno ureduvanje mu od sredstva pribereni od komunalii mu pagjaat vo voda so donesuvanje na eden Zakon za nadomest po edno evro po kvadrat,ili sto nema udel vo bezbednosta na javniot red i mir ili vo soobrakajot vo sopstvenata Opstina,so deklarativno ucestvo preku Sovetot pri izbor na prv covek na policiska stanica za JRM i dobivanje na sest mesecni informacii od MVR.Opozicijata treba da gi bojkotira i lokaln
Битолчанец, 15.10.2012 11:09:32
Во Битола Менде е страв за сите од Дпмне во тек се анкети на кои што рејтингот на Менде се смери со уште 15 други од Вмро паниката во нивните редови е очигледна!
edno dete, 15.10.2012 11:21:22
Mende Dinevski e odlicen izbor za Bitola i bitolcani , poradi faktot sto covekot nema nitu edna crna damka vo svoeto dosegasno rabotenje i ima odlicni idei i planovi za razvoj na bitola i nejzinata okolina . Dosea vo dosegasniot period , bitola e zapostavena i stavena na marginite a fakt e deka imase godinava i prethodnite godini dosta turisti , koi ja posetuvaa mn poveke od skopje . za zal nisto ne e vlozeno kapitalno vo bitola , se se napravi vo skopje vo ovie 7 8 godini za zal.!!!
Tomche, 15.10.2012 11:24:27
Браво Менде , ти си вистинскиот човек за Битола штом се опткажваш од пратеник, и навистина сакаш да помогнеш во Битола и да ја извадиш Битола од сегашната ситоација. Браво уште еднаш.
Kiril, 15.10.2012 11:30:55
Господинот Менде Диневски е кадар кој сака да работи и да ја направи Битола поубаво место за живеење, за разлика од нејзината состојба сега која е незавидна
Edna e Bitola, 15.10.2012 12:25:47
Mende Dinevski e covek koj ke bide blizok so graganite, ima vizija za podobra Bitola, vizija da gi popravi i koregira site greski na Taleski i da preispita se sto se sluci vo tendersko mafijaslkite slucuvanja vo opstinata kade covek nemozi da vlezi vo opstinska institucija dokolku ne e portokalov. Dpmne se vo panika i ocaj, nemaat dostoen Bitolcanec koj bi mu pariral na Mende. Vreme e rabotite vo opstinata da trgnat na vistinski pat so vistinski covek.
bitolcanec, 15.10.2012 13:37:03
Nema sto da baraat VMRO vo Bitola poveke. Vidovme koi se i vidovme sto napravija. A vidovme sto se sluci i so drzavata. Sobirajte si gi partalite i spremajte se za vo shutka!
eve zasto..., 15.10.2012 13:45:41
Zatoa sto tolkav e kapacitetot na nasite pratenici, da resavaat lokalni problemi. Ne me svakajte deka e toa loso, samo od pratenik vo parlament na edna zemja da idete za gradonacalnk e klasicno dviranje na sopstvenata kariera. Sredbite so kolegi od celiot svet, sredbite vo sovetot na evropa, razni konferencii, samiti i ostanati sobiri na visoko drzavno nivo gi zamenuvte so problemi od tipot kanalizacija, prskanje protiv komarci, sobiranje smet, ulicno osvetluvanje. I pak vikam deka nema nisto loso vo toa, samo sto sekade vo svet e obratno, pocnuvate na lokalno nivo za da eden den deluvate globalno, a ne obratno. Ali u MKD nisto ne me iznenaduva, se e obratno od normalnoto.

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

 
Што прават
 


Site Meter


Време
Скопје, 9°C

Ведро

Среда
Ведро
Макс: 24°C, Мин: 8°C

Четврток
Сончево
Макс: 26°C, Мин: 8°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Фељтон
Јованка Броз - Титова Совладетелка (28)
Јованка е загрижена: „Ќе ме растргнат по смртта на Тито“! Специјално за своите читатели „Утрински весник“ и „Медија принт Македонија“ ги откупија правата на објавување извадоци од книгата „Јованка Броз - Титова совладетелка“
Револуционерниот Ентони Брекстон го отвора „Скопскиот џез-фестивал“
Во пет вечери, од 19 до 23 октомври, со полноќна програма, на Џез-фестивалот гостуваат значајни имиња од САД, Јужна Амер...
Глупоста и глупирањето станаа ценета форма на живеење
Инаетот ми е голем и нема лесно да им го отстапам местото на медиокритетите“, вели Кокан Димушевски, композитор, клавија...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |