Број 2883  сабота, 10 јануари 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Писма

Нема визија,нема решенија, има пораз

Блажо Ристов, Кавадарци

Не требало да се откриваат картите, а треба да се обезбеди единство за спорот за разликите со името со Грција? Ќе сме се отвореле спрема другата страна! Тоа ти била „стратегијата“ на нашиот премиер. За какви карти и какво единство повикуваш премиере, кога веќе почна да не' „прободува“ копјето на Александар?

Значи, нема стратегија, нема визија, нема решенија. Засега постои обид да се манипулира и обезбеди единство за - пораз, потежок од што можеме да замислиме, а можно е и да не се повратиме. Ни треба одговорност кон граѓаните и меѓународниот фактор, а тоа не е ништо друго освен исполнување на обврските.

Излезе дека Шекеринска и другите од опозицијата се виновни што не биле доволно јасни за спорот со името и она што го понудиле пред граѓаните на вонредните парламентарни избори или изнесеното не било реално и можно (остварливо). Се согласувам. Но, за волја на вистината, и премиерот и претседателот беа „тивки“ пред Самитот во Букурешт. Затоа и дојде поразот.

Но, бидејќи сега е извесно дека „неусловено" претседателот ќе биде и претседател на СДСМ, ќе треба да дозволи спот за неговиот лик и дело, па и за севкупната политика што ја водела партијата и нејзините поддржувачи. Искрено, в.д. претседателот Заев има за многу работи и да се пофали.

Ако претседателот Црвенковски остане „мирен“ до крајот на претседателскиот мандат, а тоа значи пропуштање на локалните и претседателските избори, тогаш вината не смее да се гледа само во Заев.

На крајот на краиштата, и поразот (евентуален) не е секогаш неуспех. Нели рековме дека работењето во политиката не е спринт, туку маратон.


Статијата е прочитана 469 пати.

Испрати коментар

Од: Nikola
Датум: 10.01.2009 12:02:43
Kako nema strategija? ima, no ne javna! Ni NATO, ni EU, samo feud na Familijata! Ce sme se svrtele kon Istok, kon "bracata" Hunzi koi imale mnogu prijateli, tie ce bidat nasi lobisti i eve ti "novi pazari" za makedonskite proizvodi! (Ova se promovira na bliskata na Vladata TV, vo emisijata "Makedonium", od profesor, od makedonsko poteklo, na Vinsor univerzitet vo Kanada.
Од: Европска Македонија АД
Датум: 10.01.2009 16:10:14
Радува фактот господине Блажо, што во Кавадарци има луѓе како вас,кои размислуваат со своја глава и реално.А таман ќе помислев дека во вашиот град владее масовна хипноза од владината пропаганда,па така секој ден имаме чест и задоволство да ги читаме коментарите на препознатливите ликови од Кавадарци кои паушално ја величат власта.Голем поздрав до вас и се надевам дека има други реални како вас во Кавадарци.
Од: До Европска Македонија
Датум: 10.01.2009 18:25:15
Немој премногу да се радуваш, очигледно господинот кој го напишал текстот е под хипноза на СДСМ. Ама ќе му помине набргу ако е барем малку реален човек. Затоа што делата говорат, а не празните зборови. Очигледно и тој под дејство на вашата психологија( 100пати повторувана лага, станува вистина) за изолацијата во која наводно ја води Владата земјава го напишал текстов. Анита
Од: Кавадарчанец
Датум: 10.01.2009 19:40:30
Мислам дека сосема површна господинот Ристов го напишал писмото. Како прво г-не Ристов како може државна стратегија да се открива, кога неколку пати до сега претседателот Црвенковски ги откриваше нашите позиции во преговорите и ни го стеснуваше маневрирачкиот простор. Дали се запрашавте зошто Грција е секогаш чекор пред нас? Дали не беше во право премиерот кога говореше дека Грција не сака преговори туку сака да ни го избрише идентитето, мислам дека доказ за тоа сега има, Кушнер јавно и искрено потврди. Или може Кушнер сега работи за премиерот наш? Колку што се секавам премиерот пред Букурешт даде изјава за евентуалното вето-а тоа и се случи. Уште нешто, како може копјето на Александар да не прободи кога тоа копје е наше, или вие верувате дека сме творевина на Тито. Ако не сте сигурно дали сме потомци на античките макдедонци прашајте ги швајцарците, тие докажаа. Позз до утрински
Од: Ико
Датум: 10.01.2009 20:42:42
Писателот задоцнил малку. Писмото требало да го напише многу порано, кога владееше неговата СДС. Тогаш требало да ја каже неговата визија или решение за спорот со грците. Но тој и сега не дава никаков предлог - само критики. Целосно во стилот на неговата СДС. Заев имал за многу работи да се пофали. Ха-ха-ха. Каква врска има пак тој со спорот со името? Да се викаше Александар, ајде. Утрински сешто почна да објавува.

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Писма
Транспарентно поделени легла
Што стана со лустрацијата?