Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Политика
14.10.2012, 18:10

Обвинителски молк за говорот на омраза

Во последните четири години нема пријавен случај на говор на омраза, што не значи дека нема основа за дејствување на надлежните

Гордана Дувњак



„Ако целото човештво минус еден човек имаше исто мислење, човештвото повеќе не би било оправдано кога би го замолчувало тоа лице, за разлика од него, тој ако би имал моќ, би бил оправдан за замолчување на човештвото“.

Оваа позната мисла на англискиот мислител Џон Стјуард Мил, деновиве, е една од најцитираните изјави на многубројните дебати посветени на слободата на изразување и говорот на омраза, кои зачестија по намерата на власта за декриминализацијата на клеветата и навредата.

Експертите со право предупредуваат дека навистина е тенка линијата меѓу слободата на изразување и говорот на омраза, кој секојдневно се шири не само на социјалните мрежи, но и од традиционалните медиуми, па дури и од јавниот сервис. На ширење говор на омраза не се имуни ни народните избраници, кои не ретко ја злоупотребуваат парламентарната говорница за лични навреди и етикетирања на политичките противници. Но, експертите, исто така, потсетуваат дека слободата на изразување не е неограничена и оти не смее да повредува туѓи права и слободи.

Првиот човек на Советот за радиодифузија, Зоран Трајчевски, деновиве на една јавна дебата се огради дека како институција немаат законско право да интервенираат во овој дел. Рече дека внимателно го следат она што се случува во медиумите, а топката ја префрли во дворот на Обвинителство.

И професорот по кривично право, академик д-р Владо Камбовски, на една слична дебата организирана на оваа тема од ОБСЕ, констатираше дека за четири години, поточно од 2007 до 2010 година, никој не пријавил говор на омраза во Обвинителство, што не значи дека нема основа за дејствување на Јавното обвинителство.

На јавните прозивки упатени на нивна адреса, државниот јавен обвинител Љупчо Шврговски реагира прилично воздржано и потенцира дека треба да се цени секој конкретен случај одделно.

„Во моментов имаме една парадоксална ситуација. Кога се работи за политичарите, новинарите постојано се повикуваат на праксата на Европскиот суд за човекови права, кој толерира јавните функционери да бидат изложени на посилна критика, па дури и до извесен степен и на провокации со изнесување невистини или полувистини. Но, кога самите се цел на слична ситуација од нивни колеги или некој друг, бараат да бидат заштитени и да реагира обвинителот“, подвлекува Шврговски, додавајќи дека нема да дозволат да бидат вовлечени во ничии пресметки.

Обвинителството пред неколку дена се произнесе дека не гледа говор на омраза ниту во изјавата на лидерот на Светскиот македонски конгрес, Тодор Петров, кој по повод наводното претепување до смрт на извесниот Александар Самарџиев во Солун од страна на неонацистичката „Златна зора“, речиси да повика на војна со нашиот јужен сосед. Во ударни термини на национални телевизии, се емитуваат телевизиски проекти во кои се објавуваат листи на „предавници“, а социјалните мрежи се преполни со говор на омраза не само за поединци, туку и цели етнички групи.

Од Дирекцијата за заштита на личните податоци само во првиот квартал годинава избришале 57 профили и групи од социјалните мрежи, кои ширеле говор на омраза. Но, дали е тоа доволно и единствен одговор на нетолерантноста и дискриминацијата?


Статијата е прочитана 567 пати.

Испрати коментар



Нов амбасадор на Грција?
Кампањата може да почне
Македонија очекува француска поддршка за ЕУ
Се засилуваат заканите за враќање на визите
Градоначалничката функција предизвик за пратениците
Пет нови досиеја на проверка пред лустраторите



Vancho, 15.10.2012 07:43:43
A objasnete samo od kaj go Uvezovte toj termin Govor na Omraza.Mnogu brzo naprednavte bre braka EU koi se usshte ne ste ni chlenovi vo EU-Klub ili narechenata Lazna Demokratija koja Uopshto i ne Postoji nego vo sekoj Sistem si ima Zakoni koi vo pogolem sluchaj se nametnati od samata vlast i sve je vo Kontrola na samata vlast.Dali prestavnicite na vlasta moze da se pofalat da oni gi pochituvaat zakonite koga samite vo pogolemiot sluchaj se Korumpirani. Pogotovo so samata promena na politichkoto ureduvanje dobar broj postanaa ne Prestupnici nego pravi Kriminalci vazno je da se Milioneri. Tova li je neshto so shto moze da se pofalat onije koi se prestavnici na vlasta i da ne se stanuva tek tek taka Bogat.Vo zapadot so generacii pominat za da se stvori bogatstvo i so mnogu Trudi Poshtenje.E tachno je i da vo Zapadot vladee Kriminalot i Korupcijata pa izvesni Kritiki treba da gi primime kako Realnost i da se Popravime zar ne.Lesno je da se kaze za bilo shto ako ne ni Odgovara da je govor na
mkd, 15.10.2012 09:50:42
Obvinitelot da se bira na IZBORI zaedno so prededatelskite ili slicno i toj da bide obgovoren pred izbiracite a ne pred politicarite. Toj so legitimitet od narodot da postavuva zamenici na svoja odgovornost po regioni (MKD da ima 3 ili 4 regioni) za da nema koristenje na vrskite vo malite gradovi i da ja stiti drzavata i po svoja inicijativa a ne kako ovoj dosegasniov da znae da procesuira samo sitni kradci.

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

 
Што прават
 


Site Meter


Време
Скопје, 12°C

Ведро

Петок
Ведро
Макс: 26°C, Мин: 9°C

Сабота
Сончево
Макс: 27°C, Мин: 6°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Фељтон
Јованка Броз - Титова Совладетелка (30)
Јованка не се откажува од политичка кариера. Специјално за своите читатели „Утрински весник“ и „Медија принт Македонија“ ги откупија правата на објавување извадоци од книгата „Јованка Броз - Титова совладетелка“
Човекот поет нема друг избор освен да пишува
„Пазарната логика се наметнува како валиден репер дури и за книжевните вредности“, вели поетот Владимир Мартиновски...
Како умре Моамер ел Гадафи?
„Хуман рајтс воч“ изготви извештај за последните денови на либискиот водач насловен како „Крвна одмазда во Сирт“...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |