Број 3407  петок, 15 октомври 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Магазин
Вести








Site Meter
Скопје

Ѓубрето заминува под земја?

Подземните контејнери имаат поголем капацитет, а не зафаќаат слободна површина

Подземни контејнери покрај зградите се решение за грдата слика со купиштата ѓубре во населбите. Идејата потекнува од градското комунално претпријатие од каде што велат дека овие контејнери успешно се употребуваат во Белград, Љубљана и во други поголеми европски градови. За нив нема да има пари во буџетот за идната година, но од „Комунална хигиена“ апелираат градските власти да почнат да размислуваат за овој концепт. Се работи за мали инвестиции од 7.000 до 10.000 евра за изградба на контејнерите. Најпотр��бни и најпрактични се за населбите со колективни станбени згради, кои и се најгусто населените делови од Скопје.

Подземните контејнери имаат поголем капацитет, а не зафаќаат слободна површина. Можат да бидат изградени под паркови, пешачки патеки или паркинг-простори. Еден подземен контејнер може да замени десетици стандардни садови за ѓубре. Со нив ќе се намалат трошоците за инвестиции, за одржување, а ќе се запази и еколошката димензија во одлагањето на отпадот од домаќинствата.

Од „Комунална хигиена“ велат дека современите подземни контејнери се отвораат со чип-картички, кои ќе ги поседуваат само станарите од зградите. Тие лесно би биле мониторирани и со видеонадзор. Со тоа ќе се избегне денешната слика присутна на скопските улици, деца, возрасни, но и животни како буричкаат во ѓубрето.

„Единствено, дополнителна инвестиција е рачката неопходна за празнење на овие контејнери, а која ќе мора да се монтира на нашите камиони. Тоа е дел од стандардната опрема што може лесно да се надогради“, велат во „Комунална хигиена“. (С.Н.)

КАПАЦИТЕТ

Подземните контејнери имаат капацитет колку четири или пет стандардни контејнери со зафатнина од 1,1 кубни метри. Во нив отпадот е складиран на пониска температура со што се намалува миризбата, се набива самиот од себе со што ослободува повеќе простор, а празнењето е многу потивко отколку кај стандардните контејнери. Кај помодерните системи нивото на пополнетост на подземниот контејнер може да се следи и на Интернет.


#
Статијата е прочитана 1122 пати.

Испрати коментар

Од: Lile
Датум: 15.10.2010 13:19:16
Odlicno resenie za nasiot mentalitet i kultura.
Од: divna
Датум: 15.10.2010 14:50:44
Predlagam nadleznite pod hitno da razmislat za ova resenie za sobirawe na otpadot i da mu dadat prioritet.
Од: mkd
Датум: 15.10.2010 15:30:56
Za vo strogiot Centar na gradot ima i edno drugo resenie. Vo SAD se mnogu popularni kontejneri za frlanje na otpad "GOLEM STOMAK" na solarna energija koi go kompresiraat djubreto i sobiraat 10 pati poveke smet.Koga se polni sami prakaat SMS za da se iscistat i imaat senzori za eksplozivi i otrovi
Од: cvetko
Датум: 15.10.2010 19:41:50
Ne se zanesuvajte naj dobar e Shpanskiot koncept za vzemjani kontejneri.prouccete go i &apliciraj te go

Најди! во Утрински
Скопје
Осигурителна полиса за спас од поплави од радијаторите
Средношколците од „Арсени Јовков“ ќе тренираат атлетика






Macedonia's fences do not make good neighbours
Croatia heading for possible early elections
Commission expected to give green light to Montenegro EU candidacy