Број 3093  четврток, 24 септември 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Скопје

Улиците „Теодосиј Гологанов“ и „Првомајска“ ќе станат булевари

Проектите за двете сообраќајници се очекува да бидат готови за два месеца

Сања Наумовска



Градските власти планираат проширување на „Митрополит Теодосиј Гологанов“ и на „Првомајска“ во булевари со четири ленти. Во моментов се работи на проектите за двете улици кои би требало да бидат готови за два месеца. Од документацијата ќе се знае точната траса на новите сообраќајници, како и финансиската конструкција за реализација на проектот. Градските власти и кај двете улици се соочуваат со имотноправни проблеми со сопственици на повеќе објекти.

Според замислата на градоначалникот Коце Трајановски, „Гологанов“ треба да се прошири на потегот од поранешна „Нова Македонија“ до студентскиот дом „Гоце Делчев“. За да се реализира булеварско решение со четири ленти без средишно зеленило, улицата треба да се прошири за уште една лента, бидејќи, практично, таа моментно има ширина од три сообраќајни ленти.

Истото тоа се планира и со „Првомајска“, на потегот од рампа во правец кон цементарницата „Усје“. Поради новата улица, Општина Кисела Вода прифатила и дислокација на две од општинските бараки. Моментно Градот истражува колку приватни објекти стојат на трасата на новиот булевар.

„Двете сообраќајници се од голема важност за подобра проточност на автомобилите. Нивната реализација се планира подолго време, но досега не е направен ниту еден проект. По изработката на документацијата, ќе се направи финансиска конструкција и се надеваме дека веќе следната година ќе почнеме со реализацијата на булеварите“, најави градоначалникот Трајановски.

Според него, на трасата на „Гологанов“ ќе се избегнат речиси сите објекти, вклучувајќи дури и неколку дивоградби. Сепак, доколку има потреба, некои ќе се уриваат. Проектите во сообраќајот не смеат да бидат стопирани поради дивоградби или привремени објекти, кои најчесто стојат на трасите на новите сообраќајници, категоричен е градоначалникот. Тој потенцира дека на улицата „Првомајска“ има и неколку легални имоти во приватна сопственост, со чии сопственици допрва ќе се преговара. Трајановски најавува дека Градот ќе врши експропријација, а доколку има потреба, споровите ќе ги решава и управниот суд.


#
Статијата е прочитана 851 пати.

Испра��и коментар

Од: Ivo Lola
Датум: 24.09.2009 11:42:07
Toa be Koce, rasiri gi ulicive.
Од: Gologanov
Датум: 24.09.2009 12:44:16
Ke mi se unisti zeleniot pojas pred zgrada, ama - odobruvam i toa samo zaradi pogolem soobrakaen protok na bulevarot. Neka se digaat vesnas servisite, peralnite, kafanite...so vreme.

Најди! во Утрински
Скопје
Се град�� катна гаража на земјиште кое државата си го бара назад
Од денеска интернационален циркус „Монте Карло“
Девет часа без вода дел од Карпош
Тројца советници се повлекоа од членство во управните одбори