|
|
|
|
|
|
Став „мирно“ пред Груевски и Црвенковски
Сите што размислуваат со своја глава со тек на време стануваат непожелни во партијата, сметаат дел од експертите
Светлана Унковска
По 20 години плурализам, партиите во Македонија ниту научија ниту сакаат да ја развиваат внатрепартиската демократија. Тоа јасно се гледа од нивното дејствување, кое е строго диригирано од партиската врхушка, па затоа во политичкиот жаргон нашите партии се нарекуваат султан-партии. Иако едноумието, како одлика на еден друг систем, на цел глас се критикува, политичките лидери во својот микросвет на владеење многу добро го негуваат.
Партискиот врв се' помалку сака да слушне поинакво мислење, а самото фракционерство во редовите на политичките субјекти одамна е подзаборавен поим. Политичките аналитичари различно го оценуваат развојот и степенот на демократијата во партиите.
Универзитетскиот професор Јове Кекеновски смета дека внатрепартиската демократија во Македонија е мислена именка и кај нас не може да се замисли некој во една политичка партија да има спротивен став од лидерот. „Сите оние што размислуваат поинаку, со своја глава, стануваат елиминирани и непожелни во таа партија. Досегашната практика на функционирање на политичките партии јасно покажа дека лидерите најчесто се опкружуваат со послушници, кои беспоговорно ги извршуваат секое барање, замисла и идеја на лидерот. Прочитајте ги статутите и ќе видите дека во партиите се' е подредено и е во функција на нивниот претседател“, вели Кекеновски. Тој додава дека ниту една партија не дозволува фракционерско дејствување, а поради крутиот став на партиските челници и неможноста да го кажат своето мислење, честопати се случуваат отцепувања и формирање нови политички партии.
Со поинаков став е политичкиот аналитичар Владимир Божиновски, кој не се согласува со мислењето дека имаме султан-партии. „Постои одреден степен на демократија, но доколку се помине таа граница на основните начела на партијата, тогаш раководството не ги прифаќа тие позиции, бидејќи може да има отстапување од идеолошката матрица и со самото тоа и гласачите може да ги напуштат тие нови идеи и така да ослабе партијата. Тука има и по некоја суета, но има определен страв да не се напушти меинстримот на идеите на партијата. Се разбира дека колку има поголема демократија, колку има повеќе мислења кои би ја обликувале самата идеолошка матрица на партијата, толку е подобро за неа се' додека не отстапуваат од главната идеолошка компонента на партијата“, вели Божиновски.
За лидерството во најголемите македонските партии ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ оцена дава и Ивица Боцевски од ЛДП. „Во самите политички партии ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ никогаш порано моќта не била толку централизирана околу лидерот. Партиските органи во Македонија никогаш ја немале улогата на агрегација на разнородните интереси кои се обединуваат во политичката партија, но партиите се труделе да го отсликаат својот лидерски, интелектуален и менаџерски капацитет во највисокото раководство на партијата. Моментално ниту една од двете стожерни партии во Македонија нема политички водач што го загрозува, макар и симболички, приматот на лидерот“, анализира Боцевски и додава дека двајцата лидери му оневозможуваат на кој било свој потенцијален партиски конкурент да се стекне со доволно политички или симболички капитал што би го засенило лидерот во каква било ситуација.
За потсетување, судбината со фракционерството на високиот функционер на СДСМ, Тито Петковски, заврши со отцепување на дел од членството и формирање нова партија. Петковски, кој во парламентот е од самите почетоци на плурализмот во државава, има изјавено дека демократијата во партиите е главен предуслов за демократизацијата на општеството. Според него, за една партија да биде релевантна на македонската политичка сцена, треба да исполни неколку предуслови. „Партијата треба да располага со кадровски потенцијал и организациски да биде широко дисперзирана“, смета Петковски.
Никола Поповски, кој до пред неколку години високо се позиционираше во партиските структури на СДСМ, откако јавно изнесе свои несогласувања за потезите на врвот на партијата, се соочи со маргинализирање, за сега да и' се посвети на науката. Во една негова неодамнешна анализа тој оценува дека „стратегијата на СДСМ ќе се сведе на комбинација од ’катастрофизам‘, како и цедење на преостанатите сокови од темата ’Европа интеграција‘“, забележувајќи дека ниту еден од лидерите на СДСМ поврзан со успешната европска приказна од 2005 година, не е во сегашното раководство.
Во ВМРО-ДПМНЕ, барем досега, се покажува висока и слепа партиска послушност кон директивите на партискиот лидер Никола Груевски. Но, извори од партијата говорат дека и тука почнуваат да се јавуваат незадоволства и дека по големото затишје, можно е да се случи бура. Истите извори додаваат и дека неприкосновената десна рака на Груевски, Мартин Протоѓер ги заладил односите со лидерот и дека е можно да формира и фракција. За волја на вистината или на шпекулациите, Протоѓер во последно време го нема веќе толку блиску до својот политички гуру, Груевски.
И во албанскиот политички кампус ситуацијата е слична, некаде помалку, некаде повеќе. Во политичката историја на Алб��нците во Македонија, за најдемократска партија досега се смета ПДП, која се појави во првите години на македонскиот плурализам. Но, некои од поранешните членови велат дека токму широката демократија „ја уби партијата“. Во ДУИ најгласна останува да биде потпретседателката Теута Арифи, која и покрај јавно изнесените ставови кои често се разликуваат од партиските, сепак, и натаму останува да биде високо позиционирана и респектирана во партијата. ДПА и натаму останува затворена партија, а од неа произлезе Нова демократија на Имер Селмани. (Св.У.) |
#
|
Статијата е прочитана 5253 пати.
|
|
|
|
|
|
Од: ne e bitno |
Датум: 01.12.2010 12:33:48 |
|
So eden zbor-balkanstina. Se provlekuva nasekade: vo institucii, politicki partii, megusebni odnosi... Kas se vrednostite, pocituvanje na drugiot i negovoto mislenje. Vo Mk, se sto e kazano se zema premnogu licno, se pravat pretpostavki od koi poedinecot si zamisluva deka mu e zagrozeno egoto i napagaaa" Sea ke vidat tie koj sum jas" aggrrrrrrrrrrrrrr :))) I Vlatce taka nastapi vo Brisel ama mu ja udrija klocata. |
|
|
|
|
|
|
Од: забеган. |
Датум: 01.12.2010 12:38:42 |
|
Овде се помешани лончината.Едно е Авторитет Друго е ДИКТАТУРА. |
|
|
|
|
|
|
Од: миле ситниковски |
Датум: 01.12.2010 12:49:52 |
|
Нашите партиски водачи,сите вљубени во себе како и сите диктатори,сметаат дека само тие и никој друго може да донесува одлуки.Не е проблемот што тие така се однесуваат,проблемот е што партиските членови се уверени дека се што нивниот лидер ќе каже е апсолутна вистина и не постои друга.Затоа лидерите и опстојуваат и продолжуваат да си го прават она што си го намислиле. |
|
|
|
|
|
|
Од: ФЕЛИКС |
Датум: 01.12.2010 13:04:46 |
|
Во власта вероватно има слепа послушност и за заладувања без евидентни докази не би коментирал.Но за разлика од власта во таборот на опозицијата имаме наголемо и чистки и маргинализации.Покрај споменатите Петковски и Поповски новинарот заборава на Спасов,па маргинализацијата на Шеќеринска и Бучковски кој ниодалеку не се во врвот на партијата,вероватно го плаќаат цехот на изборните порази. |
|
|
|
|
|
|
Од: dechkoto na feliks |
Датум: 01.12.2010 13:23:08 |
|
aman be feliks se zasekira ti za bucko i radmila pa i za spasov. a ako bese buchkovski vo igra ke pisuvase kamo novi lica neli:)) a be feliksche |
|
|
|
|
|
|
Од: Алекс |
Датум: 01.12.2010 13:28:39 |
|
Биди си послушно партиско војниче и оп, работно место во општина или дервен или можеби и некоја стипендиичка. Бомбона |
|
|
|
|
|
|
Од: do Feliks |
Датум: 01.12.2010 13:38:33 |
|
De bre Felix samo SDSM go analizirate, nokjna mora li vi e?
Sto ke kazete za slucajot so pretsedatelot Trajkovski, poranesniot premier Georgievski, poranesniot spiker Ljubisa Georgievski i cela edna plejada na "poranesni" od VMRO-DPMNE? ...Ili DPMNE e demokratska partija? Faktot deka imeto na partijata go sodrzi poimot "demokratsko" ne ja pravi istata navistina demokratska, neli? |
|
|
|
|
|
|
Од: citatelka |
Датум: 01.12.2010 14:15:36 |
|
Crno-beloto ednoumie se uste trae. Nisto ne e smeneto. Samo e poloso. |
|
|
|
|
|
|
Од: Горан - М. Каменица |
Датум: 01.12.2010 14:30:44 |
|
Еурека...............браво за новинарите.Па и дома е така,и во медиумите,и на работа..........И јас да сум претседател на партија на сите кои нема да бидат послушни ќе им ја скинам главата.Што мислите, на запад не е така? |
|
|
|
|
|
|
Од: Сашка |
Датум: 01.12.2010 14:33:35 |
|
Република Македонија е суверена, самостојна, демократска и социјална држа-
ва, пишува во уставот само што тоа остана само на хартија бидејки Ерван Ф. мисли дека тој е освојувачот на Македонија. Влатко Ѓорчев што кажа синоќа требаше одамна да се каже... Браво.. |
|
|
|
|
|
|
Од: Феличита |
Датум: 01.12.2010 14:39:46 |
|
Георгиевски,Бошковски,Гацов,Цветанов,Јовановска....продолжи Среле! |
|
|
|
|
|
|
Од: od mene |
Датум: 01.12.2010 15:18:37 |
|
Za toa sto VMRO i SDSM stanaa akcionerski drustva se vinovni nasite novinari koi vrska nemaat so novinarstvo, se sto naucile naucile od starite komunisticki samoproglaseni zvezdi popat na Comovski, Sekulovska, Rizaov, Latas, Kabranov i sl. a ne procitale nitu edna salam kniga za novinarstvoto. Samo setaat od stabovite na dvete partii i prenesuvaat koj sto kazal od niv i toa po vkusot dali im pripadjaat na ednata ili drugata. Kade ste da pisuvate deka kompanijata na Hadjimisev si pravi sto saka so skopjani koi placaat po 4000 mesecnio cela godina a nemaat nikakvo zatopluvanje, Zalni se vo Makedonija i novinarite i politicarite od koi novinarite po parkovite zemaat analizi, smesno i nikade nevideno. Posebna prikazna se nasite televizii koi se polni so serii od sosedstvoto, so goli vesti i utrinski petparacki programi koi si licat kako jajce na jajce. Niakva invencija, nikakov kvalitet, kultura, samo samobendisanost i nekultura, kako onoj T. Mihajlovski sto samo se kreka kako zaba. |
|
|
|
|
|
|
Од: nidzo |
Датум: 01.12.2010 15:23:16 |
|
Denesnite lideri ne mozat voda da im nosat na liderite vo SK vo poranesniot sitem. Iako na cel glas go kritikuvaat toj sistem.Togas imase pogolema demokratija vo site segmenti vo opstestvoto. Za toa sekogas moze da se odrzi izdrzana debata. |
|
|
|
|
|
|
Од: karokan "gambit" |
Датум: 01.12.2010 16:06:16 |
|
G-dine Do Felix (ne Felix),znaes li zosto na vpregnatite konji im stavaat kozni,gumeni isl.branici (perdinja) kaj ocite??.Da im se zatvori vidokrugot nastrana i da gledaat samo pred sebe,inaku moze da im tekne i da skrsnat od patot.Taka ti e i so nasiot (moj i tvoj) Felix.
So negovite branici nemoze da pogledne nastrana tuku vo pravecot sto drug mu go odredil!!!!!!!!!!!!!!!
Patem,koga sme vece tuka,ne e ni cudno sto vo opcijata sto istiot ja ,ne samo podrzuva tuku i glorificira,tesko opstojuvat visoko obrazovnite kadri (pr. Slavevski,Bocevski),tuku avangardisti se vecni studenti.Eve samo za ilustracija i jas bi mozel
da upotrebam gambit vo karokan odbrana,ama
samo so sahovski paceri,so nekoi drugi se
plasam da go upotrebam i vistinskiot karokan!!!!!!!!!!!!!!!!!!!! |
|
|
|
|
|
|
Од: Silvester, Sidnej |
Датум: 01.12.2010 23:21:50 |
|
Nisto nema nejasno ovde. Robski sindrom. Ovie ve vratija vo tursko. Im ja dokrsija kicmata i na onie koi sakat da iskazat svoe mislenje. Posledicite se ocigledni. Izolirana, siromasna drzava na stakleni noze, so 50 % od naselenieto vo dlaboka siromastija....Na Makedonija i trebaat novi lica, nov priod kon nestata....no od kade ke gi najdeme. |
|
|
|
|
|
|
Од: Горче |
Датум: 02.12.2010 00:17:05 |
|
Ја подржувам читателката Сашка дека,Република Македонија е суверена, самостојна, демократска и социјална држа- ва, пишува во уставот само што тоа остана само на хартија бидејки Ерван Ф. мисли дека тој е освојувачот на Македонија. Влатко Ѓорчев што кажа синоќа требаше одамна да се каже... Браво.. |
|
|
|
|
|
|
Од: Goran |
Датум: 02.12.2010 07:29:08 |
|
Se dodeka Jovo gi sobira nepodobnite na politickata
scena kako Bocevski i Ruzin i dr. i zaboravi koj go stavi pretsedatel na LDP nisto od LDP.JOvo osvesti se |
|
|
|
|
|
|
Од: од внукот на ДЕЛЧЕВ |
Датум: 02.12.2010 08:15:56 |
|
Nasekade vo svetot partiite gi vodat lideri.Taman rabota da ne e taka,pa gi gledame slabite lideri se na ;celo na minorni partii-koi pred sekoi izbori se lepaat ko partal za posilnite partii-takva e LDP i red drugi od ednata i drugata strana. |
|
|
|
|
|
|
|
|