Број 3446  среда, 01 декември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Енергија








Site Meter
На прво место

Европскиот парламент и отвори фронт на Македонија

Фуере остро нападнат од владините претставници во Брисел. Македонија драматично го губи рејтингот во Унијата

Слободанка Јовановска


Европарламентарецот Јорго Шацимаркакис вчера покажа со прст кон премиерот Никола Груевски, изјавувајќи дека тој стои зад серијата напади на Влатко Ѓорчев кон евроамбасадорот Ерван Фуере.

Кавгата од Македонија вчера се пресели во Брисел откако Ѓорчев почна да удира по маса и да го навредува Фуере за време на Мешовитиот комитет на Македонија и ЕУ, претставувајќи го како прототип на советските амбасадори во Прага и во Софија во шеесеттите. Со овој настап Ѓорчев, како што најавил, сакал да ја демонстрира слободата на изразување во Македонија, бидејќи тие ставови за амбасадорот веќе ги изнел претходно во колумна во наш медиум.

„Ова е неприфатливо. Се' досега мислев дека е лош виц. Го осудувам силно овој инцидент. Но, ова е дел од серијата напади на член на парламент, кој е и претседавач со Комисија за одбрана и близок пријател на премиерот.

Тој, пак, не го осуди, туку го бранеше ова мислење, што, според мене, не може воопшто да се толерира. Фуере е тој што и' помогна на земјата да добие двапати препорака за преговори со ЕУ“, реагираше Шацимаркакис во првата јавна и директна манифестација дека ЕП е во конфликт со македонските власти.

Известувачот за Македонија, Зоран Талер, беше уште појасен.

„Се прашувам дали тие индивидуалци што учествуваат во вакви навредливи напади на Фуере и на други парламентарци се свесни што прават. Ако не се, господ ќе им помогне. Ако се, им прават голема штета на интересите и на иднината на Македонија“, порача тој. Во индивидуите што учествуваат во нападите тој препозна „неколку важни носители на одлуки“ порачувајќи дека се' уште има функционери во Брисел што се грижат за Македонија, па им порачува на нашите да пазат на зборовите што ги користат на релација со Унијата.

„Оваа дебата стана премногу лична. Амбасадорот Фуере ја претставува ЕУ, институциите на ЕУ и неговиот глас е глас на ЕУ. Апсолутно е неприфатливо да биде цел на вакви навредливи напади“, рече Талер. „Ние сме ЕУ, ние сме семејство на вредности и споредувањето на наш амбасадор со тие од бившиот Советски Сојуз не може да се прифати“, додаде Шацимаркакис.

За да ја ублажи ситуацијата, Александар Спасеновски од македонската страна на делегацијата уверуваше дека власта има позитивен став за Фуере и за неговата канцеларија и дека се' што битно постигнала земјата во последниве години, постигнала со негова помош.

„Неговата екселенција Фуере е личност што многу и' помага на Македонија. Неговите ставови и ангажман се причина, во принцип, да имаме позитивно мислење за неговата улога. Во негово време Македонија постигна повеќе важни цели и во таа смисла во име на членовите на македонскиот парламент, во име на мешовитиот комитет и на партијата ВМРО-ДПМНЕ, сакам да нагласам дека канцеларијата на ЕК во Македонија е многу позитивна и има и ќе има наша постојана поддршка“, рече Спасеновски.

Овие напади го ставија во втор план главниот политички настан деновиве, упадот во А1 телевизијата, за кој Фуере изјавил дека ЕУ ја поддржуваат УЈП во борбата против затајувањето данок, како и Владата во борбата против корупцијата, но треба да се гарантира слободата на изразување.

Тој, практично, го повтори ставот на Брисел дека е во ред да се има финансиски контроли и дека никој не е над тоа, но тоа не треба да биде параван за притисок врз медиуми.

Извори од ЕП вчера коментираа дека она што го виделе овие два дена на состанокот на Мешовитиот комитет е ароганција на власта и дека таа драматично го губи рејтингот во Брисел. Според нив, иако сакаат да се стават во втор план, случувањата во А1 му наштетиле на имиџот на земјата повеќе од кој било настан досега.

Иако од состанокот повторно беше побаран датум за преговори со Македонија, Шацимаркакис предупреди дека атмосферата за проширувањето станува се' потешка и ако го пропуштиме овој бран, никој нема да поведе ваков механизам за една земја, па ќе мора да ги чека другите.


#
Статијата е прочитана 4160 пати.

Испрати коментар

Од: Minhen
Датум: 01.12.2010 12:09:09
Fuere ne raboti za interesite nasi..Pred se se negovite licni..megalomanski interesi..pari, stanovi...Edno zboruva so Opozicijata a sosema drugo so vladejackata partija...Ovoj covek e dosta konfuzen..treba malku poveke da se analizira i da se sledi...Toj e direkten podbucnuvac za promena na imeto... Toa e moe licno mislenje..Pa bi zamolil Brisel da ne go nasoci prstot i kon ova razmisluvanje...
Од: Hari
Датум: 01.12.2010 12:10:34
Na SITEL, najobjektivniot novinar vo MKD, izvestuvase deka novinarkta na A1 od Brisel pravela incidenti??? Cel svet go gledase cirkuzot na maloumniot Gjorcev i ja brukase Makedonija. Ne im e li dovolno sto ne brukaat i ponizuvat 5ta godina. Toa go glasavme sega mora da go trpime.
Од: Стојко
Датум: 01.12.2010 12:14:21
Што мисли овој дрзник, дека е Хрушчов? Дали отишол да ги претставува интересите на ДПМНЕ или на Македонија? Испратете го во поправно-воспитен дом!
Од: ne e bitno
Датум: 01.12.2010 12:18:27
Следев деновиве како се препукуваат деновиве новинарите кој е по-новинар. Мора да признаете дека се далеку од вистинските новинари како оваа допсинчка од Брисел. Мислам очигледна е разликата :). За Ѓорчев немам коментар. Тој впрочем го потврди она што јас мислам дека е најголем непријател за Македонија, а тоа е балканскиот менталитет-кој со својот настап само го потврди, а присутен е кај 99% од македонците. Само погледајте кога ке се нанижат коментари полни со "его". Не за џабе ја викаа Србија Егославија :))
Од: забеган.
Датум: 01.12.2010 12:34:43
Аман ГОСПОД ќе им помогнел.Па и Господ кренал раце од ваквите го ѓОРЧЕВ и компанија.
Од: Sashe
Датум: 01.12.2010 12:38:07
Bravos Vlatko sekoja cest, redno bese nekoj da im se sprotivstavi na evropejcite.. Podrska od Kavadarci..
Од: ФЕЛИКС
Датум: 01.12.2010 12:57:41
Вероватно е одбран погрешен човек да го искаже а богами може и да го документира лицемерното однесување на г-дин Фуере.Да ги заборавиме нереагирањата за рушење на Охридскиот договор од страна на ДПА, селективното однесувае кон меѓунационални ученички конфликти и др. да се задржиме за нереагирање за барањето за рушење легитимна власт од страна на опозицијата. Непојмливо во ЕУ и во демократскиот свет.
Од: gimi
Датум: 01.12.2010 13:06:39
Najgolem uspeh na Fuere vo Makedonija e burenceto so vino koe toj go fati ovaa godina vo Ohrid za praznikot *Vodici*.
Од: GRAGANIN
Датум: 01.12.2010 13:07:46
Почитувана Ваша Екселенцијо г-не Фуере, Како граѓанин на Република Македонија би сакал да се оградам од изјавите на членовите на македонскиот Парламент и Влада кои грубо во своите изјави го повредија Вашиот интегритет и достоинство. Ве молам примете го моето најдлабоко извинување од името на оваа земја и нејзините граѓани кои во Вас препознаваат голем пријател и подржувач на евроинтегративните процеси. Јасно би сакал да Ви напоменам дека ниту еден претставник на било која јавна институција во Република Македонија го има добиено легитимитетот од мене грубо да го прекршува член 29 од Виенската конвенција за дипломатски односи. Длабоко сум уверен дека ќе го прифатите ова извинување и се надевам дека ваквите инциденти ќе ги протолкувате како некултурни испади на поединци, а не како ставот на Република Македонија. Свесен за тешките одлуки кои стојат пред сите граѓани на оваа земја ,а кои треба да обезбедат европска перспектива, Вашата поддршка е од повеќе од потребна. Со п
Од: ДАВИД
Датум: 01.12.2010 13:17:09
Каков коментар да се осмисли за оваа брука. Не можам да кажам дека тој памфлет во Брисел е истурен од устата на Македонец. Него, тој мангуп маалски, со аспарухова опашка на тилот, не е достоен ниту името да му се спомнува, а не да ја застапува државата во европскиот дом. Со такви недораснати, недозреани, но и забегани персони, Македонија и Македонците, кои го граделе со векови имиџот на високоинтелектуален народ, сега се мета на потсмев, поради дилетанти и шарлатани - а за чудо Божјо, пратеници. Во секој случај, отпадници, што под итно треба да бидат елиминирани од институциите на системот.
Од: Dilan
Датум: 01.12.2010 13:17:32
Gorcev stana pratenik na 20 godini,BC ,Ljubco,Grujo i plejada dr vunderkinderi premieri-ministri na 30 g.pa sto drugo da ocekuvame.Ovie ne ziveat na ovaa planeta!Super stanavme drzava ama narodot mislam deka dobro ke ja plati cenata za toa!Siromastija nevidena ni pretstoi uste dolgi godini!
Од: Kavadarcanec
Датум: 01.12.2010 13:19:20
Vo pravo e Gjorcev- diplomatskite pretstavnici vo nokoj slucaj ne smeat da se mesaat vo vnatresnite raboti na drzavata domakin, sto ne e slucaj so fuere. Toj ne samo sto se mesa duri i pocna da pretsavuva opziciskiot telefon do EU so edna linija, kade e objektivnosta tuka koga vo EU fuere gi prenesuva samo stavovite i mislenjata na opozicijata.
Од: jas
Датум: 01.12.2010 13:30:43
taka e kavadarcanec, a vie sitni dusi na koi ni do M ne vi e od Makedonija odete odma vo Brisel i izvinuvajte mu se kolku sakate na nego i na EU, i zablagodarete im za izostavuvanjeto na zborot makedonski vo nasiot izvestaj..pa kako ne vi e sram i posle se da ste protiv svojot, no taka e koga partiskite pobudi vi se pogolemi od patriotskite!!!
Од: b
Датум: 01.12.2010 13:47:30
Се разбира дека стои водачот зад сите изјави! Смее ли некој на своја рака нешто да каже? А водачот со изјава ја подржа колуманата на мегафонот на Груевски. Шацимаркакис е во право, знае во кого да го впери прстот!
Од: nekoi
Датум: 01.12.2010 14:04:48
Pa ne li vi e iasno deka Srbia trebe pred nas da bide vo EU. Zatoa ke gi gledame vakvi kako Gorcev, tie se na plata od sever...
Од: Феличита
Датум: 01.12.2010 14:32:55
Среќко,кога ќе разбереш дека не е Фуере премиер на Македонија.Кажи ги реакциите на премиерот за тие настани,ако ги имаше!
Од: p14
Датум: 01.12.2010 14:46:38
Molba do Utrinski...... Ve molam povlecete ja ovaa gospoga t.n. novinarka od Brisel ....Slobodanka Jovanovska i Tanja Milevka (A1) se bruka za Makedonija i e sramota da imate vakvi poltroni i novinari.....Vakvi novinari go urivaat i onoj mal respekt sto novinarskata fela ja ima vo Makedonija...
Од: јас
Датум: 01.12.2010 14:59:01
ПОДРШКА ЗА GRAGANIN .А ОСУДА за сите оние кои во своите коментари го подржуваат МАЛОУМНИОТ НАСТАП НА оној со бившото репче.Само во право се оние кои тврдат дека тоа мегафонче на власта не смее ни да писне ако тоа не му го дозволи овчарот.
Од: realen
Датум: 01.12.2010 15:03:57
Se dokaza Gjorchev deka e golem Makedonec, no kutriot ne znae deka i sebesi i cela drzava ja obruka. Moze Sitel i sl.TV kuci ke go plaknat, ama slikata i tonot ostanuvaat. Bravo i blagodaram sto ne izbruka, sramoto edna nedodelkana.
Од: ne mi e jasno
Датум: 01.12.2010 15:06:03
A sto treba da naprvime, da prodolzime da im se klanjam i ponatamu na ovie licemerni lugje, koi postojano od nas go baraat nevozmoznoto. Ke ima izbori pa narodot ke glasa dali saka da go smeni imeto ili ne. Mnogu jasno , kako bi rekol Frcko
Од: Трене
Датум: 01.12.2010 15:09:11
Кога европарламентарци како Шацимаркакис водат дебата за Македонија, се знае која слика сакаат да ја опишат за Македонија. Проблематична, националистичка, манипултивна со цел добивање подршка во заобиколување на МК при одлуки. Не е Ѓорчев виновен за таа грчка стратегија. Напротив, треба повеќе да се искажуваат Македонските гледни точки насекаде, дојдено им е преку глава од грчките лаги и дискриминирања. Само така ќе се осмелат и Македонски подржувачи да бидат погласни, кои ги има многу. Тажно е што новинари сеуште се плашат да го бранат правото на Македонците да бидат тие што се, бидеќи само тоа е темата овде.
Од: Biljana
Датум: 01.12.2010 15:11:50
Auuuuuu i sega sto,ovoj e glaven fraer vo DPMNE,neli? Lele kolku e sega vazen,sigurno tie ogranicenite vo partijata go tapkaat po ramo i mu vikaat ,,Bravo im pokaza na EU,,. Ih bre za zalenje ste VMRO-ociiiiiiiii ama poradi vasata naduvanost i selskiot egoizam,prostotiluk i da ne redam sto uste ostatokot od normalnite gragjani na ovaa drzava sto ne ve poddrzuvaat vo glupostite ke mizeruvaat daleku od normalnata civilizacija.
Од: Realen
Датум: 01.12.2010 15:15:29
Ovo e kraj na bliskata ne evrointegracija. Datum moze i da dobieme, chlenstvoto mnogu ke cheka, neznam dali ke ostanat vo Makedonija luge da go dochekat. Inako i "nekoi" e vo pravo, vo idninata ke se razbere do shto ne dovedoa srbite za 70g. i kako ne najdocha vragove nasekade.
Од: Koj cul za Fuere vo negovata Irska
Датум: 01.12.2010 15:27:50
A dali znaete deka diplomatite po istata vienska konvencija ne smeat da davaat ocenki, preporaki i skl. za vnatresnopolitickite nastani vo zemjite kade sluzbuvaat. Toa sto diplomatite kaj nas si go dozvoluvaat ne im go dozvoluvaat nitu vo Bosna koja e neformalno protektorat. A da ne zboruvame za snisishodlovoto i nedostoinstveno klanjanje na nekoi nasi politicari i novinari pred ovie stranski diplomati kaj nas. So ce rekol Fuere ili amerikanskiot ambasador, ne se secavam na imeto, pa znaete li deka niv vo nivnite zemji osven vo ministerstvata nikoj ne gi znae, a kaj nas se stalno na ekranite i vo vesnicite. Ni si smeat ej ludje, velejci si, sto narod zivee vo ovaa zemja. Koga i kolku ste go videle amer ambasador vo Hrvatska na HTV ili vo Srbija. Novinari, zamislete se i cuknete si gi glavite!
Од: iskren
Датум: 01.12.2010 15:35:11
Pa i vrapcinjata veke znaat deka ovaa vlast se bori za nevleguvanje vo nato i evropska unija . Toa na sekoj cekor moze da se oseti ,zastanete da pravite muabet so nekoj v-mro -vec ke vidite toa e nivna ideologija odamna prisutna.So ovie gospod neka ni e napomos ,samo ovaa prosta populacija koga ke svati ke bide kasno ,sega pak nekoj partiski vojnik ke se javi i ke rece evego ovoj od sdsm-mnogu pameten -sto sekoj komentar sto ne im odgovara odma e od sdsm
Од: USA
Датум: 01.12.2010 15:40:22
Za razlika od Fuere koj e naznacen od edna enormna administracija, Djorcev e izglasan od narodot na demokratski izbori i go prezentira toa sto elektoratot go bara od nego. Neli Evropa ne saka referendum (glas na narodot) tuku resenijata gi bara na "ekspertsko nivo". Imame uste da ucime od EU i svetot no i tie treba da ucat od nas za demokratski vrednosti sto tie samite gi postavija i gi zaboravaat. VO SVETSKATA POLITIKA NEMA EMOCII, SAMO INTERESI......NELI.
Од: Сергеј
Датум: 01.12.2010 15:42:07
Ги читам коментарите, па се прашувам, на основа на што некои од коментарторите го сметаат Влатко Ѓорчев попаметен од стотици и илјадници европски политичари и дипломати?! Со една колумна ли се покажа попаметен од сите нив? Или со трескањето тупаници по масите?? На цела Европа и’ ја пренел пораката за „културата“ на нашите власти. Бука невидена. Влаткао не е херој, тој е насилник. И вербално и физички и политички. ( http://otpor.log.ph/ )
Од: nidzo
Датум: 01.12.2010 15:53:24
До некаде се сложувам со оценките за Фуере.Но, тоа што го направи Владко е голем срам за Македонија. Емоциите не смеат да бидат толку јаки. Тој има прави голема услуга на непријателите на Македонија. Треба малку да се приземји тоа младо момче, па макар и да е галенише.
Од: Тошо
Датум: 01.12.2010 15:58:32
што да се каже за едно размазено и невоспитано детиште! А за жал повеќето од сегашнава власт се такви. За кавги и расправии се први. А за работа и добра политика со која Македонија би ја внеле во европското семејство се една голема НУЛА
Од: крис
Датум: 01.12.2010 16:04:09
доста ни е од дипломати од Ш категорија! ЕУ нека испрати нешто посалам!
Од: karokan "gambit"
Датум: 01.12.2010 16:37:31
G-dine Felix,procitaj gi komentarite vednas pod tvojot i toa po nekolku pati!!(Na gimi preskokni go-toa i ne e komentar).Da branis nesto sto ne e za branenje edinstveno moze da se opravda so tvoeto nekolku pati "he,he,he...." E,sega eve ti za toa he,jadi gi preznosnicite,a ce jades uste. Inaku se pridruzuvam na komentatorot GRAGJANIN vo izvinuvanjeto do g-dinot Fuere,a go podrzuvam komentarot na DAVID. Vcera na edno mesto navedov deka g-dinot Fuere e pripadnik na gordiot,dostoinstven i cestit irski narod i deka e tesko nekoj da go podvede vo svojata bedna polzavska korupka!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!! Najmalku nekoj od kalibarot i so kvalitetite na spomnatiot pratenik!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!
Од: ontario
Датум: 01.12.2010 17:47:01
pa dali narodot gleda za kogo glasa na izbori ili e slep. ovoj zelenko ne bi go stavil da klasira jajca a ne da predstavuva narod ili drzava.po se mi izgleda gordana mu dala po eden pasos od komsiite za sekoj slucaj.
Од: pravda
Датум: 01.12.2010 18:49:38
Mislev deka Djorcev i ovie golemi patrioti sto go opravduvaat vece fatile red vo falangata i trgnale na Brisel,ajde be patrioti razbudete se i ko Ace nas trgnete vo bitka za Makedonija ne tuka da mi plukate i junacite,neli ste mnogu,neli ste patrioti,neli treba da im kazete ne na amerikancite,evropejcite,pa sega vi e sansata kukavici predavnicki,samo laete po forumi a nikade ve nema koga treba da se brani tatkovinata,taka barem bese vo 2001,a kolku gledam i sega istoto go pravite,patriotski izjavi i napisi ama od pod jorgan ne izleguvate,drzavata se brani so pamet,itrina i vizija a ne so pamfleti
Од: kavadarcanec
Датум: 01.12.2010 20:04:08
bravo Vladko-samo taka,uste ednas taka napravi im i zemaj go BG-pasosot i pravec=NEDOJDIJA
Од: Трпе
Датум: 01.12.2010 21:20:04
Совакви политичари во власта кои се големи лажни патриоти,ако треба на Европа и светот војна ке му отвориме.Па нели сме наследници на Аце Големиот.Само господ може да ни помогне но во последните години и тој веќе кренал раце од нас.Ја доведоа земјата до такво дереџе да и самите не знаеме каде ни е местото.
Од: blagoja
Датум: 01.12.2010 21:33:38
Smetam deka so servilna -podanicka politika nisto ne pravime. Imame problemi i treba jasno da se kazuva sto moze a sto e navredlivo za nasata drzava i narod. Ke se naucat i strancite deka ne moze da ne navreduvaat i so nas da igraat ping-pong. Pozdrav.
Од: "vodolija"
Датум: 01.12.2010 21:43:02
I, uste eden nepobiten fakt, deka ovaa Vlada e POLITICKA PARANOJA, i parite od narodot netreba da gi trosi za Anticki spomenici tuku za lekarstva za da se lekuvaat !!??? Posle edno ovakvo LUDILO NA GJORCEV treba da bide proteran od Makedonija e ne od Vladata.SRAMOTA I SVETSKA BRUKA za Makedonija !!!???
Од: Ајван Доктор®
Датум: 01.12.2010 22:32:02
„Идејата за УНПРЕДЕП се роди во зградата на македонскиот парламент во првите години од нашата независност. Расправајќи за проблемот на нашата безбедност во кабинетот на претседателот Глигоров, се прашувавме кому да се обратиме за помош...“-вака започнува една професорска анализа во „Утрински“,пред 4 години!Истото е и со ЕУ-Македонија ја повика ЕУ,Македонија бараше влез во ЕУ,Македонија праќа војници во „ослободителните“мисии на НАТО !УНПРЕДЕП,не дојде сам,амбасадорот на ЕУ е присутен тука на наше барање,војниците ги испративме самите,не ни ги испраќаа тие (не сме ниту членови во НАТО),Желбата за влез во ЕУ и НАТО е производ на „нашата генијална“ политичка „мисла“...„превентивен проект за безбедност“...20 години транзиција,20 години „преоден период“...20 години постојано некој друг ни е Виновен за „нашите“ Глупости!...20 години талкаме во круг!Лет во место!И...за тоа ни е Фуере виновен!?
Од: pajo
Датум: 02.12.2010 00:07:27
Ona sto nedovetniot go zboruvase, e podlo,malogrdjanski,nadvor od dobar vkus,idiotski, vo najmala raka prdavnicki.Taka ne moze vo Evropa.Nie sakame site vo Evropa si go sakame evroto da ni suska vo dzebot,sakame site bogato i ugodno da ziveeme, so rabota i sigurnost za nas i idnite generacii.No so vakvo odnesuvanje,kultura,nepocituvanje,so vakva malogradjanskina i vo tunguzija nema da ne primat.vakvi faletinki,budaletinki nema samo vo partijata tuku takvi se i onie sto gi podrzuvaat.Mestoto im e vo mracniot sreden vek.
Од: Macedonian Downunder
Датум: 02.12.2010 03:26:44
Pokazzi zabi Makedonijo!!! Kopenhagenskite kriteriumi neka gi pregledaat vo bankrotiranata Grcija pred da ni gi mafta dvoliccniot Jorgo Schazimarakis pred nas. Gore glava! Sorabotuvajte so bliskiot i dalek istok - tamu se parite.
Од: za hari - od velija
Датум: 02.12.2010 07:55:59
Abre Hari sto mislis koga se raboti za tvojata A1 se bara demokratija, a vo evroparlament ke se prikjuti. Pa do koga so kjutenje,covekot kazva ona sto osekja i toa e DEMOKRATIJA...dosta e i odvas komunistite...
Од: За Благоја
Датум: 02.12.2010 08:51:53
Честитки Благоја, од сите само ти најреално гледаш на овој настан. А за останатите - ДО КОГА ЌЕ ДОЗВОЛУВАМЕ ДА НЕ ГАЗАТ И ПОНИЖУВАТ КАКО ШТО САКААТ???? Ако самите не си ја одбраниме нашата држава, никој од страна, пи ниту Фуере, нема да мрдне со прст. Исто како до сега!!! Сите држави, кои покажаа и докажаа дека народот има достоинство, успеаа. Редно е и ние да го повишиме тонот -ДА НЕ СЛУШНАТ!!
Од: sasko
Датум: 02.12.2010 11:01:06
Демократија е кога еден дипломат се меша во внатрешни работи на една суверена земја. Ќе казат дека кога сме се сложиле да бараме да влеземе во ЕУ, дека сме дозволиле да ни се мешаат. Нека биде така, ама мора да биде и обратно - кога се сложиле нас да не третираат како дел од ЕУ, мора да трпат критики и тие за нивната работа, бидејќи веќе ФУере не е дипломат, него домашен учесник и тоа фатен на орото на една страна-опозицијата. И ако е така, нека бидемаж и нека одговори на прозивките за неговата работа, бидејќи да не се лажеме на мнооогууу голем дел на македонските граѓани им се повраќа кога тој има нешто да каже. И уште нешто, мора да разбереме дека ФУЕРЕ ја претставува страната на ГРЦИЈА во Македонија.

Најди! во Утрински
На прво место
Став „мирно“ пред Груевски и Црвенковски
За името се зборува во телеграмите на „Викиликс“
 

Bulgaria angry at France blocking Schengen entry
Bulgaria may apply for euro entry mechanism in 2011, says finance minister
EU applauds Kosovo elections despite reports of serious fraud