Број 3450  понеделник, 06 декември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Вести








Site Meter
3450

Влатко Лозаноски - Лозано

Златен финиш на „Позлати го животот“

Поп-пејачот Влатко Лозаноски - Лозано, заштитно лице на кампањата „Позлати го животот“ што траеше од 17 мај до 17 ноември во организација на „Прилепска пиварница“, прв им ги честиташе паричните награди на најуспешните што ги имаа трите најдобри идеи.

„Ми беше големо задоволство да бидам дел од овој проект, кој е за доброто на сите, за цело општество. Се надевам дека идеите ќе се множат и натаму, иако кампањата заврши. Само напред!“, додаде Лозано.

Прво рангирана идеја е „Позлати насмевка“, категорија здравје (246.000 денари), со директна намена на средствата на адреса на болните деца и млади од цистична фиброза, една од најчестите наследни болести во Европа. Како второпласирана идеја (185.000 денари) се најде „Позлати го животот со добра мисла, добар збор, добро дело“, категорија екологија и е наменета за реализација на идејата за подигнување на свеста кај луѓето на места каде што загадувањето е големо и на зелени површини и паркови. Третата награда (93.000 денари.) ја освои идејата во категоријата образование „Нашиот јазик - наше богатство! Да го зачуваме!“, која се однесува на организирање работилници на кои ќе се дискутира за правилно користење на нашиот јазик.

„Позлати го животот“ е нешто на што сме горди. Пристигнаа 62 идеи, од сите области, и од сите градови низ Македонија“, изјави Дања Димовска-Микаровска од „Прилепска пиварница“ на вчерашниот прес во хотелот „Холидеј ин“. (К.Ш.)


#
Статијата е прочитана 489 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Македонска верзија

Поглед
Жаклина Ѓорѓевиќ
Мислења
Ѓорѓи Спасов
Мислења
Ивор Мицковски
Меридијани
Сајмон Честерман

„Таксират“
Ерупција со Ману Чао

 


Bulgarian agency chief fools anti-fraud service
Romanians bring internal squabbles to the EU
Former Croatian defence minister jailed for corruption