Број 3093  четврток, 24 септември 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Скопје

Се гради катна гаража на земјиште кое државата си го бара назад

За парцелата кај „Идадија“ има постапка пред државниот правобранител

На паркингот пред поликлиниката „Идадија“ почна да се гради катна гаража со деловен објект на отуѓено земјиште, кое државата сега си го бара назад во свое владение. Инвеститорот „Палата Млин Балкан“ интензивно го организира градилиштето, иако за парцелата се води постапка пред Државното правобранителство. Поради пробивање на роковите за изградба, од Министерството за транспорт и врски иницирале постапка за раскинување на купопродажниот договор.

„Инвеститорот не ги испочитувал критериумите во договорот за отуѓување на земјиштето, потпишан во 2003 година, а се однесуваат на навременост за изградба на објектот“, посочија во писмениот одговор од ресорното министерство, од каде што не беа достапни за подетаљни објаснувања.

Нејасно останува дали и што ќе преземат во врска со случајот, со оглед на тоа дека инвеститорот и, покрај се', почнал со подготовки за градба. Без одговор останавме и за колку пари и под кои услови е продадена парцелата и колку време закупецот на просторот имал за да ја обезбеди градежната дозвола, да ја започне и да ја заврши изградбата.

Реакција за случајот од Општина Центар, на чие подрачје се наоѓа парцелата, најавија за денеска. Вчера единствено потврдија дека е издадена градежна дозвола за изградба на катна гаража со деловен објект во приземје, маркичка нацртана во ДУП „Буњаковец 1“. Општинарите информираа дека инвеститор на објектот е „Палата Млин Балкан“. Согласно со ДУП, површината на парцелата изнесува 1.363 квадратни метри, површината за градење во основа е 1.073 квадрати, додека максималната дозволена висина е 15 метри, односно дозволена е изградба на петкатен објект. (Дс.Т.)


#
Статијата е прочитана 573 пати.

Испрати коментар


Најди! во Утрински
Скопје
Улиците „Теодосиј Гологанов“ и „Првомајска“ ќе станат булевари
Од денеска интернационален циркус „Монте Карло“
Девет часа без вода дел од Карпош
Тројца советници се повлекоа од членство во управните одбори