|
|
|
|
|
|
Македонците во Албанија бараат помош од ОБСЕ
Тирана – Претставниците на македонското малцинство во Албанија оствариле средба со претставници на ОБСЕ во Тирана околу настојувањата на албанските власти да ги прекинат курсевите на македонски јазик во областа Голо Брдо. Притоа добиле уверување дека ОБСЕ ќе се ангажира максимално кај албанските власти, со цел непречено да се реализираат курсевите.
„Ова е втор пат како ОБСЕ треба да интервенира кај властите за курсевите. Наш заклучок е дека разговорите беа продуктивни и се надеваме дека ОБСЕ, како и лани, ќе ги притисне властите во Тирана да се реши проблемот со образование на мајчин македонски јазик“, изјави Едмонд Темелко, претседател на Македонската партија.
На средбата била разгледана можноста што ја даваат албанските закони, курсевите да се вметнат во наставната програма на Министерството за образование. Курсеви по македонски јазик се во тек во две села во областа Гора. (Н.Р.) |
#
|
Статијата е прочитана 849 пати.
|
|
|
|
|
|
Од: borce |
Датум: 16.12.2010 15:11:29 |
|
Do koga samo makedonija ce ja pritiskaat da gi sproveduva site zakoni a koga e vo prachanje makedonskoto malnicstvo vo sosedstvoto togach ne vazat istite zakoni vo tie drzavi. |
|
|
|
|
|
|
Од: Bogomil |
Датум: 16.12.2010 18:42:01 |
|
Ако се суди според сите потези што официјална Тирана ги влече во однос на правата на Македонците в о Албанија, произлегува дека демократите од типот на Бериша, Фатос Нано, или Пандели Мајко, се далеку подекадентни споредени со ставот на Енвер Хоџа кон таа етничка заедница во Албанија пред 50 години. Тогаш е дозволено во 9 села во Пустец децата да учат на мајчин македонски јазик, за денес, албанските кавзи демократи од политичкиот вев на Тирана да ги репресира родителите од селата во Голо Брдо, попречувајќи ги нивните деца да ги посетуваат курсевите по мајчин јазик. А да не зборуваме за фактот дека Тирана ги исфрла од пописните листи графите во кои Македонците би можеле да си декларираат својата национална припадност. Европа изгледа не гледа подалеку од носот, за тортурите што одредени системи ги спро��едуваат против малцинствата во дел од земјите на нашето опкружување. |
|
|
|
|
|
|
|
|