14.10.2012, 18:14 Мое ќоше
Од Томе дар за навек
Ерол Ризаов
Оживеаната меморија со длетото на маестро Серафимовски е најсилна гаранција за зачувување на трајните вредности на човештвото
Нобеловецот и светски литерат Иво Андриќ ги напиша „Спомениците покрај патот“, а нашиот уметник и скулптор Томе Серафимовски ги изгради, ги изваја и им даде душа. Кога на мермерот, на каменот, на бронзата, на дрвото, на платното, на хартијата... им се вдахнува вечен живот, тоа се вика уметност. Кога тие скаменети монументи и слики, пак, почнуваат да зборуваат, без да изустат ниту еден збор, на јазик што сите го разбираат, тоа се ремек-дела. Таа повеќевековна оживеана меморија, окована во паметниците со длетото и прстите на маестро Серафимовски остануваат врежани за навек во свеста на сегашните и идните генерации, како најсилна гаранција за зачувување на трајните вредности на човештвото.
Цели 55 години Томе Серафимовски ја препознава Татковината со реанимација на глинената кал и каменот и докажување на можното само во уметноста, дека не останува само прав од човекот, туку со помош на музите и умот може и правта да стане човек. Дека и татковината и светот го препознаваат Томета нема сомневање. Неговиот вечен потсетник испратен до Македонската академија на науките и уметностите преку 45 скулптури и 33 цртежи не се само дар за навек и за зачувување на трајните вредности. Не е тоа само филантропија на авторот и страв од заборав. Тоа е висококултурно предупредување за сите нас да ги негуваме вредностите и да ги препознаваме богатствата кои не се секогаш во благородните метали, туку во реликивиите кои не' чуваат од исчезнување. Личностите кои Серафимовски ги овековечува се избрани многу внимателно, студиозно, со многу читање и проучување. Сите тие се заслужни за светот, за своите народи, ама посебно и за Македонија. Заробените ликови во мермер и бронза и во миг на духовност скаменетите карактерни особини се екстракт на високи уметнички дострели својствени само на великани. Јунаците на Серафимовски праќаат пораки. Ни говорат молкум и простум св. Кирил и Методиј, св. Климент, св. Лидија од Македонија, Крсте Мисирков, Кирил Пејчиновиќ, Мајка Тереза, Кемал Ататурк, Скендер-бег, Вук Караџиќ, Људевит Гај, Рафаело Алберти, Ежен Гливик, Мирослав Крлежа, Славко Јаневски, Блаже Конески, Евлија Челебија... и уште 550 личности што го задолжиле човештвото. Серафимовски го научи занаетот кај големите класици Иван Мештровиќ и Антун Аугустинчиќ. Но, тоа е доволно само филигрански и хируршки прецизно, анатомски точно да се изделка скулптурата. Сосема нешто друго е да се даде душа и живот и да се облагородат мермерот и бронзата, да се докаже дека тоа не се само минерали и метали, мртва природа, градежни материјали и политика. Тоа не се учи нигде. Ни кај Аугустинчиќ, ни кај Фидие, ни кај Микеланџело, ни во која било академија за убави уметности. Тоа го имаш во себе или го немаш. За наша и негова среќа, Томе Серафимовски го има тоа во себе во огромни количини, како непотрошен материјал кој штедро го расфрла како и сите гении.
Склуптурите на Томе Серафимовски не' вишнеат кон небото, не ги допираат облаците и не ги заробуваат плоштадите, немаат натчовечки димензии повеќе отколку што дозволува уметноста. Неговите херои цврсто газат на земјата и собеседат со нас, простосмртните. Уметноста никогаш не може да изгради поголеми споменици од политиката. Како што политиката не може да изгради поубави. Власта и владетелите можат да бидат и добар мецена само под еден услов ако уметникот своеглаво и тврдоглаво создава дело по законите на уметноста. Ремек-делата се препознаваат по тоа. Историјата е полна со безвременски творби што настанале токму поради тој инает и отпор да не се разубавуваат работите по ќеф на нарачателот. И обратно, лошите политички нарачки и послушни уметници ги преплавуваат, ги сквернават најубавите простори, за жал, често и за навек.
Томе Серафимовски во својот избор на личности за овековечување нема антички јунаци од пред Христа. Скулпторот вели тие ги вајале боговите, па според тоа, како смртник, таму не ми е местото.
Томе Серафимовски, заблагодарувајќи и' се на МАНУ што го прими подарокот, испрати уште една порака и до своите поддржувачи, а и мало утешение до оние што се вознемирени од овој гест, ако ги има: и по Куранот и по Библијата, вели Томе, не е убаво да се зборува за дарот. Особено не треба да зборува тој самиот. Времето, посебно во уметноста, е врховен, непристрасен и неподмитлив судија. Ќе каже се' што треба и кога треба. |
|
Статијата е прочитана 3445 пати.
|
Испрати коментар
|
|
demokrat, 15.10.2012 02:32:47 | Posle nekolku dobri tekstovi drug Eroö ne Podseti deka ovaa drzavicka seuste stoi na socijalisticki noze. Toa od poodamna mi e jasno. No ne mi e jasno sto bara Koneski vo listata na velikanite!? |
| ФЕЛИКС, 15.10.2012 07:56:46 | Значи според авторот има споменици и,,има споменици,,Овие вториве се предмет на критика за трошење буџетски пари,а првите се ,,споменици со душа,,и треба да ги има.Па така оправданите критики( и јас сум жесток противник на споменичарството,независно со ,,душа,, или без поради фрлените пари)околу непродуктивното трошење средства доби нова димензија.Да се трошат пари ако спомениците се душевни.Инаку спомениците на Илинденците,на Ченто,во Жена парк,Самоил и др.беа предмет на критика за нецелисходноста на трошење пари во овие економски ,,волнени времиња,,иако немаат ,,блага веза,,со антиката.Се си мислам дека имаме ,,наши и ваши,,скулптори па и од тука различното гледање на целиходноста на спомениците.Инаку е за поздравување споменичарскиот дар на г-дин Серафимоски на академијата. |
| Внимателен читател, 15.10.2012 09:15:59 | Демократ се прашува што бара Конески меѓу великаните. Епа, демократу, ако не беше Конески ке лаеше на некој дијалект, или може ти сакаш да зборуваш на некој друг литератуирен јазик, на пример Бугарски, или Српски. Основачите на литературниот јазик сегде во светот се великани, а што е Конески ке мора да седнеш и да читаш, ако веќе не е доцна за тебе.
Феликсе, мачорче, пак не си ја разбрал поенатата на авторот.Па да, човече има споменици и споменици, има кич и уметност. Едно е кога државата ги дарува дебели народни пари на уметниците за нарачан кич, а друго е кога уметниците и подаруваат на татковината уметност. Ако и тука бараш начин да се додвориш на власта, имаш сериозен проблем со себе си. |
| kanagjanka, 15.10.2012 09:37:41 | Баздриѓани* коментатори, Ерол зборува за континуитет на еден уметник и една и��торија преку неговите дела. А кичот по нарачка - како `костум за свадба` на плоштадот и пошироко ќе не потсетува на едно време на омраза кон се што е цивилизациски континуитет.Впрочем како што вели авторот, само времето ќе каже.
*така ги нарекува Б.Конески тие како вас во неговата поезија. |
| Mirko, 15.10.2012 10:09:03 | Pocituvani g. Rizaov! Nesto e trulo vo drzavata Danska! Izguben e sekoj kriterijum za zivot i umetnostata. |
| K2, 15.10.2012 10:33:26 | Demokrat , dali so tebe e se vo red ili nesto ti fali? Da postavis prasanje dali mu e mestoto na Koneski medju velikanite, navistina covek mora seriozno da razmisli za tvoeto zdravje.?! Eeej , postavuvas prasanje za Koneski ?!Imas li maku akl i uka?Fatete se raka za raka so Milososki , ona nevidno covece od Kicevo, koe ne mu e ni do gluzdot na Koneski, pa taka isfrustrirano postavuvase slicni prasanja kako tebe. Jzk da vi e , aramolepci edni!!! A Feliks ne ja svatil porakata deka skulpturite ne treba da bidat praveni samo zanatski, ami treba umetnikot da im vlee dusa. Go prasuvam dali vo onie skulptura na Samoil ili onie vo Zena park zabeleza vleanost i na tronka dusa ili se samo zanatski dela , bez dusa , ama po poracka na CK na DPMNE-to i najtesnoto rakovodstvo. |
| ars - enio, 15.10.2012 10:52:41 | erol se burickas vo se i sesto, i od se znaes pomalku, znaci vo se si povrsen... tome serafimovski e nasiot najdosaden, i so bukvi, najdosaden skulptor...ama tebe ti se dopagja oti e epten socijalisticka tvorba, isto kako sto si i ti |
| Goce USA, 15.10.2012 13:33:36 | Najgoelmata vistina e deka vremeto ke si go pokaze svoeto. I onoj GrujoLend na plostad ke go snema so vremeto. A mozebi i Feliks i onoj jovan i takvite ke pocnat da se sramat od kicot nebulozite na ova vreme na izgubeni kriteriumi i ke prestanat da ne maltretiraat po forumive glumejki konstruktivci, samo zatoa sto Grujo im platil po 500 denari. Samo kaj li ke go stavat satorot togas? |
| seirdzija, 15.10.2012 13:41:32 | Se nadevam deka ne te voznemiruvaat komentari od ludje koi se do gusa zaglaveni u kriminal,pa se nesto gledaat nedaj bozeda se smeni vlasta pa tie da zaglavat u prdekana na dolg rok.Tome e golem umetnik za mali pari naspram kic umetnici za golemi pari...Rugloto nareceno 2014 dolgo ke ne podsetuva na toa so se onie smesni fasadi i uste posmesni ogradi na mostovi!!!Najgolemata smeska e sepak deka sega sme sardisani od turisti da go vidat toa cudo nevideno!!!!!hehehehhe |
| ZA ARS-ENIO, i istomislenicite, 15.10.2012 13:42:37 | Ednas Koneski napisha eden mal tekst kako blagodarnost kon slikarot Kondovski, deka na negovata tukusto izdadena kniga naslikal *klim od cvekinja*( nesto taka beshe). A za nas, Koneski napravi kilim od UBAV NACIONALEN LITERATUREN JAZIK, zbruvam vo Makedonija, izucuvan na svetskite fakulteti.Po ovoa, mozeme eventualno da se zaprashame KOJ ima pravo da bide staven pokraj Konesk, vo listata na velikanite? Opismeni mnogumina koi sakaa da naucat nesto poveke, pa i tebe demokrat zaedno so ars-enio , ama ne vivleglo nisto vo glavite.Posledniov nisto ne svatilod tekstot na Erol koj pisuva za site, ama saka da poduci nekoi prazni glavi kako na ovoj posledniov sto se pinci i kritikuva, so znaenkje ravno naMaksim po divizija.Ne gi vporeduvajte kic spomenicite na ovoa stado od skuptori, so onie umetrnicki dela naSerafimovski,a ako e Erol odlicen novinar poradi socijalistickoto vospituvanje, togaj da kazeme *Alal mu vera na socijalizmot,vo koj ziveevme srekni vo mir i stvoril novinari kako Etrol! |
| велтра, 15.10.2012 13:57:19 | Имајќи го Томе Серафимоски на широко признат уметник скулптор кого го сметаат за продолжувач на скулпторскиот ракопис и гениј на Мештровиќ и неговиот ученик Августинчиќ (чии ученик беше и самиот Томе Серафомовски) ние им дадовме на анонимци и дилетанти да го нагрдат и сквернават наместо да го разубават и оплеменат градот.А сега ќе мора да одиме во Ману за да уживаме во вистинската уметност .Во секој сличај голем гест на големиот уметник. |
| VMRO-DPMNE Dolzno kako grcka, 15.10.2012 14:34:03 | Зарем не е очигледно дека помпезните градителски зафати во центарот на Скопје, според својата психопатолошка „архитектонска обработка“, наликуваат единствено на мрачните градби изградени од други тоталитарни фашизоидни режими!? |
| Крт, 15.10.2012 14:46:06 | До демократ - ако си мислел дека Б.Конески е фудбалер, си ја згрешил и страницата,и колумната а можеби времето за да дадеш коментар. Тој е (Б.Конески) ВЕЛИКАНОТ што ти овозможил да го напишеш коментарот на свој и само свој МАЧИН јазик, МАКЕДОНСКИ. А Феликс по обичај ги помешал лончињата, ама овојпат ги побркал и капачињата. Разликата во кич- уметноста на Д(р)ПМНЕ и уметноста на Т.Серафимовски е како разликата помеѓу еврото и денарот! Томе дарува, ама овие твоите со парите на народот ни го ,,унакажаа,, животот (и Скопје)! |
| BitolaHamiltonCanada, 15.10.2012 14:51:15 | Poleka be ars-enio,smiri se malce,i so bukvi i so brojki(kako sakash),mnogu si nervozen.Ako Tome i Erol se socijalisticki tvorbi,togash mnogu podobro za niv odkolku da se vmrovski anticki tvorbi kako shto si ti. |
| do demokrat i feliks, 15.10.2012 17:51:14 | @demokrat za tebe ke bidam kratok vrati se povtorno vo osnovno pa nauci malku koj e i sto se napravil Blaze Koneski .
@feliks ti si covek na kogo mu nema lek samiot kazuvas deka toa sto go pravat vmrOVCITE ne e dobro a sepak gi poddrzuvas epa sto da ti recam ili premnogu te plakaat pa ne te boli voopsto sto pravat se dodeka dobivas pari ili si boleduvas od nesto |
|
|
|
|
|
„УТРИНСКИ ВЕСНИК“ ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE
|
|
|
|
Време
|
Скопје, 26°C
Ведро
|
Сабота
Ведро
Макс: 27°C, Мин: 7°C
|
Недела
Сончево
Макс: 23°C, Мин: 5°C
|
|
|
|
|
Фељтон Јованка Броз - Титова Совладетелка (30)Јованка не се откажува од политичка кариера. Специјално за своите читатели „Утрински весник“ и „Медија принт Македонија“ ги откупија правата на објавување извадоци од книгата „Јованка Броз - Титова совладетелка“ |
Како умре Моамер ел Гадафи? „Хуман рајтс воч“ изготви извештај за последните денови на либискиот водач насловен како „Крвна одмазда во Сирт“... | |
|