Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Вести
14.10.2012, 17:36

Невладини организации го обвинија Ристовски за хомофобија

Повод се неговите последни изјави за правата на хомосексуалците и маргинализираните групи

Четири невладини организации предводени од Хелсиншкиот комитет за човекови права ќе го тужат министерот за труд и социјала Спиро Ристовски за вознемирување, поради неговите последни изјави за правата на хомосексуалците и маргинализираните групи. Тие го обвинија министерот за хомофобија и за дискриминација.

За нив е, како што рекоа на денешната прес-конференција, големо разочарувањето дека владејачката структура претставена и преку министерот, го продолжува својот сензационалистички и недемократски монолог по однос прашањето на семејството, бракот, и конечно, истополовите заедници.

„Со двете последователни изјави министерот Ристовски направи недвосмислена дистинкција меѓу здравствената состојба на хетеросексуалните и хомосексуалните лица, односно оние растени во хетеросексуална или хомесексуална заедница“,потенцираат невладините организации, кои препознаваат дискриминаторски говор, бидејќи хомосексуалните лица и заедници се исклучени од поимањето на нашата Влада за здрава нација.

Според нив, министерот го раскинал македонското општество на два дела. Едниот дел го претставуваат, здравите брачни двојки кои биолошки се репродуцираат и и нудат на нацијата здрави и правилно развиени деца.А, останатиот сегмент на општеството го претставуваат сите оние двојки кои не ја исполнуваат ’светата мисија’ на репродукција на здравата нација, сите оние родители кои самите ги одгледуваат своите деца со сета можна љубов и извори на грижа, сите самохрани мајки, сите оние двојки кои имаат посвоено, изгледано и развиено деца надвор од ’вистинската биолошка форма на зборот’, сите оние граѓани кои ја имаат искористено современата технологија за да донесат на овој свет уште еден човечки живот.

Министерот за труд и социјална политика, Спиро Ристовски изјави дека Законот за семејство нема да се менува и нема да се дозволи склучување на хомосексуални бракови во Македонија.

„Во Законот за семејство јасно е дефинирано дека бракот е заедница меѓу еден маж и една жена и тоа ќе остане така додека ние раководиме со Министерството и со Владата. Како политичка партија имаме дадено многу јасен став во однос на хомосексуалните бракови“, изјави Ристовски.

Тој нагласи дека на геј-двојките нема да им се дозволи да посвојуваат деца. „Владата останува цврсто на ставот дека едно дете треба да расте со мајка и татко за да биде правилно развиено“,додаде тој. (П.Р)


Статијата е прочитана 2579 пати.

Испрати коментар



Грција не сака Брисел да се вмеша во спорот
ВМРО-ДПМНЕ молчи за Хасан Приштина
Опозицијата бара став од премиерот за „раната фаза“
Во Македонија сите се различно сиромашни
СДСМ против отпуштање без предупредување
(ФОТО) Двајца повредени во масовна тепачка пред „Мавровка“
Велија Рамковски наскоро пред Апелацискиот суд
Во август сме имале помалку туристи
Со ОНЕ може да зборувате по телефон и во авион
Скопјанец преживеал удар од воз
Само четворица од Македонија добиле азил во Шведска
Ослободителна пресуда за Ѓорѓи Тренковски
Визите ќе го уништат европскиот сон на Западниот Балкан
Молотов коктел запали две возила во Бутел
Kампања за помош на сиромашните и гладните
„Борис Трајковски“ доби акустика по светски стандарди
Николиќ - Ако го побараат Косово, не сакаме во ЕУ
Контејнерите ќе се заменат со нови пластични
Германски компании заинтересирани за инвестирање во енергетскиот сектор
Од идната година МЕПСО ќе отвори пазар на струја
Радован Караџиќ бара награда за мир
Куба ги укина излезните визи
Почнува ТЕХНОМА 2012
Бројот на гладни во светот на високо ниво
Хилари Клинтон презема одговорност за настаните во Бенгази
Изборите во САД може да завршат нерешено?
Локално невреме со пороен дожд и ветер
Пет години без Тоше
Собрани 60 илјади кубни метри отпад
Референдумот за независност на Шкотска стана реалност
Ахмети - Не сме разговарале за предвремени избори во март
Американците Рот и Шапли добитници на Нобеловата награда за економија
Протестираа вработените во ОХИС
(ФОТО) И театарот ги доби првите скулптури
(ФОТО) Македонија шефува со регионот
Промовирана платформа за енергетска ефикасност
Пет лица загинаа во „сомнителен“ пожар во Англија
Утре започнува саемот ТЕХНОМА
СДСМ - Грчкиот меморандум неприфатлив за Македонија
Само седум фирми имаат ХАЛАЛ сертификат
Жените земјоделки бараат учество во аграрната политика
ВМРО-ДПМНЕ го повлече законот за бранители
Санино - Визната либерализација важи ако не се злоупотребува
Црвенковски - Почетокот на преговорите ќе влијае позитивно на реформите
Беровчанец се обеси, Тетовчанка се застрела
Лавров - Не се нарушени руско-турските односи
Почина новинарот Хисен Шаќири
Белгија се` поблиску до распад
Одложена седницата на Комисијата за труд и социјала
Од денеска почнува грејната сезона
Баумгартнер - Почувствував голем притисок во главата
Почина поранешниот крал на Камбоџа Нородом Сиханук
Литванско „не“ за нова нуклеарка
Шкотска на чекор до референдум за независност
Покрај санкциите расте американскиот извоз во Иран
Опозиционерот Али Зејдан е новиот премиер на Либија
Коалицијата на Ѓукановиќ победи на изборите во Црна Гора
(ФОТО+ВИДЕО) Баумгартнер успешно скокна од работ на вселената!
Груевски убеден во победа на локалните избори
Сарачини - ЕК генерално со позитивни оценки за економијата
Се засилуваат заканите за враќање на визите
Минималната плата да биде 15.000 денари



Tatijana D., 14.10.2012 19:02:23
Ministerot e celosno vo pravo so svojata izjava, negovata izjava e primer za zdravo razmisluvanje i sekoj normalen covek treba da go poddrzi negoviot realen stav. Homoseksualcite se samo pocetok na nezdravo opstestvo i niedna institucija ne treba da gi poddrzuva niv i nivnite pogresni polovi afiniteti!
Trajce, 14.10.2012 19:31:11
i jas ne sakam da ziveam vo opshestvo koe propagira gej zaednica od toj aspekt i jas bi bil diskriminiran

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

   


Site Meter


Време
Скопје, 16°C

Претежно облачно

Вторник
Ведро
Макс: 26°C, Мин: 10°C

Среда
Сончево
Макс: 25°C, Мин: 8°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Фељтон
Јованка Броз - Титова Совладетелка (27)
Плачот на Х Конгрес на СКЈ. Специјално за своите читатели „Утрински весник“ и „Медија принт Македонија“ ги откупија правата на објавување извадоци од книгата „Јованка Броз - Титова совладетелка“
Триумф на човековиот дух
Зоран Иванов, познат новинар, а порано падобрански ас, вели дека технологијата го овозможила скокот на Баумгартнер, но н...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |