Додека се пензионираме, ќе умреме. Ова е најчестиот коментар на вработените, откако во јавноста, а особено во судските и во професорските кругови, проструи информацијата дека Владата подготвува нов поригорозен услов за пензионирање, зашто пензиската каса е се' попразна. Место со сегашните 62 години за жени и 64 години за мажи, се зборува дека државата прави калкулации, вработените во пензија да заминуваат со наполнети 65 години старост за жени и 67 години за мажи.
Ако се знае дека во Македонија просечниот век на живеење е околу 74 години, и ако во пензија се заминува со 67 години, тогаш, несомнено, како што во иронија велат вработените, од работа дирекно ќе завршат на гробишта или, пак, ако имаат среќа ќе имаат шанса да проживеат некоја година во пензија. Ова оттаму што најновите статистички податоци велат дека жените во просек живеат повеќе од мажите. Така, просечниот век на живеење кај мажите е 71,63 години, додека кај жените е 75,9 години. Разликата меѓу половите останува иста, а животниот век во Македонија е значително помал во однос на другите земји, а за пет години под просекот во ЕУ, кој е околу 80 години.
Министерството за труд и социјална политика негира дека се подготвуваат какви било законски измени во условите за пензионирање, но призна дека се работи на анализа колку вработени би заминале во пензија со 65 години возраст за жени и 67 за мажи и колкави ќе бидат заштедите, но дека таа процена е редовна и се прави секоја година. А информацијата дека ќе се зголеми старосната граница за пензионирање доаѓа од интелектуални кругови, кои сакаат подолго да се задржат на работа и што повеќе да ја пролонгираат пензијата.
И синдикатите реагираат дека Владата треба добро да размисли пред да донесе порестриктивен закон за пензионирање. Дотолку повеќе што посебно ќе бидат погодени вработените во индустријата, каде што најголемиот дел работат од 18 години. „Зарем баби и дедовци со бастуни ќе одат на работа, а младите ќе дремат дома без работа“, велат во синдикатите. Покачувањето на старосната граница за пензионирање, сметаат стручњаците, ќе ја зголеми и невработеноста. „Место млади и способни, на работа ќе одат изнемоштени баби и дедовци, кои едвај ќе стојат на нозе“, велат во синдикатите.
gidine Gruevski ukinete ja penzijata dodeka se zivi vo administracijata neka rabotat. Sto ke nie penzija, toe so 65 i 67god vo penzija e vo Evropska unija kade nevrabotenosta e7-8%, a kaj nas e 34% znaci ne drzi taa teza. Za toa mladite neka propagaat a babi i dedovci ke rabotat. Pa narode glasavte za VMRO-DPMNe a posebno vie mladi pa uzivajte vo siromastija i nevrabotenost, neka vi e nazdarvje.....uzivajte mladi od Gruevski i VMRO-DPMNE
Од: Трпе
Датум: 29.04.2010 00:21:59
Се што се шушка бе остварува.Ова блада сите закони ги вади испод тепих и после кога се критикува Цацко бил крив.Како што им е празен пензискиот фонд не е за чудење да го донесат овој закон.Некој нека направи анализа дека секоја година помината на работа после пеесета година е кобна.Погледнете каква разлика имат само двете години помегу стажот за жена и маж.Тоа е како двете кодини подигнати на куб.Многу добро кажано од некои,дека сакат од работа ,обичниот работник да го носат во гроб.
Од: kumanovac
Датум: 29.04.2010 00:56:52
90%od ludgjeto koi umiraat e pomedju 65 i 70 godini.epa sega vladava mnogu ubavo go uvidela toa pa si vika ,abe ajde kakva penzija neka rabotat do smrt i gotova rabota.ete ke si go napolnime budzetot.epa sega po matematika od sekoj rabotnik sto ke odraboti okolu 40 godini drzavava ke inkasira po okolu 40.000 evra na ime doprinos za zdravstveno i penzisko osiguruvanje.a nema da mu vrati nisto posto toj ke umre i toa ti e pljacka na legalen nacin.sekoj treba da znae deka najgolemiot neprijatel i dusman na sekoj narod e tokmu negovata sopstvena vlada.eve vi skolski primer za toa.ama pa zatoa na slednite izbori ke im dademe penzija i toa predvremena.
Од: Rabotnik
Датум: 29.04.2010 02:36:35
Кој вели дека во европската унија стажот за одење во пензија изнесува 67 год. Во Словенија изнесува 63 и 61 години старост, или 40 години работен стаж .Кај нас се бираат поедини екстремни примери и со полувистини се замајува јавн��ста.Срамота..
Од: Уште карпа за фрлање
Датум: 29.04.2010 08:40:28
Уште недостига карпа за фрлање на старите, за да се намалат трошоците на државата. Тоа сум го читал во една приказна за некое време, со екстензивно производство, кога човекот зависел само од Природата. Во новово време, Грујо Наш, измисли начин да го уништи здравствениот систем. Опа, отиде дел од старите. Сега ќе им го продолжи работниот век, ќе оди уште еден дел. Ама, дупката која ја ископа во финансиите е голема. Му треба и карпа.
Од: ФЕЛИКС
Датум: 29.04.2010 08:52:27
Овие наговестувања со ништо поткрепени ме натераа да ја отворам вашата архива и да ги прочитам вашите ставови кога виножитните го донесоа законот за пензионирање со 62-64 год.Никаде не прочитав да критикувате покачување за мажи од 60 на 64 год. и жени од 55 на 62 год.Тогаш се беше о.к и ептен просветлен потез.По се изгледа да ова е оркестриран настап и подметнување од виножитниот кампус во недостаток на идеи се презентираат интриги.
Од: pero
Датум: 29.04.2010 09:00:44
Neka go napravat toa pa da se soocat so narodot na ulica...
Од: трајко
Датум: 29.04.2010 09:32:32
Дали направија анализа за пензионирањето на полицајците,кога им одредија по пет просечни плати отпремнина а за сите важи друг закон кој дава по две ,како и дали направија анализа за просекот на пензијата која за сите важи за целиот работен век,а за нив најдобрите десет години.Колку пари отидоа во ветер кога се знае дека во пензија ќе одат повеќе од две илјади полицајци.Остварувате, ама како за кого.
Од: nekoj
Датум: 29.04.2010 09:56:16
Mene tuka mi nedostigaat Produktivnite komentari na: regaconi, mkd, od mene, feliks, dedoto, kimov i sl. Ne za drugo tuku da pocnat da go navreduvaat novinarot zasto ova go napisal. Nebare na niv ne im treba penzija! A ocekuvam i da se oglasi MPC, duri i od Avstralija da vi kaze deka taka e zapisano vo Biblijata. Jas sum ateist. A crkvata ja pocituvam zasto e del od mojata kultura, obicai..zasto sum hristijanin no na nacin na koj toa jas go razbiram (da vladee dobroto, cesnosta) a ne korumpiranosta, idiotizmot. Taka da razno razni dopisi so verska sodrzina sto se obiduvate da gi ispratite "palat" kaj ovie gore spomenatite portokalo- 'Le taire'.
Од: Silvester, Sidnej
Датум: 29.04.2010 09:56:58
Ne sum ubeden deka zivotniot vek vo MK e 74. Apsolutno nema sansi. Mnogu e pokratok.
Од: Penzi
Датум: 29.04.2010 10:01:23
Математички стаж плус старост е најреална формула за пензија. За жени 80 за мажи 90 години, Ако се вработиш на 23 години до 65, 42 години стаж, или вкупно 109 години. Толку минат труд, придонеси за пензиско, без камати и уште да се плашиме дали ке имаме пензија.
Од: tatoo
Датум: 29.04.2010 11:00:31
Катастрофална пензиска политика на глујо и вадата. невидено нешто. Читам дека 97% од средношколците се запишале на факултет. 30% од нив да го завршат факултетот, каде ќе се запослат. Уште нови 100000 невработени на тие 300000. Срамота. Нека сепрестане со споменици и коекакви глупости а парите да се пренаменат за пензиските фондови, зошто никој млад шовек нема да се осмели да се пжени а камоли да направи 3 деца.
Од: jean luc picard
Датум: 29.04.2010 11:11:04
и кога ние што сме сега помлади ќе идеме во бањи? кога ќе се возиме во петок со автобус гага ? џабе ни се тие „јаки привилегии“ кога од работа директно в гроб ќе одиме.
Од: Zivko
Датум: 29.04.2010 13:55:00
koga nesto ke objavite kako fakt, sakam da posocite izvor i sekoj da goproveri.kade ima podatok za prosecniot zivoten vek vo Makedonija?Ne e tocno deka
se zivee 74 godini,
Од: tina
Датум: 29.04.2010 15:55:48
gospode,ne mozes da im dades,mozes da im zemes,pa normalno deka taka ke bide,treba da se plakaat onie sto sedat doma ,a zimaat plati,moj predlog e site pod triumfalnata kapija,site pod bukefalot,pa nesto ke kapne nekoe evro,kakva drzava takov narod.
Од: deziformacija od lezilebovci
Датум: 29.04.2010 16:15:51
Ova e od profesorskoto lobi koi vo regionski ramki, a kamo li vo evropski se na najnisko skalilo na znaenje, na novinarite koi aber nemaat od novinarstvo tuku se prepotentni tipcinja i na cinovnicite koi zemaat po 30 000 denari i cel den klatat noze i bistrat politiki i partiski razgovori. Neka vidat kako e da si rabotnik vo zelezara, vo bolnica, vo zemjodelstvoto i drugite teski profesii.