Средношколците од „Арсени Јовков“ ќе тренираат атлетика
Средното училиште „Арсени Јовков“ во Бутел вчера доби мини атлетски терени за спринт на 60 метри, троскок, скок во далечина и фрлање ѓуле. Патеките ги финансираше Градот Скопје заради збогатување на часот по спорт и спортски активности и поттикнување на средношколците да се занимаваат со атлетика. Градот обезбеди и спортски реквизити, како што се ѓулиња за атлетика, стоперици и јажиња за скокање. До крајот на годинава, Градот и „Улици и патишта“ ќе изгради атлетски терени уште во три средни училишта, а в година и во другите училишта каде што има просторни услови. (С.Н.) |