Број 3275  четврток, 06 мај 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Скопје

„Улици и патишта“ доби нов директор

Јавното претпријатие „Улици и патишта“ од вчера и официјално има нов директор. На местото на досегашниот Илија Мартиновски е именуван Синиша Ивановски, член на ВМРО-ДПМНЕ. Овој 27-годишен политиколог на чело на претпријатието доаѓа од приватна фирма каде што работел како маркетинг и ПР-менаџер. Смената на директорската функција официјално е поради истекот на менаџерскиот договор на Мартиновски, кој со ова претпријатие раководеше речиси 5 години.

Наскоро договорот му истекува и на актуелниот директор на ЈП „Водовод и канализација“, Игор Арнаудов. Неофицијално, за негов наследник претендираат неколку кандидати, а најголеми шанси за директорската функција има Сашо Лазароски, поранешен економски промотор во Бугарија, кој пред таа функција и откако му истече мандатот, е вработен во Јавното станбено претпријатие, а од неодамна е и претседател на ОО на ВМРО-Карпош. За прв човек на „Водовод“, наводно, во игра бил и Сашо Димиќ, некогашен в.д. градоначалник на Општина Карпош.

Инаку, од Градот вчера ги официјализира кадровските смени во дел од јавните претпријатија откако пред половина година на челните позиции беа назначени вршители на должноста. Директорски решенија им се врачени на Ракип Дочи, кој раководи со ЈП „Комунална хигиена“, на Мишо Николов, кој е на чело на ЈСП „Скопје“ и на Горан Ангелов, директор на новоформираното ЈП „Дрисла“.

Градските власти потврдуваат дека смени и потврдување на директорските функции наскоро ќе има и во дел од културните институции, кои се во надлежност на Град Скопје. (Дс.Т.)


#
Статијата е прочитана 899 пати.

Испрати коментар

Од: trpe original
Датум: 06.05.2010 12:46:00
Na zdravje!Magistrant po politicki nauki, inaku referent vo privatna firma so rabotno iskustvo od1-2 godini ke ni gi ureduva ulicite i patistata!Deficit na kadri ili necieq detence?Sramota!Pa, da izbereme diplomiran magionicar za premier!

Најди! во Утрински
Скопје
Апартманите на „Соравија“ во карабина
Општина Центар ќе гради модерен административен објект
„Гимназијада 2010“ во „Б. Трајковски“
Ден на Црвен крст