Број 2883  сабота, 10 јануари 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Писма

Транспарентно поделени легла

Саша Ќириќ, Државен студентски центар, Скопје

По повод написите во дел од печатените медиуми од кој произлегоа извесни шпекулации во делот на распределба на леглата во новоизградениот објект(зграда) во Студентскиот дом „Стив Наумов”, сакаме да соопштиме дека сите легла во студентските домови во Скопје (вклучително и леглата во Студентскиот дом “Стив Наумов”) се доделени на апсолутно транспарентен начин, преку електронско избирање спроведено од страна на Министерството за образование и наука. На овој начин, по подолго време, конечно, се избегнаа какви било обвинувања за евентуални нерегуларности и пристрасности при доделувањето на студентските легла.

Новоизградената зграда во рамките на Студентскиот дом „Стив Наумов” (за која беа вложени 30 милиони денари) има реален сместувачки капацитет од 278 легла и сите студенти кои на легален и транспарентен начин добиле легло, ќе бидат преместени од старите и дотраени бараки во новоизградената зграда.

Во студентските бараки, како и досега, остануваат 360 студенти кој се дел од Студентскиот дом „Невена Георгиева Дуња”.

Државниот студентски центар и понатаму ќе продолжи да работи на унапредување на студентскиот стандард и подобрување на условите и инфраструктурата на студентските домови.


Статијата е прочитана 247 пати.

Испрати коментар

Од: Dr Stojadin B.Naumovski /SAD
Датум: 10.01.2009 06:44:23
Pokraj cestitkite na site koi se vselile vo noviot studentski dom, apeliram da se renovira i adaptira studentskata naselba Nevena Georgieva-Dunja, popularniot "Medicinar". obnova na ovaa naselba vetuase svoevremeno togasniot Premier na R.Makedonija, G-din Lj.Georgievski. No kako i so drugite nesta vo Republikata, ete "Medicinar" i do den denes, posle nekolku vladi se uste e vo isto deredze. Veruvam deka poranesnite studenti i stanari na "Medicinar" ( kako sto vprocem sum i jas) ne bi razmisluvale i samite da pomognat vo ovaa akcija. Studentskite domovi "Goce Delcev", "Kuzman Josifovski -Pitu" , "Draga Bozinova" (Pedagoska), "Stiv Naumov", "Medicinar", kako i site individualni "stanovi" vo koi sme ziveele za vreme na nasite studii imaat ostaveno vecna traga vrz nasiot identitet i bitisuvanje. So negrizata za studentskite domovi se navreduvaat celi generacii studenti (denes stopanstvenici i politicari, ugledni gragjani i t.n.).
Од: student od Stiv Naumov
Датум: 10.01.2009 15:41:26
ako e taka zosto na site smesteni im se javuvavte 2 dena pred toa da bidat vo Skopje bash na toj den?zosto ne gi zaprasate upravnicite so godini sto rabotat vo studentskiot dom kako e napravena zgradata?ili po bitno e da se slikaat studentite zaedno so nivniot lider malcevski koj pri davanje na pofalnicata na prermierot si go brisese nosot,zosto ne gi istaknete vie od studentskiot centar iminjata na site studenti koi dobija legla vo novata zgrada pa neka vidi samiot narod kolku bilo toa transparentno,ZASRAMETE SE izbrkavte se sto ne e zavedeno vo vasite spiskovi kako clenovi na aktuelnata vlast na ulica,prestanete da ja lazete Makedonskata javnost so vasite lazi i izmislici a toa nojdobro go znaat samite studenti
Од: student od Kocani
Датум: 10.01.2009 15:56:50
Bravo! Konecno na vlast dojdoa lugje koi se grizat za studentite! Samo taka prodolzete! Bravo uste ednas!
Од: bate
Датум: 10.01.2009 17:18:15
Da bre transparentno delenje po Partiska pripadnost... samo Lavceto dobivalo na sigurno... Ah zemjo Makedonska sto si doceka, i vo WC da odis so partiska kniska.... Propast.....
Од: Ико
Датум: 10.01.2009 20:30:06
Какви “студенти од Стив Наумов“ се овие коментатори од кујната на СДС? Ќе пукнат од мака што ВЛАДАТА ИЗГРАДИ НОВ СТУДЕНТСКИ ДОМ, нешто што се случува во Македонија после 100 години!!!
Од: nekogasen student
Датум: 11.01.2009 08:28:59
Bev na mladinska akcija so strumickata brigada koga po zemjotresot se pravese naselbata so barakite.Doziveav vo niv da bide smestena kerka mi posle 30 godini.Znam edno vreme deka aktivisti na SKM-PDP clenovi na studentskoto rakovodstvoza po 500 do iljada marki prodavaa leglo vo tie baraki.I plativ za smestuvanje na kerkata. Treba zloto i losite naviki da se iskorenuvaat , a ne da se usovrsuvaat,nezavisno koja polit.opcija e na vlast.Privilegii imalo i ke ima ama mi se cini deka segasnive se malku porealni,ponarodski.Toa go cuvstvuva narodot zatoa im veruva i gi glasa.Koga ke se oddalecat od narodot i negovite egzistencionalni potrebi ke si ja dobijat taparata kakoSDSM.

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Писма
Нема визија,нема решенија, има пораз
Што стана со лустрацијата?