Број 3460  сабота, 18 декември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Стил








Site Meter
Политика

Сомнежи за истрагата против Пауновски

„Пресудата во случајот против поранешниот министер за одбрана, Љубен Пауновски, се засновува врз скандалозен пропуст во истрагата. Ниту судот, ниту вештаците, ниту одбраната кои постапувале во кривичниот предмет не забележале дека на сите документи од службено приложениот договор имало печат за државна тајна. Но, овој факт не е констатиран, напротив, судот го употребил договорот како доказ, го читал, но не го дал на увид на обвинетите“.

Вакви сомнежи при водењето на постапката во предметот „Пауновски“ вчера на прес-конференција обелодени претседателката на „Транспарентност - нулта корупција“, Слаѓана Тасева, уверена дека случајот ќе одел во друга насока доколку надлежните имале поинаков поглед кон доказите. „Не велам дека ќе немало никаква одговорност за Пауновски, но неправилно се применило правото во постапката, а на тој начин се извртува вистината. Ова е само еден случај што кажува како не треба да се води борба против корупцијата. Битна е вистината и правната сигурност“, нагласи Тасева, според која институциите не треба да бегаат од своите надлежности и не треба да постапуваат спротивно на законите.

Таа најави дека секој трет петок во месецот ќе објавува по еден корупциски скандал со предзнакот верувале или не. Ова е дел од новиот проект на организацијата, која преку различни случаи ќе се обиде да ја разоткрие вистинската слика за работата на државните органи задолжени за борба против корупцијата и за неправилностите во антикорупциската борба. „Наш интерес е да владее правото, а во Македонија да се заштитени човековите права“.

Слаѓана Тасева потенцира дека борбата против корупцијата се' повеќе добива облик на фарса зад која се затскриваат корупцијата и учесниците во коруптивните активности. На овој начин, смета таа, се создава впечаток на борба против корупцијата и амбиент во кој вистинските вредности и резултати се заменети со фикција или со нешто што не постои. (К.Ч.)




#
Статијата е прочитана 937 пати.

Испрати коментар

Од: SPIRIDON
Датум: 18.12.2010 13:02:54
Gospožata Taseva uporno nastojuva da e u centaro na vnimanie i aktuelnos.Od ovaj aspekt spremna e da ulava u sekakvi,so rezerva dubiozi i zavrzlami,a koa beše u Antikorupciskata se napravi za podobruvanje na materijalnata sostojba "preku nok",samo glavnata rabota ne si ja odraboti.I sea otkoa si go naprai tovarčeto od strana e umna,dele a*kl.Ne ja biva taka.V*ko vlaknoto go menja ama karatiro nikojšpat.
Од: branko
Датум: 18.12.2010 14:02:19
Bravo Slagana. Taka treba, pa ako treba Paunovski neka si odgovara ane taka dokumentite da ne se davat ni duri kako fotokopija !
Од: Kolku zabi macka ima?
Датум: 19.12.2010 09:35:23
NATO mu veti na Klusev "brda i dolini" za da dobie o.k. po miren pat da mine niz Makedonija za da ja napadne Jugoslavija. Stetata trebase da ni bide nadomestena, no do den denes osven igri so imeto nikakva kompenzacija za MK. Namesto da ni platat steta, polesno im bese da gi dviraat i diskreditiraat ministrite za odbrana cij sto zbor ne bi bil veruvan. Od Buckovski, Popovski, Paunovski, Elenovski, Konjanovski i t..n. koj od kogo beter i beter. Kako moze da se povikate na svedocenje (na pokoen Klusev) duri i so audio snimka, koga negovite sledbenici bile site do eden "mivki"? Edino da go tuzime NATO vo ime na narodot pred megjunarodni sudovi, no i vo sud vo New York! E togas ke vidite "kolku zabi macka ima"...
Од: Cist kriminal
Датум: 19.12.2010 11:33:51
Znaci" sirotiot" Paunovski voopsto ne znael deka 3 miliona togasni DM mu preveduva na firmata na svojot tast i svojt badjanak. Vidi bogati zgrevota?! Go zele covekot na dusa! Ajde sladjana ne terskaj zeleni. Jas rabotev togas vo MO i dobro znam deka se ranotese za tezok kriminal, no ludjeto od strav molcea.Znaci ako ima pecat strogo dov. mozes da pravis sto sakas? A kogo ti i zosto voopsto zastituvas vakvi kriminalci?

Најди! во Утрински
Политика
ОМ
„Ало, кој е на телефон“? „Јас, ти и Орвел!“
ДИК „стратегиски“ ќе се бори против семејното гласање
 

Moldovan PM hoping for quick end to coalition negotiations
Macedonia prepares for politically sensitive census
Bulgarian leaders clash over foreign diplomats with Communist spy links