Брoj 2785  петок, 12 септември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Политика

Визниот режим на ЕУ стана и македонски

Македонија, неформално, го усвои визниот режим на ЕУ како сопствен. Владата донесе одлука со која се либерализира визниот режим кон сите држави што се наоѓаат на белата листа на ЕУ, но и за укинување на потреба од виза за сите држави од другата листа на ЕУ кои во својот национален пасош имаат валидна шенген-виза, соопшти вчера вицепремиерот на Владата задолжен за европски прашања, Ивица Боцевски. Со одлуката се дозволува сите граѓани на државите на кои за влез во ЕУ не им е потребна виза, во кои спаѓаат над 20 држави - поголемиот дел од земјите од Јужна Америка, САД, Канада, Австралија, Јапонија, Хрватска, Израел, Сингапур - да можат без виза да влезат и во Македонија, додека за државите од другата листа на ЕУ (на која се наоѓа и Македонија) валидна шенген-виза во валиден пасош ќе биде „валидна замена“ за македонска виза за влез во земјава. Бројката на такви држави е над сто и, како што информираше Боцевски, контролите што ги прави ЕУ пред да издаде сопствена виза се доволна гаранција за нашата земја да дозволи влез во државата. Одлуката ќе почне да се применува за неколку недели по завршувањето на сите административни и технички процедури околу тоа. Неодамна Владата донесе одлука со која се овозможува граѓаните од ЕУ и од останатите држави од шенген-зоната да влегуваат во Македонија само со лична карта. (Т.Г.)


Статијата е прочитана 910 пати.

Испрати коментар

Од: Marija
Датум: 12.09.2008 09:01:22
Nema da bide stetno ako i za nas gi eliminiraat nivnite banalni i dosadni proceduri za dobivanje viza..Mislam redno ke bide zatoa so igravme mn pati po niven ritam pa neka ne utesat barem so toa..Ako ne ne sakaat pod niven pokriv u nivnoto semejstvo, bar da mozeme ednas godisno da se raduvame na Ajfelova kula,Big Ben itn a ne da ne tretiraat kako MOST WANTED so crna oznaka i da ne zigosuvaat kako najteski kriminalci,sepak vo ovaa drzava zivee i nadezna, ambiciozna i napredna mladina..Pozzz

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Политика
На Тачи му бега кормилото од раце
Eкспертите и' порачаа на Маковеј
Учениците-Aлбанци се позаинтересирани за веронаука
ДУИ и ДПА се борат за ИВЗ
Постудено и со пониски температури за десетина степени
ВМРО-ДПМНЕ и Груевски и натаму со најголем рејтинг
Антикорупциска одмора, функционерските имоти неажурирани
Без датум за преговори одговорноста ќе падне на Владата