Број 3458  четврток, 16 декември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон








Site Meter
Втора страница

Заеднички тим на Јадранската група во Авганистан

Заклучоците на Советот на министри на ЕУ за земјава, за Милошоски, се очекувани

Тамара Грнчароска



Петте земји од Јадранската повелба - Македонија, Хрватска, Албанија, Босна и Херцеговина и Црна Гора, како и Косово, како гостин, вчера под покровителство на САД разговараа за регионалната соработка, за обезбедувањето отворени врати на НАТО за замјите од регионот и за потребите на мисијата ИСАФ, во која сите земји имаат значителен придонес.

„Присуството во Авганистан не е доволно во воена и безбедносна форма, туку треба да се засили и цивилното присуство преку тренери и цивилни офицери“, рече министерот за надворешни работи, Милошоски, по средбата на министрите вчера во Скопје. Предавајќи го шестмесечното претседавање со Јадранската група, која сега се нарекува А-5, тој потенцираше дека таа дава добра можност во неа да се вклучат Србија и Косово и заеднички да се разговара за стабилноста и имиџот на регионот.

Црногорскиот министер за надворешни работи, Милан Рочан, како иден претседавач, рече дека ќе бидат најсреќни кога оваа група ќе се вика А-7. Рочан информираше дека се договориле освен своето поединечно учество во Авганистан, да формираат заеднички тим инструктори кои ќе бидат испратени таму.

Албанскиот министер Едмонд Хаџинасто во своето обраќање рече дека Тирана е задоволна од политиката на отворени врати на НАТО за земјите од регионот и ќе продолжи да ја поддржува Македонија за членство во НАТО „се' додека не ја видиме како полноправна членка“.

Прашан за заклучоците на Советот на министри на ЕУ, министерот за надворешни работи, Антонио Милошоски, оцени дека тие се очекувани. „Тие ги следат заклучоците и препораките на Европската комисија дека Македонија ги исполнува критериумите и е подготвена за почеток на преговорите“, изјави Милошоски. Тој побара Грција да има европски пристап кон проширувањето на ЕУ и кон Македонија.


#
Статијата е прочитана 457 пати.

Испрати коментар

Од: RTG
Датум: 16.12.2010 12:03:35
"Pod pokrovitelstvo na SAD"... znaci tie ne rasturija za sega da ne obedinuvaat????

Најди! во Утрински
Втора страница
Македонците во Албанија бараат помош од ОБСЕ
Германија веќе не дава пари за азиланти
Нон - стоп лидер
Грција задоволна од новото „вето“ во ЕУ
Вербатим
Софија сака партнерство, а не пријателство со Македонија
 

Moldovan PM hoping for quick end to coalition negotiations
Macedonia prepares for politically sensitive census
Bulgarian leaders clash over foreign diplomats with Communist spy links