Број 3077  четврток, 03 септември 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Site Meter
На прво место
Расмунсен бара прагматизам околу спорот за името

БРИСЕЛ - Генералниот секретар на НАТО, Андерс Фог Расмунсен, ги повика Македонија и Грција да покажат прагматизам околу спорот за името, јасно нагласувајќи дека тоа го очекува колку од Атина толку и од Скопје. „Разговарав за ова прашање со грчкото политичко водство. Многу е важно да се најде решение за спорот околу името. Ги охрабрувам сите инволвирани да покажат прагматизам и се надевам дека ќе дојде до прогрес“, изјави Расмунсен на вчерашната прес-конференција.

Македонија, сепак, беше маргинална тема за генералниот секретар, кој, главно, се фокусираше на Авганистан, на трансформацијата на НАТО и на односите меѓу НАТО и Европската унија, кои најотворено ги окарактеризира како трошење ресурси, бидејќи не се на нивото што треба. „Замислете каква моќ би имале ако ги споиме средствата на ЕУ и војниците на Алијансата“, порача Расмунсен, отворено оценувајќи дека во моментов двата центра во Брисел немаат ниту договор за соработка во Авганистан, а не, пак, некој поамбициозен заеднички настап. (С.Ј.)


#
Статијата е прочитана 559 пати.

Испрати коментар

Од: Nikola - germanija
Датум: 03.09.2009 09:19:17
Neodamnesnata izjava na Dimitar Mircev,vo svojstvo na Sovetnik na Pretsedatelot Ivanov,spored koja vladata raboti samo na dobivanje datum za pregovori,a ne za zatvoranje na sporot okolu imeto,ne e glupost,tuku veke umisla i ja raznisuva uste tolku pozicijata na MK vo pregovorite so GR!Pa ne e ni za cudenje bidejki,na dvete vladi,osobeno MK-vladata,im treba sporot za politicko prezivuvanje;ottamu ne ocekuvam nekoj poseben progres vo sledniot period.A MK ne dobiva datum za pregovori,vladata pak ke zavzeme pocvrst stav,pod izgovor deka GR voopsto ne saka "razumen kompromis";sepak znaejki deka na MK i se stesnuva vremeto i sto podolgo ostanuva nadvor od evrointegraciskiite procesi,tolku poloso za ekonomijata i so toa za MKskoto opstestvo.No za zal,golemoto mnozinstvo ne go sogleduva problemot,blagodarenie na propagandnata masinerija na drzavnata administracija(=budzetarite).Dvete vladi bozem se naogjat vo konfrontacija,a skrisum si gi dodavat topkite pred resavacki nastani,pred se izbori!
Од: dedodimo
Датум: 03.09.2009 15:23:02
Ne se slozuvam so ovaa misla na Nikola.Makedonija mora da si go zachuva imeto po sekoja cena ,toa e nashe pravo ime i edno ime imame a toa e republika MAKEDONIJA .Vo svetot nema duga drzava shto se vika MAKEDONIJA ,da ,ima pokraini vo GRCIJA i BUGARIJA no toa se po Bukureshkiot dogovor vo 1913godima A toj dogovor e ne legitimen zatoa shto nikoj od MAKEDONIJA ne go ima potpishano .Grcite mozat da ni se obrakaat so drugo ime .Makedonija mometno e priznata vo svetot od 125 zemji a toa e dokaz deka e nase pravo da se vikame kako shto nie sakame a i svetot toa go poshtuva .Glupos beshe shto beshe prifateno da se razgovara za imeto .Nazalost nashite politichari bea ne iskusni i podlegnaa na pritisokot od Grcija , misleki za dobri sosedski odnosi .No edno ne znaea deka GAVOLne se faka za prijatel.

Најди! во Утрински
На прво место
Зошто Македонија не беше во Гдањск?
МПЦ се мисли дали да ја гради црквата
Рен
Грција се подготвува за можен пораз во Хаг