Број 3271  петок, 30 април 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил
Магазин

Site Meter
Култура

И дела на Дејвид Грас за акцијата „Можеш ако сакаш“

Од денеска во просториите на граѓанската иницијатива „Јавна соба“, на продажна изложба ќе бидат презентирани предмети и скулптури од картон изработени на одржаната работилница на холандскиот дизајнер Давид Грас во Скопје.

Собраните средства ќе бидат наменети за изградба на одделението за интензивна нега на Клиниката за детска хирургија, во рамките на акцијата „Можеш ако сакаш“, чии организатори се холандската амбасада и Националната фондација за трансплантација.

Работилницата на популарниот холандски дизајнер беше дел од фестивалот „Биди креАктивен, дизајнирај го својот град од иднината“, со кој се одбележува националниот ден на Холандија, а се одвиваше во просториите на Арт институт.

Дизајните на Давид Грас се еколошки, имаат прифатлива цена и се едноставни за изработка. (К.Б.)


#
Статијата е прочитана 815 пати.

Испрати коментар


Најди! во Утрински
Култура
Македонската азбука се потврди низ времето
„Кавкаскиот круг со креда“ премиерно во Прилеп
Македонија со богата активност на маркетот во Кан