„Гимназијада 2010“ во „Б. Трајковски“
„Гимназијада Скопје 2010“ е насловот на најголемата спортска манифестација во која ќе учествуваат над 800 ученици од средните училишта од земјава. Учениците ќе се натпреваруваат во повеќе спортски дисциплини. Манифестацијата ќе претставува собир на најдобрите училишни екипи и истовремено врв на она што може да се направи на планот на заживувањето на училишниот спорт.
Свеченото отворање на гимназијадата ќе се случи на 6 мај во спортската сала „Борис Трајковски“ во 20 часот.
Овој голем спортски настан го организира Училишниот спорт на средните училишта со поддршка на градоначалникот Коце Трајановски. (Сн.К.) |