Број 3077  четврток, 03 септември 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Site Meter
На прво место

Грција се подготвува за можен пораз во Хаг

Од нашиот дописник
Слободанка Јовановска


БРИСЕЛ - Грција се подготвува за евентуален пораз во Хаг во однос на тужбата на Македонија, односно за варијантата, ако не и' оди во прилог, да ја одбегне одлуката на Меѓународниот суд на правдата. Вака асоцираше прашањето што довчерашниот портпарол на грчката Влада, а сега европратеник, Јоргос Кумуцакос, му го постави на специјалниот претставник на ЕУ за Косово, Питер Фејт, кое не беше адресирано директно на Македонија, но ја имаше како поттекст.

Каква ќе биде одлуката на ЕУ ако Судот во Хаг реши дека признавањето на Косово не било според меѓународните закони и не е легитимно, праша Кумуцакос, спомнувајќи дека во моментов повеќе држави веќе имаат воспоставено односи со експротекторатот. Според Фејт, Хаг ќе излезе со мислење за независноста на Косово некаде кон средината на идната година, нагласувајќи дека тоа нема да биде пресуда туку толкување, бидејќи на тоа се заснова барањето на Белград. „Нагласувам дека станува збор за мислење на Судот, а не за обврзувачка одлука, што е важно за земјите што го признале Косово, но, сепак, сами ќе решат што потоа“, му одговори Фејт на Кумуцакос. Претходно тој, исто така, нагласи дека независноста на Косово е неповратна, па поентата беше дека, што и да реши Хаг, Брисел нема да ја менува позицијата.

За разлика од Белград, Македонија поднесе тужба и чека пресуда, но без оглед на тоа, неприфаќањето на ставот на Судот околу Косово, ако биде спротивен со тој на ЕУ, веројатно ќе отвори врата и за неприфаќање на одлуката за Македонија.

Односите меѓу Косово и Македонија, по политичките проблеми последните месеци, Фејт ги окарактеризира како многу позитивни, додавајќи дека се надева оти многу брзо ќе биде завршена демаркацијата на границата. Практично тој потврди дека има останати нерешени проблеми околу ова прашање, изјавувајќи дека се чекаат уште некои последни чекори што треба да бидат одобрени од владите во Скопје и во Приштина.

„Мислам дека сме речиси дојдени дотаму“, заклучи Фејт додавајќи дека според него демаркацијата, сепак, не е пречката што ги сопира дипломатските односи. „Не мислам дека тие две прашања се поврзани, но сметам дека демаркацијата треба да биде завршена како проблем сам за себе. Мислам дека тоа го сфатија и двете страни“, изјави Фејт за „Утрински весник“.


#
Статијата е прочитана 4180 пати.

Испрати коментар

Од: LONDON
Датум: 03.09.2009 00:23:16
Apsolutno tocno e deka odlukata na megunarodniot sud ne e obvrzuvacka za organizacii kako sto e EU, no megunarodniot sud na pravdata e telo na UN pa taka UN e obvrzana da go pocituva mislenjeto na ovoj sud.Celta na Srbija e jasna da go spreci Kosovo da stane clen na UN a so toa Kosovo da se establira kako suverena megunarodno priznata drzava koja ke bide del od megunarodnoto semejstvo nareceno Obedineti Nacii (UN).Istoto vazi i za Makedonija,Grcija ili EU nema da bidat obvrzani so odlukata ,no UN ke mora da go pocituva sudskoto resenie so sto ke ni se dade moznost da pobarame naseto ustavno ime Republika Makedonija da se koristi sekade kade UN ima vlijanie odnosno pod naseto ustavno ime konecno ke staneme clenaka na UN i site drugi organizacii koi se vodeni pod kapata na UN.Posle ova logicno e deka nema za sto da se pregovara so Grcija zosto megunarodno nasata drzava ke bide vovedena so ustavnoto ime a EU, NATO ili Grcija ke nemaat izgovor okolu imeto.Cekam pozitivna presuda!!!
Од: кактус
Датум: 03.09.2009 01:32:16
Ајде сега ќе си играме асоцијации. Погоди кој збор го мислам на буквата...на буквата .. Ш Ама статија, бре!
Од: mkd
Датум: 03.09.2009 10:01:28
Ova se mislenja na novinar ili na nekoj naracatel?? PRESUDA e obvrzuvacka za ON i kako takva USA moze da ja iskoristi za aktiviranje na vremenata spogodba i priem na Makedonija vo NATO.Ne tolku zaradi nas kolku zaradi nivnite strateski interesi. Normalno mozni se nekoi pravni caki za odogovlekuvanje no sepak resenieto ke im bide na masa.Zatoa ne treba po sekoja cena da se prifaka se servirano vo pregovarackiot proces da ne ispadne isto kako so vremenata spogodba.Najverojatno nasive se sega malce popametni od iskustvoto vo izminative godini
Од: ФЕЛИКС
Датум: 03.09.2009 11:51:59
Се согласувам со Лондон и МКД се гледа имаат европски шмек,додека ,,кактусот,, се гледа дека има размислување како опозицијата,само да не се припише позитивната пресуда како успех на власта и да не ја лутиме саканата Грција.Кактусот вирее во пустињите каде што има мал жив свет па така и опозицијата егзистира во пустински услови т.е безидејност,раскараност(ЛДП-СДСМ) а полни со нааканост не баре се на власт.
Од: Petre
Датум: 03.09.2009 14:00:57
badijala i toa, reakcionernite sili ke izmislat drugi raboti, ke se obidat da go povtorat scenarioto.. a sto se odnesuva za Begalcite od Grcija ke gi upatat na grcki sudovi , duri togas Grcija ke se "opari"

Најди! во Утрински
На прво место
Зошто Македонија не беше во Гдањск?
МПЦ се мисли дали да ја гради црквата
Рен
Расмунсен бара прагматизам околу спорот за името