Се' пореална станува опасноста дека поголемиот дел од нашето вино ќе остане во овдешните винарски подруми и во продавниците
Александрија Стевковска
Македонското вино, најверојатно, ќе треба ние сами да си го испиеме. Откако Грција се потруди да му ги затвори вратите за извоз во дел од европските земји, се' пореална станува опасноста дека поголемиот дел од производството ќе остане по овдешните винарските подруми и продавници, бидејќи Македонците се познати како слаби пијачи на вино. Познавачите на состојбите велат дека ембаргото на Германија и на Словенија за продажба на македонското вино издејствувано од Грција, која прави проблем околу географското потекло и користењето на терминот Македонија, најверојатно, како чума ќе се прошири. Тоа во превод би значело дека Европејците ќе мора да се откажат од нашето вино, а нашите граѓани ќе треба повеќе да пијат вино, за винарниците да не се удават во резервите вино. Се укажува на тоа дека повлекувањето на нашето вино од словенечките продавници ќе удри врз грбот на производителите на вино, кои и онака се во незавидна ситуација, справувајќи се со последиците од кризата. Посредно тоа ќе ги погоди и лозарите, кои годинава поради тоа што не успеаја да го продадат родот, практично банкротираа.
„Подготвуваме пратка за извоз во Словенија и засега се' уште немаме ништо официјално дека нашето вино таму не е добредојдено. Слушнавме дека има налог за повлекување на некои вина, но не знаеме за кои вина станува збор, ниту, пак, кои се причините за тоа“, вели директорот на винарската визба ’Бовин‘“, Ѓорѓи Тренев.
Според него, не би било в ред притисокот на Грција да го прифатат земјите кои до вчера и беа добри трговски партнери на земјава. „Доколку навистина Грција врши притисок врз европските земји да прават проблем за пласман на македонското вино, поради користење на името Македонија и доколку од нас се бара да промениме нешто во етикетите, тоа би било понижувачки, бидејќи ние не можеме да си го смениме потеклото. Второ тоа би имало и финансиски последици врз македонското винарство, бидејќи ќе треба да се да се менува. Освен етикетите што би требало да бидат различни за различни земји, тука е и документацијата, која ќе треба, исто така, комплетно да се промени. На крајот на краиштата, што треба да назначиме, од какво географско потекло е виното“, прашува Тренев.
Од словенечката амбасада во земјава не можеа да ни одговорат зошто Словенија попушта под притисокот на Грција и не дозволува продажба на македонското вино како македонско. „Слушнавме за проблемот, но немаме информација одовде. Испративме барање за разјаснување на проблемот до централата во Словенија, а официјален одговор очекуваме веќе во текот на наредната недела“, велат во словенечката амбасада во Скопје.
Ова е резултат на политиката на испраќање неспособни партиски послушници (и убавици, како во Брисел!) да ги бранат македонските интерсеси на меѓународниот паркет. Кривицата не е во Словенија, Германија или Грција. Секаков притисок кон Словенија е јалов. Постојат меѓународни договори за патентни права, WTO, заштита на производи и марки и сите земји мораат да се придржуваат кон тоа. Тие договори ја штитат Грција. Ако Македонија и понатаму води политика на инает и не работи на договор за името, тогаш состојбата ќе се влошува. За да и понатаму ги продаваме нашите вина на светските пазари засега не ни останува ништо друго освен да ги етикетираме како FYROM-ски вина!
Од: Vino
Датум: 06.11.2010 13:21:12
imeto NE e problem... Identitetot E
sega treba nov slogan... Vino i gitare, .... koj vino ne pie toj zeni ne ljubi = gay
Од: Трпе
Датум: 06.11.2010 14:00:16
Ееее убаина,ако нема леб барем ке си пиеме евтино вино, во резерватот кој ни го стокмија.Ако,иако слабо пиеме вино ке се научиме.Во виното е вистината.Затоа и министрите не смеат да пијат вино.Забрането им е.
Од: dragan
Датум: 06.11.2010 14:42:25
nasite vinerii bi trebalo da go osvojat ruskiot pazar koj po svojata golemina e poveke od dovolen za maskedonskoto vino inaku slovencite i germancite samo go izvezuvaat makedonskoto vino na ruskiot pazar samo so nivni etiketi koga bi imale eden sposoben menadger koj bi im go objasnil toa na rusite tie so zadovolstvo bi go otkupuvale mak.vino koe vo ovoj slucaj za niv bi bilo poeftino bidejki bi gi izbegnale povekekratnite troskovi.
Од: Волоѓа
Датум: 06.11.2010 16:51:34
Благодарам,Драгане на твојата понуда.Ние Русите сега не пиеме ништо,со душа го чекаме вашето вино.Како не му текна на друг оваа идеја досега?
Од: Професорка
Датум: 06.11.2010 19:56:49
Сето ова е очекувано и е само почеток на тотална блокада. Нека се инатат за името и понатаму, а усијаните глави нека им аплаудираат. Дечките остваруваат нема што. Нам ни останува да се опиваме за да заборавиме во каква дупка живееме.
Од: Mite-Kanada
Датум: 07.11.2010 04:01:34
Grcija se trudi za: zatvori na granicite za naseto vino? налог за повлекување? не дозволува на вино како македонско? Постојат меѓународни договори за патентни права, WTO?
I nie kako, Aj be kazimu deka e nase….nemame teritorijalni pretenzii prema Egejska, Pirinska I Pespanska Makedonija? Tamu lezi zajakot I ke ni go zemat I ona sto go imame – ke ostaneme samo so Skopje-Republika Makeonija - Nisto cudno so toa sto pravat se od nas I se igraat kako sakaat.
Bukureskata podelba na Makedonija od 1913 ne im dade patentni prava da tie go koristat imeto Makedonija – vreme e da se kaze deka okupatorite I borzat na Makedonija-neka nasite vredni kazat pred svetot sto bilo I kade sme I deka si go barame naseto - Nema sto kaj nas da se izube-Svetot podobro ke ne pazbere – Vidovme deka nema pravina I podobri ke bideme samite otkolku so Evropa - krvno povrzani klubovi od isklucivo drustvo.Sto velis Branko?
Од: od mene
Датум: 07.11.2010 11:03:48
Fala vi braka slovenci.... fruktal od cii jagodi pravi sokovi?
Од: Jeanny
Датум: 07.11.2010 16:25:16
e pa, 'dragi' slovencinja, sto ste zapnale biznis da sirite vo nasata zemjicka ? Ubavi vi se tendercinjata?
A da si odite u vasata evropa i da ne se vrtite nazad?