Број 3432  понеделник, 15 ноември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска








Site Meter
Писма
Решенија за Универзитетот не се носат преку ноќ

Д-р Владан ЗлатановиЌ, професор, Скопје

Во последно време, во сите медиуми, многу е актуелно прашањето за реорганизација на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, предложено како идеја од Министерството за образование и наука. Последниот придонес го даде и нашиот ценет претседател на РМ, инаку професор на УКИМ.

Докажано е дека тркалото на историјата се врти, некогаш побавно, некогаш многу бргу, но се повторува. Во дискусиите по наведениот предлог се цитираат и мислењата на поранешните министри Новковски и Симова, да не зборувам за ректорот, деканите (сите од УКИМ, ги нема од другите три државни универзитета - божем не ги интересира тоа?). Сепак, историјата започнува далеку пред нив.

Пред 30-ина години (1977-1981) веќе беше извршена, сега новопредложената, реорганизација на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, со која се формирани пет универзитетски центри, точно онака како што предлага министерот (коинциденција или зачувана документација?). Беа избрани директори (не ректори) на универзитетските центри и почнаа да функционираат. И тогаш, како и сега што се планира (?), со указ е направена реорганизација. Не постоеше елаборат за оправданоста, за постојните и за идните просторни, материјални и кадровски потреби, ниту, пак, беше предвидена некоја промена во буџетот за финансирањето на новите универзитетски единици. Тогаш е извршена и поделбата на Електромашинскиот, Архитектонско-градежниот и Технолошко-металуршкиот факултет, па од трите факултети се создадени шест нови самостојни факултети. Новоформираните универзитетски центри немаа исто име.

По две-три години, пак без каков било елаборат за оправданоста, се' се врати на старо: пак профункционира УКИМ каков што беше (интегриран), освен што се изврши повторно спојување на Технолошкиот и Металуршкиот факултет во еден факултет(каков што е и денес). Електро, Машински, Архитектонски и Градежен факултет останаа поделени (како и сега).

И денес, по 30-ина години, историјата се повторува со иста идеја. Точно е дека во светот има и интегрирани и дезинтегрирани универзитети (условно наречени). На овој или оној начин сите опстануваат, некои со векови. Пред се', прашањето е во нивното инвестирање и финансирање, а со тоа и во развојот на општеството. Секогаш парите се во прашање, но и целта за нивното постоење. Оксфорд, Сорбона, Хајделберг преживеаја многу општествени промени низ историјата (стотици години), но и денес се тоа што беа.

Денес, во РМ, при несредени услови за финансирање, немање никакви мерила и критериуми за финансирање на високото образование, финансирањето се врши од прилика до прилика. А во кошот имаме и филозофија и техника, право, економија и медицина... Правилно (условно) финансирањето на ваков хетероген интегриран универзитет е практично, но во сегашните услови, невозможно. Да не зборувам за далекусежна визија за развојот на образованието.

Друго беше во времето на СИЗ-овите (до 1991). Имаше и мерила и критериуми според кои се финансираше средното и високото образование и секоја институција според мерилата и критериумите знаеше колку средства има на располагање за деловната година. Добиваше решение, подложно на жалба! Притоа, научната дејност беше одвоена од наставно-образовната. Исто така, и апликативната.

Се поставува прашање: како денес се распределуваат државните пари поединечно на четири државни универзитета, на еден конгломерат од струки? Зошто техниката е во ист кош со филозофијата? Или медицина со право и економија? Тогаш имаше два државни универзитета (Скопје и Битола), а денес се четири (додадени Тетово и Штип). И безброј дисперзирани факултети...

Во таа смисла се поставува прашањето: зошто само УКИМ треба да се реорганизира, а не и другите конгломерати - интегрирани државни универзитети (Битолскиот, Штипскиот, Тетовскиот)? Дали наведените ќе останат интегрирани, а само УКИМ треба да биде дезинтегриран? Каде се критериумите и мерилата за финансирање и како ќе се врши финансирањето на еден дезинтегриран и на останатите интегрирани универзитети? Каде е елаборатот за оправданоста и визија програма за понатамошната работа? Има уште многу отворени прашања за кои треба да се дискутира и да се изнајде најповолно решение.

За сите овие прашања предлагачот е должен да подготви соодветен елаборат (не само за УКИМ, туку на државно ниво) и потоа во јавна расправа да е подготвен да одговори на сите прашања и предлози (но не со зборовите: амандманот не се прифаќа). По една таква јавна расправа (тоа се вика анализа), треба да се сумираат сите резултати (тоа се вика синтеза) и да се излезе со конечен завршен предлог како да се оди понатаму. Тоа не е работа од еден ден, еден месец или година, не од еден човек, туку од голем тим стручни, професионални лица. Тоа би било долгорочното планирање за севкупното високо образование во Република Македонија.

#
Статијата е прочитана 729 пати.

Испрати коментар

Од: АА
Датум: 15.11.2010 21:08:01
Професоре имате право.Кај овие од друштвените науки се е можно.

Најди! во Утрински
Писма
Уживаме во гостопримството на домот
 


New Hungarian media law proves controversial
Opposition calls for early elections in Macedonia
Croatian to become 24th EU language