Расте бројот на издадени одобренија за градба
Во септември се издадени 268 одобренија за градба, што е за 13,6 проценти повеќе во однос на истиот месец лани, објави Државниот завод за статистика. Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите е за 92,4 проценти повеќе во споредба со септември минатата година. Од вкупниот број издадени одобренија, 221 или 82,5 проценти се наменети за објекти од високоградба, 13 или 4,8 проценти за нискоградба и 34, односно 12,7 отсто за објекти за реконструкција.
Од вкупниот број објекти, кај 215 од нив инвеститори се физички лица, а кај 53 се деловни субјекти. Во извештајниот период е предвидена изградба на 541 стан со вкупна корисна површина од 49.770 квадратни метри. (МИА) |