Рен рече Македонија најефикасно ја искористила помошта од ЕУ за визна либерализација
Од нашиот дописник Слободанка Јовановска
БРИСЕЛ - Македонија има реални шанси да добие препорака за започнување на преговорите со ЕУ, но не треба да подлегне на самозадоволството додека не ги оствари сите услови на Брисел.
Со ваква порака вчера еврокомесарот Оли Рен го најави октомврискиот извештај за Македонија, нагласувајќи дека изминатите недели Владата и Собранието завршиле добра работа и таа ќе биде вреднувана од Унијата.
„Земјата прави добар прогрес во исполнувањето на осумте критериуми и, ако успее да го исполни преостанатото, ќе можеме да предложиме датум за започнување на преговорите годинава. Спорот околу името не е услов, но ако се реши ќе се обезбеди позитивна клима за евроинтеграцијата на земјата“, изјави Рен пред европарламентарците во Брисел.
На забелешката дека во Македонија оценката е дека со последните усвоени закони се исполнети барањата на Брисел, Рен се насмеа и порача: „Не треба никогаш да си дозволите да ве надвладее самозадоволство пред да биде остварено се'. Имате реални шанси да ги исполните осумте услови. Владата и парламентот завршија многу солидна и добра работа последните месеци, особено во судската сфера и околу администрацијата“.
Рен го игнорира прашањето на грчки пратеник, кој побара од него да ја осуди „националистичката пропаганда на Владата во Скопје, арументирајќи го тоа со неодамнешно чествување на премиерот Никола Груевски пред некој споменик на кој стоела карта на голема Македонија. По кој повод и прецизно кој споменик или настан, ни самиот не можеше да каже, но држеше в раце фотографија од церемонијата. Без одговор остана и Дорис Пак, која побара од Рен да престане да го игнорира фактот дека Грција ќе стави вето на одлуката за Македонија, како што Словенија ги блокира преговорите со Хрватска. Но, за разлика од Македонија, Рен јасно и' порача на Хрватска дека нема да има крај на преговорите ако не се реши спорот со границата.
Тој ја истакна Македонија како земја која најефикасно ја искористила помошта од ЕУ околу исполнувањето на условите за визна либерализација, откако жестоко беше нападнат од повеќе европарламентарци дека со неукинувањето на визите за БиХ, Албанија и Косово се дестабилизира регионот и се дискриминираат некои од граѓаните.
„Новите биометриски пасоши ќе бидат единствен документ со кој од јануари ќе патуваат граѓаните од БЈРМ, Србија и Црна Гора во ЕУ“, изјави Рен, инсистирајќи дека и ЕК сака сит�� земји од регионот да бидат ослободени од визите, но откако претходно ќе ги исполнат условите. Како куриозитет, еден од бугарските парламентарци, исто така, се побуни за дискриминацијата предизвикана од двојните државјанства, а Јелко Кацин тврдеше дека многу Албанци сега бараат пасоши од Македонија, и дека тоа ќе стане генерален проблем.
Оптимизмот на Рен за евроинтеграцијата на Западен Балкан го наруши холандски пратеник од новоизбраните екстремни партии, кој побара од него да си поднесе оставка, бидејќи го пропагира проширувањето, а тоа треба веднаш да запре, бидејќи на ЕУ не и' требаат банкротирани и исламски држави кои ќе ја дестабилизираат однатре.
„Проширувањето треба да запре. Не ни требаат банкротирани држави или муслимански… Тие се добри за соседи, но не и за членки. Ние во Холандија се' уште страдаме поради проблемите предизвикани од криминалците од Бугарија и од Романија“, изјави тој.
Рен му реплицираше со оценката дека, од една страна, го обвинуваат дека е против муслиманите, бидејќи Косово, БиХ и Албанија не добија визно олеснување, а од друга дека ја исламизира ЕУ, иако и визното укинување и приемот зависат од исполнувањето на критериумите и подготвеноста на земјите.
„Не би имал ништо против да си се вратам во Финска, која имаше годинава прекрасно лето, но не би прифатил лесно билет во еден правец, бидејќи имам уште работа околу проширувањето“, рече тој откако претходно се пошегува дека сите оние што сакаат да победат треба да бараат за тоа помош од Финец. (С.Ј.)
Македонија најефикасно ја искористила помошта од ЕУ за визна либерализација, zatoa sto dobro e za vladeckata struktura (koja i da e) da ne vleze vo EU za da ne bide kontrolirana korupcijata i vo isto vreme nasite rabotnici da mozat da izlezat v EU da nosat devizi.
Од: Angela
Датум: 03.09.2009 09:18:16
Bravo be Mende, kolku bistro se artikulirashe! Sega i nie neshto nauchivme.
Од: ФЕЛИКС
Датум: 03.09.2009 11:39:57
Мора да нее нешто во ред со перцепцијата на г-дин Рен, замислете сме на добар пат за исполнување на 8-те услови како и исполнување на преостанатите за почнување преговори за влез во ЕУ.Башка од нова година визна либерализација.Опзицијата тврди дека сме за никаде,башка антиквизација,споменичарство и власта е на ниво на Х.Чавез.Кому да веруваме дали на нашиве петли кикирези или на Европа,сепак ќе е на Европа.
Од: Trajko
Датум: 03.09.2009 16:06:38
I za NATO beshe zavrshena rabota a vidovte se shto se sluchi.Prvin se skoka pa se veli OP.Po se izgleda ,ako se sluchi sprotivnoto.Branko ke bide krivA sigurno e vinoven koga dozvoli nedorasnati da vodat drzava.