Број 3460  сабота, 18 декември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Стил








Site Meter
Политика

ДИК „стратегиски“ ќе се бори против семејното гласање

Државната изборна комисија, во соработка со Центарот за истражување и креирање политики, вчера организираше донаторска конференција за презентација на Стратегијата против семејно гласање и гласање во име на друг. Целта е да им се презентира оваа стратегија на донаторите како единствена заинтересирана страна кои досега биле активни во ова поле и да се влијае на остварувањето на политика против семејното гласање и гласањето во име на друг, јави МИА.

Стратегијата е производ на проектот „Мој глас - моја одлука“, поддржан од Европскиот инструмент за демократијата и човекови права. Тоа е сеопфатен документ што ја изразува политиката на ДИК за надминување на проблемот и обезбедува детална анализа на состојбата, идентификувајќи ги факторите што влијаат на појавата на проблемот.

„ДИК презема низа мерки за спречување на оваа појава, за која не се согласувам дека во целост е хронична, иако некои така ја нарекуваат. Основна цел на стратегијата треба да бидат ранливите групи, а не изборната администрација, бидејќи оваа појава се' уште е присутна во земјата. Сепак, успеавме да влеземе во некои рамки во кои може да се каже дека изборите биле фер и демократски, но бројката на семејно гласање и гласање во име на друг треба да е нула“, рече на денешната конференција Александар Новаковски, претседател на ДИК.


#
Статијата е прочитана 504 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Политика
ОМ
„Ало, кој е на телефон“? „Јас, ти и Орвел!“
Сомнежи за истрагата против Пауновски
 

Moldovan PM hoping for quick end to coalition negotiations
Macedonia prepares for politically sensitive census
Bulgarian leaders clash over foreign diplomats with Communist spy links